Васко Ефтов vs. Вики Ралева, Големиот Брат и останатите "реални" шоуа и фејк личности

Статус
Затворена за нови мислења.

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.704
Поени од реакции
11.127
Васко Ефтов е сељак.
Open-mind за него е релација Дубаи, за која сеуште нема пари да си плати карта...типично комуњарско створење со завршен факултет за 3 ипол години, просек 8,76, самозадоволуван пред телевизорот, а гарант жена му уште го праќа во недела сабајле прв по помаранџи. Најголема мана му е што не знае да те сочека и сослуша, туку одма те напаѓа, а таа култура се учеше во 3то одделение...
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Васко нема ни трошка култура, а Вики и останата багра пак да не зборуваме, тие се битер и од Васко! Не ја гледав емисијата нит имам планови некогаш да гледам ’’Во центар’’, најпрво заради долгиот јзик на Ваксо што не знае дека треба да се зачепи и да го испуш соговорникот. Бугаринот убаво му направи кога го изгони од неговиот кабинет!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вака мислам дека Васко беше преоштар, сепак не требаше да се изразува со таков речник, бар не доликува тоа на една емисија. Е сега, значи, имаше неколку добри поенти, затоа што и јас лично сметам дека ваквите реални шоуа придонесуваат за обезвреднување на општеството и негово деморализирање. Збеснатост помеѓу луѓето, подготвеност да си остават се што имаат за материјална работа (парите, пошто факт е дека сите се пријавуваат за тие пари). Е сега, од друга страна не ми се допадна тоа што потценуваше, тоа што Карло е бербер или тетовиран, не го прави лош човек по дифолт, не значи дека треба да осудуваме луѓе само затоа што имаат сопствен начин на живот. Или муабетот со што ќе кажат комшиите повторен 100 пати. Што е битно што ќе кажат комшиите, оние што им се битни во животот на нив е битно што ќе кажат.
Реалните шоуа се доказ до тоа каде се спаднати вредностите, но на крајот од денот, јас пак ќе кажам дека не можам никому да судам, затоа што секој има право што сака да прави со својот живот. :toe:
Не знам шо му се нафрли толку на Алексаднар побогу, дечкото ниеднаш не се скара со никој, дури и не пцуеше, башка различна цел имаа двете шоуа.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Хаха мислам дека Васко малце се скрши од ептен сигурноста на Вики.И не сватив зашто го вреѓа Бербер Карло?
Па како што е Карло Бербер така после неговото излагање ќе биде стилист и ќе си направи пара дечкото повеќе од Васко сигурен сум:)
И што и фали на Натали?
Сличен статус ќе има и Вики не се сомневам.
Можеби како што рече и очекувам да пишува книги како Мадона што пишуваше книги за деца:)
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Овој пост го имам и во темата Големиот брат, ама гледам тука се развила добра дебата, па мислам дека повеќе одговоара за овде.

http://www.youtube.com/user/vocentar.../0/GbJ5VM8SFb0 9:17 секунди
Васко-Колку пари ви дадоа за да го направите тоа?
Виолета- Тоа не смеам да ви кажам.
Васко - Вредеше ли?
Виолета- Вредеше.

Значи на оваа претходно и било кажано, ќе направиш тоа и тоа, ќе добиеш толку пари.После ќе шлапа љубов, први погледи, не знам што. Секс пред камери за пари.Porn star. Ништо повеќе.

Татко и на Вики: Превоспитај ги керките.Не е родителство само да поддржуваш туку и да воспитуваш.Многу си утнал.(ова оти кажа дека чита форуми).

А Вики не може да испадне на ТВ и да каже дека згрешила. Таа е свесна за глупустите и срамот што го нанесе, дека служи за подсмев, а никој не ја подсмева оти и е љубоморен(хаха) или оти ние сме тупаци кои живееме во 19ти век, па не разбираме. Ние сме во 21 век, но ја осудуваме за јавно направените глупости, ние сме луѓе со повисок морал од нејзиниот, со родители кои ни укажале на вредностите во животот, и не може да се изолира од тоа. Нека тера додека може вака, се додека не отиде во Белград, се скара со Карло, почне нов живот и сите заборават на бруката. Во исчекување на новиот блам од сестра и.
Баш тогаш да видам каква емисија ке направи Ефтов.

А за она што некој го спомна за Белов.Не е битно што потоа не успеа, битно е што не не посрамоти како оваа сега.Белов имаше цел, да научи да пее, и негово е колку успеа, овие во Големиот брат се како дебили кои по цел ден се траќаат од кревет во кревет.

__________________
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
Не знам шо му се нафрли толку на Алексаднар побогу, дечкото ниеднаш не се скара со никој, дури и не пцуеше, башка различна цел имаа двете шоуа.
Точно.
Да беше некој поотворен од Александар ќе му кажеше убаво, овој цело време во негативен контекст иронично му ги кажуваше муабетите, а Аце наместо соодветно да се брани се смее. Баш најкултурен беше од сите во Операција триумф, за него муабетите на Васко апсолутно неиздржани беа.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Можеби да, но што корист од тоа? Нека ме зборат, па макар и најлошо? Нели тоа еден ден убаво ќе ја зашамара, ко ќе сфати дека навистина е обележана и дека ќе мора да си бара нов живот некаде далеку, доколку не ја земе тој нејзиниот, нали?
Мислам стварно, колку и да сме либерални, ова е за секаква осуда. Девојката е премлада за такво однесување, а и живее во Македонија, каде што ретко кој ќе и даде аплауз на тоа што го правела во куќата. А и на нејзиниот памет. Вели дека таму заборавила на камери и на се` и дека нема ништо лошо во тоа да ја видат сите каква е, но сепак дома додека се тушира не би уклучила камера. Тоа било дома и не ја гледала јавноста. Покрш и понелогичен муабет немам слушнато.:uvo:
Секое чудо за 3 дена.
Мислиш дека некој ќе се замара со Вики за 5 години од сега?
Како не бе, исто шо ги забораивме фаците од „Тоа сум јас“, (едино на шо ја се сеќавам е Драги, ама не поради шоуто туку поради глупите имиња на порничите кои ги вадеше.)
Оваа е актуелна сега, ќе ја забораиме брзо.
Пари битно си зема, славата ја има (негативна/позитивна) сепак влијае врз тебе и врз сите нас на некој начин.
И секако дека е залудно да правиме споредби од типот „Јас така...„
Секој си има своја различна моралност и различни принципи.
Секој од нас (или повеќемината) ги праиме овие работи по дома, само разликата е во тоа шо за нас не знае цел балкан, а за неа знае.

Глупи ми се коментарите за како тоа она со него легнала по 15 минути, кога сеа е у мода да се појде у дискотека и да смуваш некој/а шо не ја/го знаеш.
Шо у принцип е исто само, пак, разликата е во тоа шо не знае цел балкан.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.195
Поени од реакции
34.430
...не разбира дека и баба му, дедо му или било кој некогаш копале зелки и дека тој јаде зелки благодарение на тие што копаат зелки, така што не разбирам како копањето зелки е неморално или тупење на мозок... и ги навреди сите кои во животот не прочитале ниту една книга како баба ми, дедо ми, роднини мои кои живеат во село и водат земјоделски живот, што не значи дека се глупави и прости... итн, итн....
Копање зелки е во ред, ако живееш во село и тоа ти е работа. Ама, глупирање на телевизија и копање зелка за 10-20.000 евра од страна на „естрадни уметници“ - не само што е турбофолк во етерот, туку и затупување на публиката. Знаеш, јас ќе земам пиво и кикирики и ќе гледам како Тамара копа зелка на телевизија. Аиии, Тамара копала зелка :vozbud:

Искрено, подобро ќе ја слушам како пее.

Во секој случај мене ми се допадна што некој конечно и плесна на таа Вики и на тој татко и, мада тоа можеше на малку поинаков начин. На пример, како за почеток можеше да и дозволи да се доискаже зошто мене баш ме копкаше што има таа да каже на се тоа. Јас само Васко го слушав цело време:toe:
Што ќе каже бе? Како го сторила тоа од љубов? Од љубов за парите?
Наша среќа што Васко цело време ја сечеше, инаку ми иде да си ги изедам внатрешните органи кога слушам колку е глупо девојчето.
Јас нема да го коментирам девојчево, ниту Тамара, ниту Белов, туку овој идиотов недоквакан!
Васко Ефтов е најголемиот идиот што се појавува по телевизииве. Тоа го знаев од претходно, сега ми е само потврдено. Каков дибек, полн со предрасуди... Тетоважи, секс, стенкање... Каков морон! Воодушевена сум.
„Си му се пикнала на некој во кревет по 15 минути“, „Фати прочитај некоја книга“?!
Простаклук без граници!
Не ми е јасно како го фалите и поддржувате! Човекот е неписмен и глуп!
Тетоважите, а поготово стенкањето и сексот се во ред. Тоа е природна работа. Ама, стенкање на 19-годишно девојче на телевизија пред милионска публика? Што, некој треба неа да ја пофали за „храброста“ наместо Васко? Треба да сме горди што имаме толку слободоумна (читај - лесна и проста) младина? Васко можеби е нетипичен водител и на моменти преостар и директен, ама не е глуп и неписмен. Глупи и неписмени се тие што учествуваат на вакви воајерски шоуа, а уште повеќе, тие што ги „поддржуваат“ своите деца да учествуваат во нив, небаре, се пратени таму да освојат Нобелова награда.
Да... Император е.
Онака.. Како се плесна во фаца на припросто изгубено 19 годишно девојче... Класа, нема што...
Припросто, изгубено и раскалашено 19-годишно девојче не треба да стенка на телевизија, а нејзиниот татко треба да се срами на тоа, наместо да глуми дека е горд. Тоа се обидуваше да докаже императорот, колку и да беше суров.

Некој праша зошто Северина била светица во споредба со Вики?

Можеби затоа што Севе имаше секс со својот момчак кого го знае многу подобро отколку тетовираниот фризер од Белград. Знаете, нормалните луѓе имаат секс. Се случува. Е сега, за нејзина несреќа протече видеото од настанот. Ама Севе (за разлика од Вики) не отиде плански да има секс во куќа со 50 камери со човек што не го познава, само за да собере 100.000 евра. И да, за разлика од Вики, Северина не ми изгледаше премногу горда поради видеото. Ама тоа е, љубов.... :pipi:
 
?

..........

Гостин
Секое чудо за 3 дена.
Мислиш дека некој ќе се замара со Вики за 5 години од сега?
Како не бе, исто шо ги забораивме фаците од „Тоа сум јас“, (едино на шо ја се сеќавам е Драги, ама не поради шоуто туку поради глупите имиња на порничите кои ги вадеше.)
Оваа е актуелна сега, ќе ја забораиме брзо.
Пари битно си зема, славата ја има (негативна/позитивна) сепак влијае врз тебе и врз сите нас на некој начин.
И секако дека е залудно да правиме споредби од типот „Јас така...„
Секој си има своја различна моралност и различни принципи.
Секој од нас (или повеќемината) ги праиме овие работи по дома, само разликата е во тоа шо за нас не знае цел балкан, а за неа знае.

Глупи ми се коментарите за како тоа она со него легнала по 15 минути, кога сеа е у мода да се појде у дискотека и да смуваш некој/а шо не ја/го знаеш.
Шо у принцип е исто само, пак, разликата е во тоа шо не знае цел балкан.
Пфффф која е таа Вики :toe:
 
V

VeniVidiVici

Гостин
чак што више, најчесто на тие како Вики не им се интересни таквите дечковци, него некои што ќе им продадат муда за бубрег, т.е. квази - интелигенција + тетоважа за путе.

а во заблуда си ако мислиш дека дечкото од 5ти спрат не видел путе. има Викоидни путиња и друг вид на путиња што нема да ги ќариш со пија4ка и цајкански муабет.
Цело време читам и се смеам али тука веќе прснав. "Викоидни путиња":pos2::pos2::pos2:

Шала на страна, конзервативен и десноориентиран сум по определба, така да овие реални шоуа, турбо кич и шунд од Србија ми се толку гадни што ми доаѓа да повратам. Ме нервира и тоа што нашиве македончиња уште навиваат за Партизан или за Ѕвезда, ме нервираат бугарчињата која ќе се избацат со нешто дека биле подобри од нас, а до пред 15 години сосе гаќи ги купувавме, ме нервираат грциве, а и од "браќава" преку кур ми е веќе. Малце офтопик но да се вратам на темава. Васко Ефтов како тавок е израснат, тој е сега зрела личност и не само тој туку и сите ние сме продукти на нашето опкружување. Човекот се раѓа како табула раса, бел лист и трагично е тоа што детето учи од другите додека расте и се развива и е недоволно зрел за да може сам да донесува зрели заклучоци и сопствена перцепција на работите.А кога веќе ќе "зрее", тогаш тој е длабоко сјебан у мозок и тогаш не ни умее добро да ги види реалните состојби.
Е тоа е и целта на ваквите реални шоуа, да направат од човекот лесно сретство за манипулација и тоа во фазата кога тој сеуште не е созреан. Ете затоа сум конзервативен, и ми доаѓа да му свирнам куршум у чело на некое 17 годишно детиште на форумот кое ќе ми каже дека сум таков или ваков, само за да му е бројат мислењата на форумот, а не ни разбира што сум напишал бидејки помладиве генерации се далеку поглупави од дете со даунов синдром. А зошто е тоа така? Гледајте си ги шоуата, фолкерите од Србија, озборувајте по кафичи по цел ден, гледајте шпански сапуници и гласајте за шумадинцине од Survivor,и никогаш нема ни да разберете, што и впрочем подобро би било, затоа што глупавиот го живее животот додека паметниот размислува за се и сешто.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Секое чудо за 3 дена.
Мислиш дека некој ќе се замара со Вики за 5 години од сега?
Како не бе, исто шо ги забораивме фаците од „Тоа сум јас“, (едино на шо ја се сеќавам е Драги, ама не поради шоуто туку поради глупите имиња на порничите кои ги вадеше.)
Оваа е актуелна сега, ќе ја забораиме брзо.
Пари битно си зема, славата ја има (негативна/позитивна) сепак влијае врз тебе и врз сите нас на некој начин.
И секако дека е залудно да правиме споредби од типот „Јас така...„
Секој си има своја различна моралност и различни принципи.
Секој од нас (или повеќемината) ги праиме овие работи по дома, само разликата е во тоа шо за нас не знае цел балкан, а за неа знае.

Глупи ми се коментарите за како тоа она со него легнала по 15 минути, кога сеа е у мода да се појде у дискотека и да смуваш некој/а шо не ја/го знаеш.
Шо у принцип е исто само, пак, разликата е во тоа шо не знае цел балкан.
Да видиш како се сеќавам на оној Мики од тоа сум јас и како ми оди да му ја пукнам знаејќи го каков лигле беше во шоуто тогаш.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Да видиш како се сеќавам на оној Мики од тоа сум јас и како ми оди да му ја пукнам знаејќи го каков лигле беше во шоуто тогаш.
Неќам да се праам наудрена со сила, ама стварно не знам кој е Мики.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Секое чудо за 3 дена.
Мислиш дека некој ќе се замара со Вики за 5 години од сега?
Како не бе, исто шо ги забораивме фаците од „Тоа сум јас“, (едино на шо ја се сеќавам е Драги, ама не поради шоуто туку поради глупите имиња на порничите кои ги вадеше.)
Оваа е актуелна сега, ќе ја забораиме брзо.
Пари битно си зема, славата ја има (негативна/позитивна) сепак влијае врз тебе и врз сите нас на некој начин.
И секако дека е залудно да правиме споредби од типот „Јас така...„
Секој си има своја различна моралност и различни принципи.
Секој од нас (или повеќемината) ги праиме овие работи по дома, само разликата е во тоа шо за нас не знае цел балкан, а за неа знае.

Глупи ми се коментарите за како тоа она со него легнала по 15 минути, кога сеа е у мода да се појде у дискотека и да смуваш некој/а шо не ја/го знаеш.
Шо у принцип е исто само, пак, разликата е во тоа шо не знае цел балкан.
Не мислев на тоа дека ние ќе ја памтиме и збориме вечно. Мене и сега фала богу не ми е опсесија. Мислев што кога еден ден ќе засака некој дечко, кој го знае и гледа ова и кој чувствува гадење кон неа. Ќе мора да бара друг, трет, четврти ... И ајде ќе го најде тој кој нема да се замара со вакви работи како неа. Но што со неговите блиски. Што ако не се погодат од ист калибар како нејзините? На тој шамар мислев. Дали и тогаш нашата хероина ќе биде горда и нема да и биде гајле што мислат другите за неа?
Јас најмногу од се` мразам живеење за комшии, но тука дефинитивно се работи за нешто поголемо и покомплицирано. А тоа за жал, цело семејство Ралеви не го сфаќаат.
И у принцип, не е секој ист. Тие што се како неа, ја сфаќаат, но ја осудуваат затоа што јавно така се покажала. Јас сум скроз поинаква, па затоа не можам да ја разберам и ја плукам колку што сакам, без оглед на тоа што не сум ја гледала многу и би требало да оставам простор за добро мислење, од делата кои не сум и ги видела:toe::)
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Што ќе каже бе? Како го сторила тоа од љубов? Од љубов за парите?
Наша среќа што Васко цело време ја сечеше, инаку ми иде да си ги изедам внатрешните органи кога слушам колку е глупо девојчето.
Епа што беше поентата на емисијата, Васко само да си каже што си мисли и точка? Па не мораше да ја вика Вики, можеше комотно да си го каже тоа и без неа.

А за копањето зелки, не е поентата дека јас пукнав да ја видам Тамара како копа, него Васко со таква арогантност и препотентност го кажуваше тоа, што јас тоа можам да го сфатам само како него да му е понижување во животот да земе и да копа:toe:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Епа што беше поентата на емисијата, Васко само да си каже што си мисли и точка? Па не мораше да ја вика Вики, можеше комотно да си го каже тоа и без неа.

А за копањето зелки, не е поентата дека јас пукнав да ја видам Тамара како копа, него Васко со таква арогантност и препотентност го кажуваше тоа, што јас тоа можам да го сфатам само како него да му е понижување во животот да земе и да копа:toe:
Да не го кажуваше така, немаше емисијата да му ја глеаш поише од 5 минути.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom