@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
:smir:Груевски:smir:: Нема напредок во преговорите за името
27.11.2009 - 18:11 |
Нема напредок во решавањето на разликите меѓу Скопје и Атина околу употребата на уставното име на Република Македонија, потврди македонскиот премиер Никола Груевски по вечерашната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во местото Пили, на грчкиот дел од Преспа, оценувајќи дека сепак разговорите биле корисни, јави известувачот на МИА.
- Ваквите контакти се добри и полезни, иако не секогаш носат резултати. Овој нов имплус што го имаме сега е добар. Само со дијалог можеме подобро да се разбереме. Го поздравувам овој нов бран што го имаме од неодамна со владата од Грција. Се надевам дека така и ќе продолжи, да разговараме и да се среќаваме и на тој начин подобро и ќе се разбереме, изјави Груевски.
Папандреу на средбата ги изнел истите позиции што ги презентирал грчкиот преговарач Адемантиос Василакис на последната средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, а кои од македонска страна беа оценети како максималистички.
- Во однос на позицијата во врска со нашето уставно име морам да кажам дека практично денеска ми беше соопштено оти грчката страна останува на позициите кои ги презентираше нивниот преговарач во Њујорк, како поврзано со името, така и со идентитетот, и во тој поглед не можам да кажам дека имаме некаков прогрес, рече Груевски.
Двајцата премиери се согласиле дека и покрај ваквите нивни директни средби, преговорите за името продолжуваат под покровителство на ОН.
Груевски апелирал Атина добро да размисли за чекорите што ќе ги преземе во декември на Самитот на ЕУ на кој треба да се одлучува за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи според него, со блокади и уцени проблемот нема да се реши, туку дополнително ќе се влошат односите меѓу двете земји.
- Побарав од Папандреу уште еднаш да размислат за она што треба да се случува во декември т.е. за неставање блокада за добивање датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Укажав дека искуствата од минатото, особено од Букурешт, кажуваат дека тоа не е начинот да се принуди некој да направи нешто. Напротив, букурешкото искуство и блокадата што беше ставена тогаш дополнително ги влоши односите, дополнително не одалечи и како што гледате во оваа 1,5 година имавме подалечени позиции отколку што имавме во Букурешт. Доколку некој смета дека со блокада, веднаш, уште наредниот месец ќе го реши проблемот, тоа се покажа како неточно и ја влошува атмосферата, а се надевам дека и Грција тоа не го сака. Затоа, апеларив уште еднаш да се размили пред да се преземе чекор кој што ќе има негативни далекусежни реперкусии во односите меѓу двете држави. Не е европски пример некој некого да блокира, да притиска и да уценува, изјави Груевски.
Покрај преговорите во Њујорк, тој очекува да продоат и директните билатерални контакти и дијалог.
- Отсуството на средби во минатото не влијаеше многу добро на односите. Но, тоа отсуство не беше по наше барање. Мислам дека што почесто се среќаваме ќе биде подобро и така се поголеми шансите да се дојде до решение. Разговорите треба да ги продолжиме и да најдеме решение. Тоа е наш државен интерес. Со блоокади и уцени не се постигнува прогрес. Тоа се постигнува со разговор, дијалог и со разбирање на потешкотиите на едната страна и со вбризгување на позитивна енергија, а не со негативни изјави, закани и уцени, рече макеоднскиот премиер Никола Груевски по тет-а-тет средбата со шефот на грчката Влада.
Јоргос Папандреу, пак, во изјава за грчките известувачи од средбата, изразил надеж дека е можно решение за името во наредните неколку месеци или една година. Прашање кое трае 18 години не може да се реши за неколку дена, рекол грчкиот премиер.
27.11.2009 - 18:11 |
Нема напредок во решавањето на разликите меѓу Скопје и Атина околу употребата на уставното име на Република Македонија, потврди македонскиот премиер Никола Груевски по вечерашната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во местото Пили, на грчкиот дел од Преспа, оценувајќи дека сепак разговорите биле корисни, јави известувачот на МИА.
Папандреу на средбата ги изнел истите позиции што ги презентирал грчкиот преговарач Адемантиос Василакис на последната средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, а кои од македонска страна беа оценети како максималистички.
- Во однос на позицијата во врска со нашето уставно име морам да кажам дека практично денеска ми беше соопштено оти грчката страна останува на позициите кои ги презентираше нивниот преговарач во Њујорк, како поврзано со името, така и со идентитетот, и во тој поглед не можам да кажам дека имаме некаков прогрес, рече Груевски.
Двајцата премиери се согласиле дека и покрај ваквите нивни директни средби, преговорите за името продолжуваат под покровителство на ОН.
Груевски апелирал Атина добро да размисли за чекорите што ќе ги преземе во декември на Самитот на ЕУ на кој треба да се одлучува за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи според него, со блокади и уцени проблемот нема да се реши, туку дополнително ќе се влошат односите меѓу двете земји.
- Побарав од Папандреу уште еднаш да размислат за она што треба да се случува во декември т.е. за неставање блокада за добивање датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Укажав дека искуствата од минатото, особено од Букурешт, кажуваат дека тоа не е начинот да се принуди некој да направи нешто. Напротив, букурешкото искуство и блокадата што беше ставена тогаш дополнително ги влоши односите, дополнително не одалечи и како што гледате во оваа 1,5 година имавме подалечени позиции отколку што имавме во Букурешт. Доколку некој смета дека со блокада, веднаш, уште наредниот месец ќе го реши проблемот, тоа се покажа како неточно и ја влошува атмосферата, а се надевам дека и Грција тоа не го сака. Затоа, апеларив уште еднаш да се размили пред да се преземе чекор кој што ќе има негативни далекусежни реперкусии во односите меѓу двете држави. Не е европски пример некој некого да блокира, да притиска и да уценува, изјави Груевски.
Покрај преговорите во Њујорк, тој очекува да продоат и директните билатерални контакти и дијалог.
- Отсуството на средби во минатото не влијаеше многу добро на односите. Но, тоа отсуство не беше по наше барање. Мислам дека што почесто се среќаваме ќе биде подобро и така се поголеми шансите да се дојде до решение. Разговорите треба да ги продолжиме и да најдеме решение. Тоа е наш државен интерес. Со блоокади и уцени не се постигнува прогрес. Тоа се постигнува со разговор, дијалог и со разбирање на потешкотиите на едната страна и со вбризгување на позитивна енергија, а не со негативни изјави, закани и уцени, рече макеоднскиот премиер Никола Груевски по тет-а-тет средбата со шефот на грчката Влада.
Јоргос Папандреу, пак, во изјава за грчките известувачи од средбата, изразил надеж дека е можно решение за името во наредните неколку месеци или една година. Прашање кое трае 18 години не може да се реши за неколку дена, рекол грчкиот премиер.
Папандреу го оценил како позитивен ангажманот на меѓународната заедница во решавањето на спорот за името, посочувајќи оти процесот за затворање на прашањето продолжува под покровителство на ОН.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/gruevski-nema-napredok-vo-pregovorite-za-imeto