Феминизмот и семејството

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Големограѓанке, објасни што значи малограѓанштина во случаиве.
Второ објасни каков роб била жената и дали сега е или не е. Пиреј? Да, домаќините оделе на печалба, праќале пари и таму добар дел од нив рано ги оставале коските, а жената доживувала длабока старост...ама примери најде за дискриминација...оф леле. Зашто се срамиш од традицијата, селото, корените.
Очигледно ја немаш прочитано Пиреј, и не знаеш за тоа кога Велика била тепана од пијаниот Јон. Нема врска, не е темата за раскажвање на книгата. А гледам не ја спомнуваш „Крпен живот„ значи не знаеш што пишува во неа. Мој добронамерен совет, земи прочитај ја.
Јас не реков дека се срамам од корените, селото, традицијата. Јас се срамам од тие моменти каде што жената се гледала како материјал, кој, ако не го продадеш додека е нов, неиспробан, потоа не вреди. Ги продавале, ееееј ги продавале за мажење.

Три, 5-пеесет...Среќа наша постојат проститутки со двоцифрени.

Ме боли онаквото со колку ќе спие некоја...нека се раскине од дупење, нејзин проблем ако не ми влезе у куќа.
Не ми одговори на прашањето. Што ако девојката има легнато со 4 и ете се случува ти да си тој четвртиот? Нека не ти влегува У куќа, а?
Дувај бегај.

Ене една се фрка со кого стигне не бира албанци, македонци, роми, млади стари...спонзоруша за ситни пари, само да остане Скопје (од друго место е). И? утре ќе заебе некое саглам момче кое бара љубов, домаќинка, мајка за своите деца и нормално семејство. Не е сапун ама ко ќе имаш дете да те видам нека земе курва, како ќе реагираш.
Така де, таа ти ги кажала сите нејзини сексуални партнери, и ти си присуствувал на неколку сексуални чинови, и сега знаеш се` за неа, а?
Еве ти чачорски муабет. Слушнато, недослушнато, кој додал, некој одзел нешто, и оп, осудување на сите страни.

Еве каде е малограѓанштината.

за семеен партнер ти или други напредни женски особи бирате/сте бирале (батали го само зборот љубов у муабетов) домаќин чоек, курвар, кафански бекрија, богаташ, пијаница, садист? Тошо Малерот?

Епа Перличка, мислам дека муабетот отиде во невиноста и месењето пита. Муабетот мислев ќе се води околу феминстичките движења од минатото и сегашноста (ене и линкови за гоолемите придобивки), нивните резултати, последици врз семејството и одредени социолошки трендови во тој смисол. ..ко жена ми да е (пошто сум по традицијата и патријархалноста) у бурка па и со ланец врзана...налет такви напамет и осудувачки муабети.
Јас не реков дека денес жените се врзани со ланци. Јас велам дека некаде постојат се`уште тие сфаќања каде што жената мора да седи дома, да готви, да меси и деца да гледа, да не смее да излези од дома оти можи комшиите да ја почудат или некој да и ги погледне косите.

Реков дека ме нервираат мажи кои што не гледаат подалеку од носот и толку не си веруваат во машкоста што им е страв да им кажат на другарите дека вчера морале машина да пуштат оти нивната жена не можела на нозе да стои бидејќи морала да оди на работа, да зготви ручек, да ги спреми децата и згора на тоа да изгледа убаво за мажот и`.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Очигледно ја немаш прочитано Пиреј, и не знаеш за тоа кога Велика била тепана од пијаниот Јон. Нема врска, не е темата за раскажвање на книгата. А гледам не ја спомнуваш „Крпен живот„ значи не знаеш што пишува во неа. Мој добронамерен совет, земи прочитај ја.
Јас не реков дека се срамам од корените, селото, традицијата. Јас се срамам од тие моменти каде што жената се гледала како материјал, кој, ако не го продадеш додека е нов, неиспробан, потоа не вреди. Ги продавале, ееееј ги продавале за мажење.

Не ми одговори на прашањето. Што ако девојката има легнато со 4 и ете се случува ти да си тој четвртиот? Нека не ти влегува У куќа, а?
Дувај бегај.

Така де, таа ти ги кажала сите нејзини сексуални партнери, и ти си присуствувал на неколку сексуални чинови, и сега знаеш се` за неа, а?
Еве ти чачорски муабет. Слушнато, недослушнато, кој додал, некој одзел нешто, и оп, осудување на сите страни.

Еве каде е малограѓанштината.

Јас не реков дека денес жените се врзани со ланци. Јас велам дека некаде постојат се`уште тие сфаќања каде што жената мора да седи дома, да готви, да меси и деца да гледа, да не смее да излези од дома оти можи комшиите да ја почудат или некој да и ги погледне косите.

Реков дека ме нервираат мажи кои што не гледаат подалеку од носот и толку не си веруваат во машкоста што им е страв да им кажат на другарите дека вчера морале машина да пуштат оти нивната жена не можела на нозе да стои бидејќи морала да оди на работа, да зготви ручек, да ги спреми децата и згора на тоа да изгледа убаво за мажот и`.
Остај ги тие времиња кога се воделе војни и се одело на печалба, а книгата ја имам читано пред 25-30 години па ако моеш ти запамети и имај време за книга поред толку заебанции...од лектири и од бапски приказни не се живее. Не си у тој свет со сите свои специфичности.

Феминизмот се бори против готвењето и чувањето деца? Некако не си ми јасна со ставовите. Што треба да прави мажот, а што жената? Дали треба да ги сменат улогите на мајка и татко? Дали ги знаеш последиците на тие феминистички движења оттогаш наваму? Ги виде ли податоците пред и по 60 и 70 години? Не се работи за југоносталгија, се работи за светски движења.

Така де, таа ти ги кажала сите нејзини сексуални партнери, и ти си присуствувал на неколку сексуални чинови, и сега знаеш се` за неа, а?
Еве ти чачорски муабет. Слушнато, недослушнато, кој додал, некој одзел нешто, и оп, осудување на сите страни.
не те сфаќам за што збориш. Чачорски муабет е секоја вечер носење во лозјата во Бутел девојче од 13-14 години? Хехехе, чачорски...таа мома е за мажење...а сите ќе имаме или иаме деца, па не вели оп пред да скокнеш. Абре дете, допрва те чекаат изненадувања и дешавки, дајбоже тие изненадувања само на добро да ти одат.

Малограѓанштина...сеуште чекам да дефинираш што значи тој збор. Да бегаш од селските опинци е големограѓанштина, пак не си конкретна на што тоа мислиш малограѓанштина -дефинирај.

--- надополнето ---

КАКО ТОА СПОРЕДУВАШ ПРОСТИТУЦИЈА СО СЕКСУАЛНА СЛОБОДА, ОБЈАСНИ МИ????? ВО КОЈА ЛИНИЈА СЕ ИСТИ, ИЛИ БАРЕМ СЛИЧНИ???

Ете дојде до делот --- што ќе ми е ако не е домаќинка. Ти што ќе си и ако не ја сфаќаш нејзината потреба да оствари кариера во финансиите, а не во кујната??? И ете ја таа дискриминација - спиела со повеќе - курва е. Знаеш ли што е курва?? Мислам дека на твои години е глупаво да ти објаснувам која е разликата меѓу слободен и своеволен сексуален живот, и проституција.

Малограѓанштина е тоа - ако не е домаќинка - курва е, се дупи со шефот, итн итн итн.
Ретки случаи некој да земе ороспија што знае само за лак за нокти (ако не е домаќинка - ороспија е, а?) . А што ако е брокер, што ако е извршен директор во Т-мобиле?????? Што ако е полицајка, работи во 3 смени???? Што ако е хирург и по 5 дена живее во болница???? Пак е курва?? Зошто нема време да испере, испегла, направи ручек?? А господичниот и маж е премногу свилен да се фати да направи нешто??

За семеен партнер СЕКОЈА ОБРАЗОВАНА ЖЕНА бара човек кој е сличен на неа, има разбирање за нејзините професионални потреби, нејзината кујнофобија (што не мора да биде) и секој НОРМАЛЕН ОБРАЗОВАН ЧОВЕК не очекува да најде учителка од 1-4 одд која цел ден ќе му кука да идат на излет или моооорааа во 3 попладне да си дојде на ручек, зошто и нему не му е потребна жена што ќе го малтретира со хармонични жалопојки, зошто не е свесна дека некој има поголема амбиција од неа, и дека може некој друг да смени сијалица (на пример она самата) наместо да го чека него.

Тоа е тоа раслојување. Пообразованите и мажи и жени немаат потреба од феминизам, зошто ни мажите, ни жените не се обидуваат да се надвладеат на полова основа, никој никого не убедува чија е кујната, зошто се свесни дека или е ничија или е заедничка.

Само кај нашите југоносталгици има оставено силни лузни тој режим, па и огромни лузни на сфаќањето на жените и нивното место во општеството.

Јас за дискриминација го сметам токму тоа, ако не е домаќинка - курва е, ако имала секс со повеќе мажи - пак е курва, недај боже деца да има.

Сите им е лесно да зборуваат за другите, а себеси не се гледаат.

Пријатно од мене, веќе ви се јасни моите ставови на сите, уживајте во дискусијата.
Чудно си ги интерпретираш постовите. Кога сте се фатиле за бројот на сексуални партнери, што друго човек да каже. Ти ќе имаш машки деца? Дали ќе те интересира дали била промискуитетна и дали е сеуште таква и со синот? Нема да ти е сеедно, иако сега немаш нагон да размислиш за такво нешто, сеуште умот, мајчинството и нагоните за семејство ти се развиваат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Lurtz алал нека ти е како имаш сили да се објаснуваш со „модерните жени“.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Мислев да се откажам пошто сум сосем друга генерација и нормално е да имаме многу различни ставови...башка искуството со возрасни деца (и нивните лични искуства со друштво и врсници) дава плус сознанија во вакви муабети. Но ставовите за критиките за менталитетот, малограѓанштината (на 80% од популацијата) мада не знам што точно значи...ме натераа да одговорам на последните цитати.

Нооо, ај рест мај кејс пошто не гледам иднина во дискусија помеѓу од една страна модерни, а од друга старомодни како мене :) (башка не видов и придобивки и последици освен оние кои постојат во зап. земји -се намалува младата, се зголемува старата популација).
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Lurtz алал нека ти е како имаш сили да се објаснуваш со „модерните жени“.
Да те поправам, се работи за модерни девојчиња, а не жени.

Ех, таман кога стигнавме до некои заклучоци, нашите драги "феминистки" продолжија со избегнување на сите наши контра-аргументи и продолжија да ги интерпретираат постовите по свое, возвраќајќи со "факти" добиени од другарки и комшивки. Кога и покрај тоа, феминизмот падна на тестот на логиката (барем во дискусијава, сега за сега), одбраната му се нафрли на Lurtz и неговото ЛИЧНО ПРАВО НА ИЗБОР, нарекувајќи го малограѓанштина и дискриминација. По нивната логика, кога некоја жена за себе бара бизнисмен/интелектуалец/спортист/домаќин тоа е право на избор, но кога некој маж сака да земе домаќинка, тој сака да ја угнети и всушност бара слугинка.

Значи ова:
За семеен партнер СЕКОЈА ОБРАЗОВАНА ЖЕНА бара човек кој е сличен на неа
е право на избор.
Додека ова:
Домаќин за семеен партнер бара домаќинка
e малограѓанштина и дискриминација. Сами пресудете колку е ова вистина.

"Одбраната" отиде дури дотаму што тврди дека не било убаво да се одбере една боја (иако целата работа со боите е метафора) пошто тоа било за слепи луѓе и во случај да сакаме да го обиме нашиот ѕид во сино, ние би требало да го обиме со сите бои на виножитото. По оваа логика, претпоставувам дека застапниците на ''тезава", кога нанесуваат шминка тоа го прават со рандом црпнување од сите бои во сетот за шминкање и спонтано мачкање по лицето (не сакам ни да помислам како изгледа тоа), или пак, кога сакаат да патуваат до дестинација А, се качуваат на воз чија дестинација е Б. Затоа и не ме чуди што кога дискусијата фаќа еден правец, тие одат во друг.

Btw, една од целите на феминизмот е и целосно прифаќање на ГЛБТ популацијата, заедно со правото да посвојуваат деца. Колку е морално некој кој преферира кариера наместо дете, да го пропагира ова право на ГЛБТ, проценете сами.

И уште една работа. Каде, по ѓаволите, се сите овие "угнетени сопруги" да пишат на темава и да го одбранат ова прекрасно движење кое толку се жртвува за нив? Веројатно синџирите не им' стигаат до компјутерот, нели? :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Не, сепак се жени, барем се замислуваат.

За семеен партнер СЕКОЈА ОБРАЗОВАНА ЖЕНА бара човек кој е сличен на неа
Нели семејството беше засновано на љубов и разбирање, а тебе да ти било до образованието на твојот сопруг и неговите нули на трансакциона и штедната денарска и девизна сметка? Се отиде у 3 лепе.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Нормално дека има лоши бракови каде што жената е угнетена, тепана, психички малтретирана.....но тоа е не е до толку често и законот е многу јасен дека тоа е прекршок. Е сега, ако законот не беше ваков, ќе речевме дека жената е гледана како суштество на пониско ниво. Со разводот, жената обично ги добива децата. Пак, законот е на нејзина страна.

Кога е во прашање рамноправноста во работата.....лесно е да бидеш на исто ниво и рамноправен кога се однесува на „чисти“ работи - болница, продавница, канцеларија итн. Елате по фабрикиве да ве видам како ќе работите. Дали воопшто можете да се справите со истата работа што дури и на мажи им е тешко да ја направат. КОга некој ќе го окуси ова, тогаш слободно можеме да збориме дали мажите и жените се во сите погледи исто.

За брачен материјал...оф.....јас не гледам ништо лошо во тоа жената да имала повеќе партнери пред брак, што ист случај и со мажот. Ама, АМА, исто како што и ние жените тражиме некој што не е женкар, не е лузер, има добра работи и сл....исто и мажите си тражат.

Дали некој е компетентен да работи одредена работа нема врска со пол. Секој е различен. Морав пак ова да го кажам, пошто на претходните страни имавме расправија за тоа.

Така да, за оние што мислат дека жената може да сработи се на исто ниво со мажот или подобро, или па дека може да гледа деца и да работи без маж во куќа (самохрана мајка) - ве поканувам да дојдете во Западов и да видите навистина како е тоа се толку лесно и изводливо.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Феминизмот во денешно време е најголемиот непријател на жената. Тоа е мртва категорија која не ми е јасно зошто уште се одржува во живот? Жените имаат право на глас, образование и право на избор (согласно местоположбата во која се родени, ама хеј целосна рамноправност во светот е рамна на лудило).
Она што мене особено ме забавува е што се повеќе девојки се срамат да бидат наречени домаќинки. Имам чувство дека полесно ќе си поминеш да фрлиш погрден збор кон некоја отколку да ја наречеш домаќинка, а тоа е нешто кое е својствено само по себе или барем би требало. Не ми е јасно од кога тоа подготвувањето јадење ја прави жената помалку вредна. Еве јас сум женско (мада не можам да се пофалам со којзнае какви кулинарски вештини засега) па не ми пречи воопшто готвењето како обврска, чистење по дома, пеглање и миење садови. Чудесно но помислата на сите овие работи не ме асоцира на сликата на Пепелашка која клекната на подот трие со крпата. Напротив ме асоцира на грижа.
Во однос на она што барала една образована жена, да не се лажеме, паметна култивирана жена со општа култура и малку повисок IQ не може да ја сместите покрај полуписмен со кој не може да сврзе два реда муабет. Секако ниту паметен маж не би издржал покрај припроста жена. Затоа без двојни аршини на ова поле.
Со други зборови, не планирам да мењам бушони, да ковам шајки во ѕидот или да си ја поправам колата, исто ко што не очекувам маж ми/ дечко ми да ме пере, да брише прашина низ дома или ревносно потпевнувајќи да мие садови. Но секако дека можам да му подадам штрафцигер додека ни ја поправа колата, а он може некогаш и да замие по нешто дома.
 
ДЕлам исто мислење со тебе 100%
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Ako izrekite od tipot kakvi ti se mislite takov ti e i zivotot i sekoj dobiva po zasluga, togas znaci go opravduvate sekoe nasilstvo, no pogresni se tie mislenja, najednostavno nemaat vrska, no sepak zenata saka em mazot da e fakman majcin epa posle nasilnik bil epa sto ne si zema asalen nekoj ama ne toj bil ligus epa ete ti seg a neka te utepa od kutek,baska sea ni zenite ne se ko so bile nekad ko so vikat, sea i oni epten za razlika od mazite odma mavaat so so ke im doe pri raka ali so bezbol palka ali so sve ic ne mislat nego odma e takvi se i mnogu se catalat oti sramota e na zena da dignes ruka i zatoa se kuropecaat demek bile jaki i ako se istepani odma site uu sramota na zensko diga ruka...
 
хаххааа....леле искрено ме изнасмеа.....ама се слагам.....овде што имам видено е повеќе случаи кога женското е оно што дигнало рака на машкото прво, па после кога он ќе ја подбутне за да прекине или кога ќе и ја зграпчи раката - ондак е насилник.

Ама мораме да признеме дека има и вистински случаи на насилство од страна на мажите.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Сметам дека многу од оние кои се борат за рамноправност меѓу половите, се борат за онаа „рамноправност“ која би настанала ако мажите и жените би биле Исти. Таквата рамноправност е мачна и доколку воопшто би се постигнала(што не верувам заради биолошките разлики), би резултирала со многу негативни последици. Мажите и жените не се исти, и никогаш не треба да бидат. Тие се разликуваат, но со разликите се надополнуваат... Неможе жените да се мажи, и обратно. Кога и двата пола доследно би ги вршеле своите функции во рамките на сопствениот пол и сопствените можности, би се постигнала здрава рамноправност.

Жените ги имаат сите права како и мажите. Жените слободно можат да ги тужат мажите доколку се жртви на насилство, бидејќи Да се биде жена не значи дека треба да се трпи се’ и сешто(како што некои жени, па и мажи си имаат врзано во главите). Слободно можат да се разведат ако не им одговара бракот.

Исто така, кога жените не би се замарале за тоа „што рекла комшивката“, би имале многу посреќен живот.

Некои претходно спомнаа земање „невина“ жена. Незнам во последно време колку им е тоа важно на мажите, но на тие на кои им е, би требало да водат сметка и за себеси, односно, и тие да можат на жената да и го пружат она што го бараат од неа - невиност.
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Феминизмот во денешно време е најголемиот непријател на жената. Тоа е мртва категорија која не ми е јасно зошто уште се одржува во живот? Жените имаат право на глас, образование и право на избор (согласно местоположбата во која се родени, ама хеј целосна рамноправност во светот е рамна на лудило).
Она што мене особено ме забавува е што се повеќе девојки се срамат да бидат наречени домаќинки. Имам чувство дека полесно ќе си поминеш да фрлиш погрден збор кон некоја отколку да ја наречеш домаќинка, а тоа е нешто кое е својствено само по себе или барем би требало. Не ми е јасно од кога тоа подготвувањето јадење ја прави жената помалку вредна. Еве јас сум женско (мада не можам да се пофалам со којзнае какви кулинарски вештини засега) па не ми пречи воопшто готвењето како обврска, чистење по дома, пеглање и миење садови. Чудесно но помислата на сите овие работи не ме асоцира на сликата на Пепелашка која клекната на подот трие со крпата. Напротив ме асоцира на грижа.
Во однос на она што барала една образована жена, да не се лажеме, паметна култивирана жена со општа култура и малку повисок IQ не може да ја сместите покрај полуписмен со кој не може да сврзе два реда муабет. Секако ниту паметен маж не би издржал покрај припроста жена. Затоа без двојни аршини на ова поле.
Со други зборови, не планирам да мењам бушони, да ковам шајки во ѕидот или да си ја поправам колата, исто ко што не очекувам маж ми/ дечко ми да ме пере, да брише прашина низ дома или ревносно потпевнувајќи да мие садови. Но секако дека можам да му подадам штрафцигер додека ни ја поправа колата, а он може некогаш и да замие по нешто дома.
Taка, се сложувам со тебе.
Далеку од тоа ако ти речи некој домаќинка дека ти ќе се навредиш. Мене ме нервираат денешниве мажи што се цврсто убедени дека женската работа е миење садови, готвење и перење И НИШТО ДРУГО. И ако мораш верувај ќе цепиш дрва и тоа воопшто не е срамота, како што не е срамота еден маж да испери или да зготви.
Сум во таква ситуација моментално дома во која дедо ми е многу стар, а единствен маж во куќата, па некогаш мораат да се обават и потешки работи.

Lurtz воопшто не ме сфаќаш, и не се ни обидувам повеќе да кажувам. За малограѓанштина нема да ти кажам, ќе се потрудиш и ќе најдеш во речник, гледам баги возрасен си.

Далеку од тоа дека не сакам да бидам домаќинка, далеку од тоа дека не би готвела или перела. Ме иритира машкиот став кон сето тоа.

--- надополнето ---

Сметам дека многу од оние кои се борат за рамноправност меѓу половите, се борат за онаа „рамноправност“ која би настанала ако мажите и жените би биле Исти. Таквата рамноправност е мачна и доколку воопшто би се постигнала(што не верувам заради биолошките разлики), би резултирала со многу негативни последици. Мажите и жените не се исти, и никогаш не треба да бидат. Тие се разликуваат, но со разликите се надополнуваат... Неможе жените да се мажи, и обратно. Кога и двата пола доследно би ги вршеле своите функции во рамките на сопствениот пол и сопствените можности, би се постигнала здрава рамноправност.

Жените ги имаат сите права како и мажите. Жените слободно можат да ги тужат мажите доколку се жртви на насилство, бидејќи Да се биде жена не значи дека треба да се трпи се’ и сешто(како што некои жени, па и мажи си имаат врзано во главите). Слободно можат да се разведат ако не им одговара бракот.

Исто така, кога жените не би се замарале за тоа „што рекла комшивката“, би имале многу посреќен живот.

Некои претходно спомнаа земање „невина“ жена. Незнам во последно време колку им е тоа важно на мажите, но на тие на кои им е, би требало да водат сметка и за себеси, односно, и тие да можат на жената да и го пружат она што го бараат од неа - невиност.
Само ме интересира. За ова дека жените имаат право, зборуваш само за нашето општество, така?
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Само ме интересира. За ова дека жените имаат право, зборуваш само за нашето општество, така?
Да, правата на човекот(а и жената е човек нели) се загарантирани во нашата земја, а и во поголемиот дел од светот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
пробав да прекинам со темава, но Тамара упорно лепи "плакати" кон некои кои не мислат како неа
Lurtz воопшто не ме сфаќаш, и не се ни обидувам повеќе да кажувам. За малограѓанштина нема да ти кажам, ќе се потрудиш и ќе најдеш во речник, гледам баги возрасен си.

Далеку од тоа дека не сакам да бидам домаќинка, далеку од тоа дека не би готвела или перела. Ме иритира машкиот став кон сето тоа.
Ок, посочи моите тези за жената и улогата во и вон домот и поврзи ги со малограѓанштина. Ако не дочитуваш или прескокнуваш делови кои не се поклопуваат во твојата шема за модерна жена, ќе повторам неколку реченици
...
Почит постои, внимание постои, исто така помош постои и во обврските и активностите во домот... но истовремено секој треба да си има соодветна улога и место во и вон семејството.
Без разлика што моите се прилично големи, без разлика што заменувам многу активности, пак мајка им го формира квалитетот на домот со нејзиното присуство и функција. Цело е кога има се, но левата половина не може да ја замени десната...секоја постои како засебен ентитет кој сепак е недоволен и нефункционален кога не соработува со другиот.
...
Ти ќе имаш машки деца? Дали ќе те интересира дали била бааги активна и дали е сеуште таква макар преку флерт и хм, средби...вон бракот (некои навики...) и кога е во брак со твојот син? Доколку имаш женско, дали нема да ти е сеедно со колкумина излегува секоја вечер и има секс?
Која е добивката во општеството и генерално семејството што сега наводно жената не е роб? Каков е квалитетот на живеење на децата цел ден без мајка?

Чекам конкретни одговори, во спротивно сметам дека пробуваш да ги дисквалификуваш сите оние кои не мислат како тебе со празен муабет и без аргументи. Ако ги имаш, повели.

дека женската работа е миење садови, готвење и перење И НИШТО ДРУГО.
Никој не тврди дека само тоа е женска работа...постојат машки и женски, колку и да влијае телевизијата врз твоите претпоставки.

И ако мораш верувај ќе цепиш дрва и тоа воопшто не е срамота, како што не е срамота еден маж да испери или да зготви.
аха, кога ќе исцепи 10 кубика дрва, кога ќе потегне шифоњер, да отпуши канализација, да измкне кревет, да смени чешма или нареже винт на пукната цевка...тука се откачила лајсна, таму кровот течел, патем човечки е да се помогне на соседот да среди дрва, бутне кола да запали...ќе си го видам тилот. А такви активности во куќа се доста чести.

За ова дека жените имаат право,
според законот, а зашто некои не ги користат своите права...тоа е друга работа. Има икс причини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom