Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

  • Креатор на темата Креатор на темата smart ass
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ова не ми е јасно
Како од нешто тотално материјано како ЦНС ( неврони, ганглии итн итн) се создава нешто нематеријано психа/ свест. Зошто нели науката докажала дека свеста и психата на човекот се производ на мозокот, е каде и кога преминува едно во друго, и каде се спојува едно со друго? Како може од нешто материјално да настане нешто нематеријално/духовно?
 
Добар заклучок.

Но, бидејќи материјата не може сама од себе да „произведе„ дух, тоа духот (душата/психата) не ќе е од овој, материјалнов Свет.
 
A пак од каде е дојдено до заклучокот дека духот, душата не е материјална?:helou:
Ја слушаш, ја гледаш, има мирис, зафаќа простор, се менува?
Мислам дека е јасно дека душата/свеста/психата не е материјална.
 
Ја слушаш, ја гледаш, има мирис, зафаќа простор, се менува?
Мислам дека е јасно дека душата/свеста/психата не е материјална.

Ова е многу релативно....

Слух.....човекот не ги слуша сите звуци..
Вид.....исто така.....немаме увид во целиот спектар
МИРИС....Едно развиено сетило за мирис што го има човекот!!!!
Простор.... за каков простор збориме....има и „микропростор’’..кој не го гледаме
Менува????!!!!????..авторот да појасни што подразбира под ова...
 
Секое материјално нешто има потенцијал да биде нешто друго, да се смени, подобри итн. Душата освен душа друго не може да биде.
Звуци што не ги слушаме, знаеме дека постојат и ги регистрираме со помагала исти ко и боите (ултравиолетово, инфрацрвено). Најситните делови во телото ги мериме со молекулска маса, микрони итн. Ги знаеме скоро сите супстанци кои ги има во телото, да беше некаде сместена душата изгледа невозможно што не сме ја откриле до сега.
А и еве хипотетички да кажеме дека е така, сместена во микрокосмосот на нашето тело, пак тоа ќе биде спорно за науката каква што е денес.
 
Ги знаеме скоро сите супстанци кои ги има во телото, да беше некаде сместена душата изгледа невозможно што не сме ја откриле до сега.
А и еве хипотетички да кажеме дека е така, сместена во микрокосмосот на нашето тело, пак тоа ќе биде спорно за науката каква што е денес.

Ги знаеме скоро сите, а дали баш сите, во периодичниот систем на елементи има место за уште.....

..во науката се е спорно додека не биде неоспорно докажано......аман де више......сфатете ја разликата помеѓу верските и научните тврдења...

вера.....се е кажано и крај....
наука...ништо не е кажано до крај, стално има нешто ново....
 
...Па свеста,психата ..потсвеста се подразбира дека не се материјални ствари но..еве јас како атеист...Можам да кажам дека потсвеста не е контролирана од никој друг него од сабиот себеси!!!
Веруваш во себе ги контролираш свите емоции...и веруваш во она што постои си го видел и го чувствуваш околу тебе:vozbud:
..а не во неШто не реално...и замислено...Натприродни сили..Духовни светилишта и слично...:nenene: ...:toe:
 
Ги знаеме скоро сите, а дали баш сите, во периодичниот систем на елементи има место за уште.....

..во науката се е спорно додека не биде неоспорно докажано......аман де више......сфатете ја разликата помеѓу верските и научните тврдења...

вера.....се е кажано и крај....
наука...ништо не е кажано до крај, стално има нешто ново....
Аха, значи во некој дел микромикромикрокосмосот во нашето тело постои душата како материја. Душата може е во гасна, течна или тврда агрегатна состојба и никаква друга. Душата може е метална или нематална, може се разложува во вода, може не. Душата може да е атом или молекул и ништо друго.
Ова не е докажано, нема ништо приближно до тоа, но така е пошто нема шанси, не е можно да постои нешто нематеријално на светов.
Јасно ми е сега, фала
 
Нема ништо од тоа „аха’’...... нашето тело (не во нашето) има свест.
 
Ја слушаш, ја гледаш, има мирис, зафаќа простор, се менува?
Мислам дека е јасно дека душата/свеста/психата не е материјална.
И аурата околу секој човек не се гледа,не се слуша,нема мирис и не зафаќа простор.Зар и таа е духовна?
 
Дека духот/душата е засебен дел од човековото битие, може да помогне светоотечкото толкување/објаснување за Божјата природа: Светиите велат дека Бог, како дух, е прост, едноставен и неделив. Овие особини Божји, нека ни послужат за споредба па и духот/душата човекови, можеме да ги опишеме со слична терминологија. Духот, согласно верочуението, не е од овој ,материјалниот Свет па затоа не духот не влијаат законите од физичкиот Свет. Духот човеков, кој има потекло од духовниот/небесниот Свет, а даден од Духот Свет, има и свои особини. Тоа се разумот, чувствата (кои духот го врзуваат за душата, кога духот преожа во душа), слободната волја, фантазирањето, кои сами по себе, не се материјални и не подлежат на влијанијата од овој Свет.

Јасно раздвојување на духот и душата имаат дадено Св. Теофан Затворик и Лука Војнојесеницки.

И аурата околу секој човек не се гледа,не се слуша,нема мирис и не зафаќа простор.Зар и таа е духовна?

Аурата ќе да е енергетска, оти може да се „фати„ на фотографија („киријанска фотографија„, или така некако...). Пошто аурата може да се фотографира, значи дека и таа сеуште е дел од физичкиот Свет, за разлика од духот/душата, кои не можат да бидат „фатени„ на фотка.
 
Свеста е "состојба" на умот!

Нема тука постоење, или си свесен или не.
 
Аурата ќе да е енергетска, оти може да се „фати„ на фотографија („киријанска фотографија„, или така некако...). Пошто аурата може да се фотографира, значи дека и таа сеуште е дел од физичкиот Свет, за разлика од духот/душата, кои не можат да бидат „фатени„ на фотка.
Абе точно дека е од "физичкиот" свет ама мене не ми беше тоа поентата.Поентата ми беше да кажам дека ако нешто не можеме да го почуствуваме не треба да значи дека не е од овој "свет".
 
Дека духот/душата е засебен дел од човековото битие, може да помогне светоотечкото толкување/објаснување за Божјата природа: Светиите велат дека Бог, како дух, е прост, едноставен и неделив. Овие особини Божји, нека ни послужат за споредба па и духот/душата човекови, можеме да ги опишеме со слична терминологија. Духот, согласно верочуението, не е од овој ,материјалниот Свет па затоа не духот не влијаат законите од физичкиот Свет. Духот човеков, кој има потекло до духовниот/небесниот Свет, а даден од Духот Свет, има и свои особини. Тоа се разумот, чувствата (кои духот го врзуваат за душата, кога духот преожа во душа), слободната волја, фантазирањето, кои сами по себе, не се материјали и не подлежат на влијанијата од овој Свет.
.

Не се од овој материјален свет!!!!!11
Е како тогаш на него, свеста, и чувствата се влијае со одредени материјални средства како што е алкохолот, дрогите, анестетиците итн.....:helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom