- Член од
- 29 ноември 2009
- Мислења
- 3
- Поени од реакции
- 5
Прочитав извесен дел од коментарите за минатонеделната емисија по нашите портали и YouTube и иако воопшто не сум изненаден за нивната конотација, очекував да се дадат повеќе размислувања за тезата која што Ефтов ни ја изнесе, без обзир дали се истомислени или спротивни. Наместо тоа грото од јавноста се осврнува кон стилот на комуникација на интервјуираните и водителот. Секако дека ни беа претставени грст од моменти кои на секоја индивидуа уште во првиот момент и стануваат предмет на потсмев: Од оскудниот вокабулар и неразвиена ораторика на Викторија Ралева, преку агресивниот и наведувачки начин на конверзација на Ефтов, па се до, за нас, неприфатливите и неразбирливи гледишта за родителството на г-нот Ралев.
Не сметам дека така лесно можеме и да пресудиме дека Виолета (или Викторија?) Ралева е празноглава девојка со тесен распон на погрешно поставени интереси само заради тоа што го повторува зборот значи на почетокот на скоро секоја мисла или затоа што нејзиниот телесен говор остава впечаток на плитко толкување на прашањата кои и беа поставени или затоа што беше прелесно доминирана и во еден дел извозена од сопствените мисли кон тие на Ефтов. Од каде знаеме дека можеби јака страна не и е математиката или природните науки? Или дека можеби не знае да наслика нешто посебно? Или дека можеби не знае да зготви некој вкусен деликатес? Или пак за мене најценетото: да биде одлична пријателка и да им се најде на своите другари и другарки со совет или било каква помош кога таа им е најпотребна? Сите овие и многу други примери се убави карактеристики кои не сме имале шанса да дознаеме дали се присутни во било кој од учесниците на овие шоуа. Знам дека во оваа точка читателот ќе се осети должен да дофрли реплика: "Јас го гледав Големиот Брат цело време и во ниеден момент не видов таков дисплеј на квалитети кај било кој од тие луѓе, па според тоа сум надлежен/на да дадам полна оценка за личностите на сите до еден."
И секако следниве видеа само ќе одат во прилог на еден таков цитат, но зар тие навистина можат наполно да ни ги отсликаат личностите, нивните идеи и вредности?
Мислам дека сите слободно можеме да се согласиме дека содржината во нив е помалку дегутанта. Не заради самата содржина која е секојдневица за сите нас. Туку поради јавното прикажување на тоа. Од почетокот на 20тиот век до денешниов ден, стандардите за пристојноста драстично се спуштија. Ако во почетокот на 70тите јавна голотија по филмови беше невидено безобразие и најголемиот skin factor претставуваше потколеницата на жена над своите 30ти, денес слободно можете да видите полу-разголени тинејџерки како ги клатат своите свежо инсталирани силиконски дојки пред камерите на многу средно- и ниско-буџетни серии, "документарки" и шоуа ширум светот. И секогаш сметаме дека сме поставиле црвена линија без обзир на тоа колку ниско тие нурнале и секогаш се појавуваат пионерите кои таа линија ја спуштаат дополнително. Во извесен момент, многу од нас тоа не го толерираат и реагираат на за себе најприкладниот начин. Васко Ефтов, згрозен од јавното прикажување на содржини идентични или слични на гореистакнатите, бил провоциран да ја направи оваа емисија. И мислам дека тоа е неговата единствена, ако не, бар главна мотивација, а не затоа што сакал да се постави супериорно над 19 годишна девојка, да го "изренда" Белов или збуни Тодевска. Тоа се добро познати штосови за да се подзачини интересот на публиката, но не целосно да го сврти кон нив. Фокусот сепак треба да остане на суштината.
Лесно забележителна е и иронијата:
Во таа пуста желба на наводната ароганција и лажна воздигнатост на учесниците на реалните шоуа, да возвратиме знаеме само со малициозен сеир пренесен во писмена форма со, за мене, неприкладен речник, кој пак ист речник е предмет на ситењето. Јас тоа не можам да го разберам поинаку освен како себенавредување и себеисмевање. Мое мислење е дека ако овие реални шоу старлети нас не иритираат со својата краткотрајна, но интензивна помпезност, најсоодветниот одговор на тоа би бил менување на каналот кој ги прикажува или преоѓање на следната статија во весникот кој пишува за нив. Зашто воопшто се чувствуваме дожни да ги "спуштиме" или да навиваме за тој или таа што тоа ќе го стори?
Она за кое се надевав дека ќе биде главен предмет на дискусија по нашите портали кога ги истакнав видева од емисијата е големата слика која Ефтов ни ја претстави, низ очите низ кои што тој ја гледа.
По моето, а бар и како што можев да разберам по негово гледиште, предметот е нискиот вкус на македонската, балканската, а богами и светската публика за вакви, како што ги нарекува почитуваната професорка д-р Вујовиќ, безсодржински наслови како Големиот Брат. Џигал тоа го оправдува со потребата на нашиот народ да гледа лесни содржини кои премногу не би го оптеретувале мозокот на просечната македонска индивидуа. И навистина, ако погледнете наоколу така е. Ретки се луѓето кои сакаат да гледаат епизода од Southpark и да се насмеат слатко на нивниот остар сарказам и безусловен напад на тоа што тие сметаат дека треба да биде нивна мета. Ретки се и луѓето кои наслови како Crash, Pursuit of Happyness, Angels in America и слични ги оставиле со воопшто било какви впечатоци.
Тука јас би запрашал и зашто главните емитувачи на овие шоуа, националните концесионери како Сител и А1 не го искористат нивниот медиумски авторитет да наметнат поинтересни и повклучувачки содржини? Примерот со Battlestar Galactica на Канал 5 беше за поздравување. Навистина бев пријатно изненаден кога видов дека на македонски медиум ќе се емитува ваква реномирана серија која обработува длабока социолошка и општествена тематика, која има големи шанси да не биде разберена. И така и беше. Но зашто уредниците тука се откажаа? Зашто своите тешко заработени пари од адвертајзингот не ги дадат на откуп на лиценца за програмите од Discovery Channel или History Channel или слично? Зарем не се свесни дека буквално секој член од публиката ќе побуди интерес за барем една или две емисии од тој карактер? Зашто на македонската публика, освен Телма која редовно емитува синхронизирани документарни, никој друг не и нуди шанса да научи на кој принцип работи една нукеларна подморница или кои се точните мотиви за почетокот и развојот на Втората Светска Војна или како изгледа животот на едно фасцинантно суштество како што се пумата или поларната мечка? Примери можам да редам до утринските мугри и ви гарантирам дека окото ќе ви застане на барем неколку десетици. Работи за кои никогаш не сте мислеле дека ќе пројавите интерес одеднаш ви стануваат редовно хоби токму заради емитување и експонирање на вас како публиката на тој жанр. За жал, нашите најугледни телевизиски куќи се ориентираат кон реални шоуа кои, навистина не знам од каква корист се за било кој. Смешно но и тажно ми беше кога ја слушнав Дебарлиева (или некоја нејзина колешка) како со задоволство го најавува емитувањето на Големиот Брат на А1 и тоа во ударниот термин на вестите во 19.
Истото се случи и на Сител, кога Ивона Талевска со широка насмевка на нејзиното ведро и симпатично лице го најави емитувањето на "Survivor" на Сител среде најважните за тој ден домашни политички вести, давајќи на непотребен значај на шоуто, небаре е тоа едно од најголемите постигнувања во уредувачката политика на Сител. И сигурен сум дека ако приватно ги запрашате нивните уредници зашто токму тие емисии ги одбрале тие или гордо ќе тврдат дека се најгледани и им ги носат потребниот viewer rating, истиот го зголемуваат од ден на ден и паралелно со тоа квантитетот на реклами и нивната цена или ќе се стават во дефанзива тврдејќи дека бар Сабрина, Милан Тарот или оној Светоно Око, што лечи шизофренија и рак со вчудоневидувачки третман преку инсерција на суклијаш во простатата со 18 милиметарска игла, не ги давале во нивниот етер.
Тоа според мене е она што треба да не замисли нас публиката и медиумите, а не дали Васко Ефтов не можел да ги дослуша своите соговорници или пак овие биле ментално, морално и етички оспорени. Горе ја наведов темата што јас сметав дека е најсуштинска и врз чиј исход најмногу може да се влијае. Во Центар беа начнати и други теми меѓу кои и нереципрочната културна доминација на Србија над Македонија (сосема очекувани резидуалности од времето на СФРЈ кои Ефтов прашува зашто по скоро 20 години се сеуште присутни) но тие се преопсежни и подалеку од темата на топиков па затоа не ги разгледав. Освен тоа, постов стана епски долг и без нив, а по мое искуство никој не сака да се оптеретува со поединечни предолги излагања.