- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Спор со Грција и за Преспа и за Дојран?
Грчки пратеници инсистираат Папандреу да побара над 30 отсто од македонскиот дел од Преспанско и Дојранско Езеро, кој на Грција наводно и следува според документи на Обединетите нации
Грција да побара над 30 отсто од делот на Преспанското и Дојранското Езеро што и припаѓа на Македонија затоа што оваа површина од двете езера и следува според документите на Обединетите нации.
Ова преку писмо до грчкиот премиер и министер за надворешни работи, Јоргос Папандреу го побарале двајца грчки пратеници од грчката ултрадесничарска партија ЛАОС. Грчките ултрадесничари се обидуваат да го убедат Папандреу покрај спорот околу името, да отвори и спор за езерските води со Македонија. Двајцата пратеници во писмото до Папандреу пишуваат дека документите на ООН предвидуваат оти во случај две соседни држави да се граничат на природно езеро, две третини од езерската вода и припаѓаат на поголемата држава, а една третина за помалата земја. Парламентарците од Грција пишуваат дека Македонија наследила поголем дел од двете езера затоа што границата се исцртувала додека нашата држава била во рамките на Југославија, која била поголема по територија од Грција. Според нив, Грција како поголема држава од Македонија, треба да добие две третини од двете езера, а на Македонија да и остане една третина од Преспанско и Дојранско Езеро. Пратениците од ЛАОС ова прашање го покренале и на последниот брифинг на заменик-министерот за надворешни работи Димитрис Друцас во грчкиот парламент. Тие го прашале Друцас „дали Владата има намера да побара легална гаранција за суверените права на Грција на езерата“, нагласувајќи оти се плашат дека „Папандреу ќе им го даде грчкото парче во знак на добра волја“. Ваквото барање на грчките пратеници доаѓа неколку дена пред најавената средба на Папандреу и неговиот македонски колега Никола Груевски, токму во Преспа, на грчка територија. Примарна тема на разговор на регионалната средба меѓу премиерите на Македонија, Грција и Албанија ќе биде екологијата во регионот на Преспанско Езеро.
Професорите по меѓународно право и по географија оценуваат оти ваквото барање е ситна грчка провокација и политички притисок врз Македонија. Дел од нив барањето го толкуваат како знак за територијални претензии што е спротивно на Привремената спогодба, во која стои дека двете земји меѓусебно ќе го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитет.
Професорот по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев, објаснува дека во Обединетите нации постојат насоки за решавање на граничните прашања на езерски води што немаат обврзувачки карактер затоа што не се официјални документи.
- Ваквата поделба на езерата е предвидена во еден вид насоки, препораки на Обединетите нации што не се документи од цврст карактер. Грција нема никаква правна основа да постави такво барање и ова е само еден трик и обид на Грција да ја тревожи Македонија - смета Јанев.
Според професорот од Правниот факултет Тони Дескоски, ваквото писмо на грчките пратеници е само ситна провокација.
- Границата меѓу двете држави е утврдена со меѓународен договор меѓу Кралството СХС и Грција, а ваквото барање е спротивно на Привремената спогодба - вели Дескоски. Професорот од институтот за географија, Благоја Маркоски објаснува дека граничната линија со Грција е поставена одамна и затоа барањето е нелогично.
- Тоа не е логична ситуација затоа што границата постои одамна. Ова прашање е суптилно и чувствително - вели Маркоски.
Само Македонија е трн во око
Македонија има 65 % од Преспанско Езеро, додека на Грција и припаѓаат 17 %, а Албанија, која воопшто не е спомената во писмото на грчките пратеници, има 18 % од површината. Мала Преспа се наоѓа на територијата на Грција и само мал дел во Албанија. Од 41 км2, колку што зазема Дојранско Езеро, 27 км2 и припаѓаат на Македонија, а 15,8 км2 на Грција. Во согласност со Букурешкиот мировен договор, Белград и Атина ја утврдиле границата во август 1913 година.
Автор: Ивана Костовска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112691035323&id=9&setIzdanie=21847
Почнаа и со територијални претензии има ли крај на Гејовскиот терор...