THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.340
Кој ја пишува македонската антиисторија?
Ако својот критички став слободно сум го изразувала во еднопартизмот, не гледам причина зошто сега, во демократија, би се стеснувала да критикувам појавни облици на наци-фашизам и неоколонијализам. Европа е во мојата агенда само како слободна и демократска. Никако како шовинистичка и ксенофобична
Мора да е многу гадно во „интелектуалниот“ камп на македонската квазилевица, штом по десетгодишни напори да ме маргинализира, токму мене, заедно со еминентни професори, доктори на науки, ме смести во промоторите на десната „антиисториска“ опција. Ние осуммина сме најновите виновници зашто на ресетираното друштво од Бихаќка никако да му тргне. Би сакала на авторот во македонскиот „Глобус“ да му ги разбистрам збрканите мисли за да направи разлика помеѓу конвертитство и поддршка на реформи, да открие што се принцип и интегритет, а што опортунизам и идолопоклонство, што се слобода и демократија, а што демократски централизам и тоталитарност.
На СДСМ и недостига политички идентитет. Таа хронично страда од недостиг на принципи: принцип е основна вистина или појдовна позиција која служи како темел за изградба на систем, уверувања и однесување. Ако една политичка партија отстапила од принципите (темелните вредности) на кои ја заснова политичката идеологија и ги жртвувала за дневните потреби и интереси, таа во очите на луѓето (консументите) станува политички шкарт. Во конкретниов случај, левица која од позиција на власт, нескрупулозно ги згази сите човечки и работнички права при приватизацијата во која целокупниот општествен имот го трансферираше на десетина директори, левица која мисли дека само таа има природно право да владее, левица која жестоко се бори против правото на својот народ да ја осознава, анализира, превреднува и слави интегрално сопствената историја, да има, како и секој друг народ во светот, свои национални митови, не може да очекува успех. Партија која не се потруди макар нешто да изгради, која 15 години немилосрдно го крчмеше наследството создадено од претходната генерација, која не умееше да прави реформи, која ниту еднаш не даде отчет за тоа како ги троши народните пари, која никогаш не го консултираше својот народ за државните и национални политики, е антиисториска. Антиисториско партиско јадро две децении се обидува транзицијата да ја претвори во траен политички систем што е по дефиниција антисистем.
Левица која 15 години тврдеше (а ние и верувавме) дека името е света работа и не го даваме, која тврдеше дека двојната формула е единствениот можен компромис, а времето работи за нас, не може да очекува да биде разбрана од својот народ кога пет години отворено заговара прифаќање на грчкиот диктат за обезименување на македонскиот народ, оти времето работело против нас. Одговорна партија никогаш не изјавува дека бланко ќе поддржи кое било име што ќе го договори „предавничката“ десница. Не повикува странска сила да го опамети народот што го нарекува македоноиден. Не кодоши во Коминтерната. Јас жестоко ги критикував ВМРО и Љупчо Георгиевски, зашто сметаше дека сме Бугари со говорна маана, узурпатори на бугарската историја, народ без национална самосвест и белег, па не гледам причина зошто не би го критикувала и СДСМ, кој денес го тврди истото кога вели дека мојата национална историја нема континуитет, дека сé почнало од 1991 година со нивната државотворност, дека било забегано да се подигаат споменици и да се гради во центарот на Скопје, дека немам право на комплетна историја и естетика сосе антика и барок. Ако Мицковски бара конвертитство, ќе мора да го насочи погледот кон себе и на оние на кои им служи. Оти јас ништо од своите темелни уверувања не сум променила.
Правото на национален идентитет, кој ми го симболизира името на државата, не го сметам за берзански артикал на кој му паднала пазарната вредност. Оти во Втората светска војна со крвта на цела една генерација, и левичари, и десничари, е изборено правото на Македонецот да има своја држава Македонија, за во неа и пред светот да биде она што е, за да не го интернираат во вагони или да го цивилизираат во конц-логори како што им прават на Ромите повторно. Не е мој проблем што СДСМ и по две децении од падот на Берлинскиот ѕид се однесува како хроничен рецидивист кому стравотно му недостига авторитарен центар на моќ и демократски централизам за да може да функционира. Затоа, како антизападен ерес ги доживува моите критики на двојните стандарди, на хипокризијата и лицемерието што се манифестираат во политиките на НАТО, ЕУ и на САД. Ако својот критички став слободно сум го изразувала во еднопартизмот, не гледам причина зошто сега, во демократија, би се стеснувала да критикувам појавни облици на наци-фашизам и неоколонијализам. Европа е во мојата агенда само како слободна и демократска. Никако како шовинистичка и ксенофобична. Кохабитација со таква ЕУ е по дефиниција злостор против човештвото и во таква историја е непристојно да се учествува.
А што се однесува до моето наводно десничарење, морам да кажам дека како и мнозинството Македонци, не можам, а да не видам дека актуелната влада, новата политичка генерација на десницата со многу полет, ентузијазам се нафати со тешки реформи за да ја извлече Македонија од друштвото на темни балкански вилаети. Зошто би ми пречело подигнатото самочувство, амбициите, еланот? Зошто да не ги признаам нејзините евидентни усилби како што и ги гледам и мааните. Напротив! Им се радувам од сé срце. Им посакувам успех зашто ќе биде национален. Камо среќа и СДСМ да го преземе политичка генерација со интегритет, знаења и полет! Интегритет имаат луѓе кои својот карактер и поведение ги засноваат на темелни принципи. Да го земам како пример Васил Мицковски. За да каже некому дека е конвертит или слуга, тој мора да ги наброи принципите што некој (јас) ги напуштил и да ги легитимира своите што во секоја пригода ги брани. Но Мицковски беше и остана мало опортунистче, кое мисли дека ако заигра тенис со американскиот амбасадор и му дозволи да го победи, по автоматизам ќе стане амбасадор на Македонија. Заради „принципот“ на мување на левакот од „Глобус“, пет години се м’кнев по судови соочена со поразителниот факт дека тој, како главен уредник на ПУЛС, фалсификувал патни налози. Замислете си го моето изненадување кога на суд видов туце „каса прими“ фактури на НИП „Нова Македонија“ на кои, со мое име и презиме како неприкосновена пропусница (зашто сум била блиска со шефот), а за измислени службени патувања на кои главниот уредник фиктивно ме испраќал со негов потпис, тој кеширал „народни пари“ од НИП и со неконвертибилните перјаници на денешен „Глобус“ јадел и пиел во скопските кафеани. Тој ли систем им го руши овој антисистем на кој јас му слугувам? Тој „систем“ во земјите на ЕУ се вика криминал и за такво дело се оди во затвор. Принципиелно! Се си мислам дека оние што се прогласуваат за историски спасители, ако се доберат уште еднаш до власт, ќе сторат сé да го реставрираат единствениот полусистем во кој виреат, а тој води кон никаде.
Автор: Мирка Велиновска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91010951439&id=13&prilog=0&setIzdanie=22079

![mirka[65].jpg](/proxy.php?image=http%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2FUploads%2FNews%2Fmirka%5B65%5D.jpg&hash=0c9386ae37b8e77c4318b7263003ea4f)