Таксистите и нивната култура - случки

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Таксист е себично створење што мисли дека улицата е само негова, сообраќај нема и други возачи во сообраќајот за него не постојат.
Култура... хмм ...
Отворен прозор, дремење пола саат на семафор, вртење кругови, изигравање малоумен и наудрен ...
Еднаш ми се случи типот додека ме носеше дома да си прави муабет на мобилен со девојката. Раскинуваа бе ! Додека ми ја утињаше улицата по 3 пати, раскинуваа. :nesvest:
За педофили не ни правам муабет. Влагаш во таски облечена за искачање, тој те соблака со поглед, се ѕвери на ретровизор ко мањак.
Влагам во таски со дечко ми, го гушкам и уживам додека не вози, а таскистов си почиња муабет со дечко ми при што мене ми стануе тапа и ми иде да скокам од такси.
Ама ете знае да има и асални тасксисти... Ко синоќа тој што ме возеше. Типот не праша мене и другарка ми да не се враќаме од 69, ама всушност бевме во Б2. И така почнавме муабет од искачања до музика. Ама си внимава на возењето. Ни раскажа дека тој е диџеј, но не пушта музика и никогаш не пуштал во Македонија, пушта во Бугарија и Грција и не прифаќа за испод 100 евра. А работата како таксист му е само преку есен и зима. И така, го изругавме турбо-фолкот...Топ муабетче, лајт, со млад чоек, во асална кола, за фер цена. Топ.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Има секакви намќор, фини, зборлести, фер, лудаци, педофили, што пушат 5 цигари додека те однесат 5 километри, јадат додека те возат, ти прават муабет и муабет а тебе не ти се збори (а и несакам да правам муабет со нив, ама досадно им е вајда цел ден па малтретираат патници со домашни проблеми), има такви и кои помалце ти наплаќаат и кои се културни, полно немаат лиценца и само што положиле, ако некој на пешачки те заака 90% дека е таксист итн. Во глобала со компанија си се возиш на повик најубаво е, ем има лиценца ем одговара за се пред компанијата ако нешто се случи.

Последна "интересна" случка ми е пред 2-3 недели кога се возев со сестра ми и се поминува пруга накај мене и лудакот од Жолто такси си збореше на мобилен и рампата почна да се спушта за да помине воз и јас нормално си викам ќе застане, тој си прошиба. Престанав во моментот да дишам мислам дека. :nesvest: Сепак живи и здрави сме :icon_lol:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
У недостиг на такси, едно лето, со сестра ми се качивме во едно прилично сомнително такси, али глеаме, таксиметар, ок возило, млад типац внатре, викаме ај ок. И си вози момакот, се ок, кога одеднаш левата врата од моја страна се ОТКАЧИ.:pos2:
И ни две ни три, типот само излезе, ја извади, ја пикна у багажник и продолжи да вози до Карпош, а ја и сестра ми у ќош напикани скроз у шок му викаме, дај застани!
И нема везе, не донесе некаде блиску до маало, не симна и вика : Не ми плаќајте, и онака ве дувна промаја!:nesvest: :tapp:
Друга случка, одев накај Универзална и фаќам такси пред семафори, влегувам внатре, и ме мавна мирис на нешто измеѓу нога, задник, супа и бурек. Цркнав. А таксито беше бренд ипол, значи не нешто дивјачко. Гледам - си јаде таксистов некој сендвич, му чуе, и низ залак ми вика кај да те носам? Видов не видов, викам, извинете, ќе се симнам. :pipi:
А имало и муабети за жена, деца, пропали брак, скопска шема, еден дури и ми објаснуваше како брисачите му ги краделе па сакал да става електрицитет преку некој уред...:uvo:
Свашта! :)
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Ме нервира што застануваат секаде и закрчуваат сообраќај.
е ај да не баш вчера се возам со брат ми идеме до крај на улица се врти за десно и лево и се погодуваат двајца таксисти и чекаат демек да се вратиме назад а назад има коли паркирано по крај,кал и 200 метри до излез од улицата.Е сега место да се помрднат напред малце они упорно стојат ли стојат и тој едниот демек се накурчи нешто почна да се дере а ја и брат ми за инат не се тргнавме.На крај попушти и се помрднаа понапред како што требаше.Да земам еден по еден и глаата од шовершајвна сељачана
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
За скопските таксисти немам ништо против дека онака многу се возам со такси и ништо лошо ми се нема десено до сега. Или таксистот ќе ќути цел пат или ќе свртите некој муабет онака да не е монотоно во кола. Ама можам да им дадам само замерка на охридските таксисти! ГИ МРАЗАМ!
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
153
Поени од реакции
13
Има секакви. Има некои што возат намерно полека, за да земат повеќе пари. Колата смрди на цигари, неотворен прозор, радио нешто турбофолк пуштено и што сакаш повеќе?
Таквите најчесто се дивјаци, толку совршено ги прават таблите одозгора, мислиш вистинско такси е, и на крај тоа ќе го сфатиш кога ќе ти налупа цена 200 за 2км.
Оние кои ти се пуштаат во текот на возењето, те испрашуваат од каде си и како, мој случај и на крај како извинување: Се шалев, знаете..
Оние кои не возат внимателно, за малку ќе направиш судар со друго возило а таксистот ќе почне да пцуе како другиот да е крив за тоа.

Сепак има и фини . Имаше еден што се зафркаваше со нас но на пристоен начин, се пукнавме од смеење сите што бевме внатре. Има и фини на муабет, што влегуваш те прашува дали ти смета цигарата за да ја угасне итн.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Јас не се возам често со такси, ама до сега немам некое лошо искуство. Обично јас почнувам муабет од типот како иде работата, има ли ќар и сл. Глупо ми е да се качам во такси и да ќутам цело време. А за почитување правила мислам дека баш таксистите треба да бидат пример за совесен возач, тие цело време се по улиците и треба да ги почитуваат правилата. И на крај, не може секој да биде таксист, стави таблата и без лиценца кради народ, не оди тоа така.
 
M

MIL

Гостин
Aми ја така се направив небо земја и арно шо испаднав пешки па сите другари фанаа кој каде виде уствари еден че ме носел а не можеше вратта да а погоде од колата и си викам ај мил ми е животот и се качуам у едно такси прво главата си а скапав оти мислев дека џамот му е отворен па да го прашам дали е слободно таксито ај ми отвори човекот и после влегов си го спуштив седиштето у таксито и ми вика дечко до кај да возам и ја до дома и виа а кај живејш и ја му викам нели памтиш даааа и виа ми вика не сум те возел :vozbud: му викам е така е ја се со колата одам и после ми вика добро ај кажи на кој човеци си :pos2: и ја на мама и тато е ми вика ги знам тука живејш и закочуе и ја виду не виду му викам ај че ти кажуам ти вози само и така некако си дојду до дома јака случка таксистот го изнервиркав :baeh:
АААААААааа да сум имал и случка коа помал се качуваме другари со такси че идеме по серенади воа за нова година се исподеси и влегуваме еден двајца тројца четворица петдуши шест и таксистот само се врти и ни вика ејјјјјјјјјј децаааааааааааааа воа не е автобус :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
105
Поени од реакции
1
Ednas se vrakav so drugarkite u 1 i se kacivme kaj eden u taksiiii tipot bese predobarrrr i ne odnese do portaaaaa bez da zeme poveke pari a i plus nemavme dovolnooo :nesum: imavme togas okolu 14 15god site i se zagrizil duri ne karase ni rekol nemojte drug pat vaka kasnoo doma :) srcence
 
S

StereoLove

Гостин
Вчера колку сум била задоволна од еден таксист јас и другарките.Од факсот се качивме и не однесе дури до крајот на градот и почна да кажува глупости,ние се отепавме од смеа,кога не донесе до тоа место кај што требаше ни зеде 40 денари и му кажавме да почека зашто брзо ке го купевме тоа што ни треба.Тој не почека и за назад кога не вракаше не ни зеде ни денар.А да беше некој друг ке земеше исто и за назад.Штета што ретко се наогаат такви.Кога бев болна од дома до болницата и назад ни земаа 100 денари:jaj:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
У недостиг на такси, едно лето, со сестра ми се качивме во едно прилично сомнително такси, али глеаме, таксиметар, ок возило, млад типац внатре, викаме ај ок. И си вози момакот, се ок, кога одеднаш левата врата од моја страна се ОТКАЧИ.:pos2:
И ни две ни три, типот само излезе, ја извади, ја пикна у багажник и продолжи да вози до Карпош, а ја и сестра ми у ќош напикани скроз у шок му викаме, дај застани!
И нема везе, не донесе некаде блиску до маало, не симна и вика : Не ми плаќајте, и онака ве дувна промаја!:nesvest: :tapp:
Друга случка, одев накај Универзална и фаќам такси пред семафори, влегувам внатре, и ме мавна мирис на нешто измеѓу нога, задник, супа и бурек. Цркнав. А таксито беше бренд ипол, значи не нешто дивјачко. Гледам - си јаде таксистов некој сендвич, му чуе, и низ залак ми вика кај да те носам? Видов не видов, викам, извинете, ќе се симнам. :pipi:
А имало и муабети за жена, деца, пропали брак, скопска шема, еден дури и ми објаснуваше како брисачите му ги краделе па сакал да става електрицитет преку некој уред...:uvo:
Свашта! :)
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

аааааааааааааааа медеаааааааа!!! се превртев од стол ме пресмеа бре!!! да даде господ уше 100 години да живееш!!!

Такси дешавки има секакви... и непријатни и пријатни...
1. ме нервираат таксисти кога застануваат на сред пат за да симнат патник или за да качат а позади нив ЦЕЛА КОЛОНА застој!!! ги мрзи со 2 гуми да се качат на тротоар.. дали ги мрзи дали неќат да ја оштетат колата незнам...
2. наместо пример да се пошо енли цело време се во кола.. они се пример за лоши возачи!!! те вози 20 помалце од пропишаното ке ти зел 20 денари поиче Е МНОГУ ДЕ.. КЕ СЕ ЗБОГАТИ!!!
3. семафор жолто типот кочи ли кочи... ЗАШТО?? ке ти зел 10 денара поише Божеее...:tapp:

Еднаш се качувам у такси и нормално му викам до бутел знаеш.... типот си напрај едни добри 10 минути муабет со некој другар незнам шо пари муд ужел а у...врв на се му вика АЈ СЕГА НЕМОЈ ДА ДОЈДАМ ДА ТЕ СТАВАМ У ГЕПЕК !!! абе боже сачуј.. со страв да се возиш...

друга случка на пример. се качувам у такси и нормално му кажувам до таму. и го прашувам како работа има нема едно друго.. најнормален муабет ми напраи ми вика шо музика сакаш да ти пуштам.. отвара една папка и имаше ама буквално се!! од македонско девојче до infected mushroom. иии. тоа е...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не се возам често со такси, но од неколкупати што се имам возено таксистите се однесувале фер, коректно. Никогаш не се возам со диви таксисти, секогаш гледам да се од оние, лиценцираните. Ниту ми правеле така незгодни муабети, ниту па пцуеле пред мене, разврзувале политики, како што читам од погорните искуства.
А од другата страна, таксистите за мене се најголемите закрчувачи на сообраќајот во Скопје (не знам како е во другите градови). Застануваат секаде, без жмигавци, возат со 10 на саат, свртуваат на две полни :jaj: Ужасно.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
имало две три незгодни ситуации но не спрема мене туку спрема другите возачи во сообраќајот пред некој ден една цура му свиереше отпозади а тој кога и излезе кога почна да се дере сите се свртеа :pos2::pos2::pos2: јас пропаднав во земја :kesa:
 

Tommy1207

Појмааа немаммм
Член од
2 декември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
4
Ај да кажам некој збор од моја гледна точка.Ја сум таксист у Скопје и можам да ви кажам дека у градов има 5000 таксисти регуларни и уште 7000 диви.Значи тоа е бројка од 12000 таксисти исто толку карактери и табиети.Сите кажувате случки како таксистот ве замара или сака да ви наплати повеќе,а јас можам да ви кажам милион ситуации со пијани,издрогирани,разочарани од животот и слично па цел пат те замара па пред куќа коа треба да излезе уште 15 минути муабети а ти дремеш и го чекаш.Или идеш на позив па „госпоѓата“ излегува од дома еден саат а и рекле за 5 минути ќе дојде кола.Или ситуации од типот имам само 100 денари,а вожњата е 160.....вака можам 50 страници да напишам.Кога ќе се стават работите на кантар ни таксистите ни патниците не се цвеќиња за мирисање.Иначе ја возам у „ТЕНИКС“ 15194 и сум кола 96 „Алфа Ромео 164“ ако сум возел некој од вас нека каже како бил задоволен од вожњата.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom