...не разбира дека и баба му, дедо му или било кој некогаш копале зелки и дека тој јаде зелки благодарение на тие што копаат зелки, така што не разбирам како копањето зелки е неморално или тупење на мозок... и ги навреди сите кои во животот не прочитале ниту една книга како баба ми, дедо ми, роднини мои кои живеат во село и водат земјоделски живот, што не значи дека се глупави и прости... итн, итн....
Копање зелки е во ред, ако живееш во село и тоа ти е работа. Ама, глупирање на телевизија и копање зелка за 10-20.000 евра од страна на „естрадни уметници“ - не само што е турбофолк во етерот, туку и затупување на публиката. Знаеш, јас ќе земам пиво и кикирики и ќе гледам како Тамара копа зелка на телевизија. Аиии, Тамара копала зелка
Искрено, подобро ќе ја слушам како пее.
Во секој случај мене ми се допадна што некој конечно и плесна на таа Вики и на тој татко и, мада тоа можеше на малку поинаков начин. На пример, како за почеток можеше да и дозволи да се доискаже зошто мене баш ме копкаше што има таа да каже на се тоа. Јас само Васко го слушав цело време
Што ќе каже бе? Како го сторила тоа од љубов? Од љубов за парите?
Наша среќа што Васко цело време ја сечеше, инаку ми иде да си ги изедам внатрешните органи кога слушам колку е глупо девојчето.
Јас нема да го коментирам девојчево, ниту Тамара, ниту Белов, туку овој идиотов недоквакан!
Васко Ефтов е најголемиот идиот што се појавува по телевизииве. Тоа го знаев од претходно, сега ми е само потврдено. Каков дибек, полн со предрасуди... Тетоважи, секс, стенкање... Каков морон! Воодушевена сум.
„Си му се пикнала на некој во кревет по 15 минути“, „Фати прочитај некоја книга“?!
Простаклук без граници!
Не ми е јасно како го фалите и поддржувате! Човекот е неписмен и глуп!
Тетоважите, а поготово стенкањето и сексот се во ред. Тоа е природна работа. Ама, стенкање на 19-годишно девојче на телевизија пред милионска публика? Што, некој треба неа да ја пофали за „храброста“ наместо Васко? Треба да сме горди што имаме толку слободоумна (читај - лесна и проста) младина? Васко можеби е нетипичен водител и на моменти преостар и директен, ама не е глуп и неписмен. Глупи и неписмени се тие што учествуваат на вакви воајерски шоуа, а уште повеќе, тие што ги „поддржуваат“ своите деца да учествуваат во нив, небаре, се пратени таму да освојат Нобелова награда.
Да... Император е.
Онака.. Како се плесна во фаца на припросто изгубено 19 годишно девојче... Класа, нема што...
Припросто, изгубено и раскалашено 19-годишно девојче не треба да стенка на телевизија, а нејзиниот татко треба да се срами на тоа, наместо да глуми дека е горд. Тоа се обидуваше да докаже императорот, колку и да беше суров.
Некој праша зошто Северина била светица во споредба со Вики?
Можеби затоа што Севе имаше секс со својот момчак кого го знае многу подобро отколку тетовираниот фризер од Белград. Знаете, нормалните луѓе имаат секс. Се случува. Е сега, за нејзина несреќа протече видеото од настанот. Ама Севе (за разлика од Вики) не отиде плански да има секс во куќа со 50 камери со човек што не го познава, само за да собере 100.000 евра. И да, за разлика од Вики, Северина не ми изгледаше премногу горда поради видеото. Ама тоа е, љубов....