ГСС според мене беа супер, мене лично ми беше подобро на Горилаз отколку на ФБС... Лупаа, пееја, свиреа и пуштија буквално се и сешто
Народ слободно можам да кажам премалку, со оглед на тоа дека биле дадени илјадници гратиси. Во Метрополис слободно можеше фудбал да се игра во позадина, а за 3 хала и да не зборуваме...
Околу 2 саат бев во 3 хала, иако не поштувам транс сепак се изненадив од одличното журкање
Голема замерка до организаторите, можевте барем да наместите во позадина едно одбројување да оди, сепак НГ беше, а не едни си честитаат порано, други покасно. Сепак како што кажав новогодишна журка е, редно е да има некој да пушта музика или да свири пред 12ч, а не журката да почнува во 12:10-15
Пак ќе повторам дека журката беше одлична, иако според мене можеше организацијата да биде многу многу подобра. Читам дека некои луѓе кои сакаа да дојдат да се журкаат не успеале да земат карти, а притоа илјадници карти непотребно се дадени на луѓе (познаници) кои до 3-4ч дремеле во кафана, а другите дупето го избришале со картата... Доколку се наплаќаше карта за вчера, во 2те хали немаше да има ни 1000 луѓе :smir: