аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.522
Ај да кажам некој збор од моја гледна точка.Ја сум таксист у Скопје и можам да ви кажам дека у градов има 5000 таксисти регуларни и уште 7000 диви.Значи тоа е бројка од 12000 таксисти исто толку карактери и табиети.Сите кажувате случки како таксистот ве замара или сака да ви наплати повеќе,а јас можам да ви кажам милион ситуации со пијани,издрогирани,разочарани од животот и слично па цел пат те замара па пред куќа коа треба да излезе уште 15 минути муабети а ти дремеш и го чекаш.Или идеш на позив па „госпоѓата“ излегува од дома еден саат а и рекле за 5 минути ќе дојде кола.Или ситуации од типот имам само 100 денари,а вожњата е 160.....вака можам 50 страници да напишам.Кога ќе се стават работите на кантар ни таксистите ни патниците не се цвеќиња за мирисање.Иначе ја возам у „ТЕНИКС“ 15194 и сум кола 96 „Алфа Ромео 164“ ако сум возел некој од вас нека каже како бил задоволен од вожњата.
те разбирам и те подржувам 100% има секакви луѓе шо се возат има и секакви таксисти шо возат... за тоа нема збор... ама кажи ми колку е праведно таксист НА СРЕД УЛИЦА да застане за да качи патник.. па ако нишо више барем со 2 тркала нека застане на тротоар...