Црн хумор, едно од ретките задоволства (хаце, I can take your best shot), ама не можам да го ставам на исто рамниште со реметење на вистински личности, на некого ако му е исто, го поздрави Ристо.
Имам природно слепило за ситници, па веројатно нема да забележам некој недостаток, што друг би го забележал. Ако не го бараш, нема ни да го најдеш.
Ако се работи за некој очигледен физички недостаток, навистина не можам да најдам задоволство во исмевање на истиот, за таквите луѓе само ми е жал што се така експлицитно обележани и голема е веројатноста да се чувствуваат физички, па и психички инфериорни, без некој директно да им посочи.
Ако се работи за ментална недозреаност, сметам дека е многу ниско да се фаќа сеир на таква личност и ми е жал за таквите што се хендикепирани да гледаат со поинакви очи.
На крајот се сведува на различни личности, различни карактери.
И немој некој да ми просрал со аргументот светец, не глумам лудило освен кога глумам и кантарот натежнува многу повеќе накај абоминација на човечкиот род, trust me.
Имам сеирџиска жичка, ама најчесто тоа се однесува на ситуации и постапки, не кон личности.
Слично важи и во ситуација кога ценам нечија креација, не значи дека имам високо мислење и за креаторот. Се обидувам да го имунизирам идолизирањето.
Ама сето ова и не значи дека сум немал и обиди за фаќање нечиј сеир, ама тоа било најчесто заради blending in и мислам дека не сум бил добар во тоа, најверојатно поради моите ставови кон истото.
Пример, се спомна темата за Hi5 ремет како некаков репер и си направив backround check и:
-Hello everybody, my name is Bobi and I have done it 22 times, but I have been sober for more than a year.
22 мислења во темата за Hi5 ремет, vol.1. кога бев помлад и позелен.

Дали е ова контрадикторно на се што реков, којзнае, релативна работа.
Си ги прочитав мислењата и повеќето беа чет и технички одговори, а само неколку поврзани со the actual ремет. И пак ќе повторам, ми изгледа не сум бил добар во тоа, па налетав и на еден автогол во потрага по сеирот.
Кога ќе се пошегувам на туѓа сметка, тоа никогаш не е злонамерно, а одамна не памтам да се работело за нечиј недостаток.
