Воскреснатиот Исус и дванаесетмината апостоли

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Jas se izvinuvam sto upagam vo temava no Ada zarem ti najde da zboruvas za potsmev i za citanje sto drugite napisale...barem ne navreduvaat filozofii i proroci kako ti sto navreduvas vo tekstot pogore sto go pastirav a e napisan od tebe....uste ednas se izvinuvam sto upadnav.....
Не знам како го убаци манипулаторов у муабетов, односно како најде нсз, али ај да одговорам.

Како што ставот за Хитлер и Бранко Црвенковски ми е потсмев и гадење, така е и за Кроули. Нема тука разлика, ниту е можна паралела со она што претходно говорев.
 
Уште еден интересен дел...Било која религија официјална, заедно со креационистичките учења, на никаков начин не се косат со еволуцијата или со било кое друго научно сознание.

Самите нивни концепти, апсолутно НЕМААТ точка на колизија.

Поинаку, еволуцијата не негира Бог/креатор.

evolution.gif


една слика илјада зборови,башка ембрионот во почетна фаза и кај човек и кај инсект е ИСТ.
 
evolution.gif


една слика илјада зборови,башка ембрионот во почетна фаза и кај човек и кај инсект е ИСТ.
И?

Како конкретно тоа се коси со Библија/креационистички учења?
 
Смарт Ес ај избриши си го постот затоа што пастираш работи што не ги имаш прочитано.

Хинт: Објаснувањата под сликата.
 
"Professing themselves to be wise, they became fools"

:back:

Едит:

Иако си стави слика што побива, интересно е и да се спомене како современата наука, ревидирајќи ја Дарвиновата теорија, трвди дека модификациите во склоп на одреден вид имаат свои граници, или, како што го сублимираа истото, цитирам: "Бактеријата не може да постане ништо друго освен бактерија".
Ова и Дарвин го имал во предвид, односно бил свесен за извесниот лимит што се однесува до менување на видовите, но тоа го разрешил со тоа што, прилично недоследно заклучил дека истото во дивината не важи како правило.
 
Конечно, кој е 12 апостол?

Оти отидовте во креационизам vis-a-vis еволуционизам!
 
Смарт Ес ај избриши си го постот затоа што пастираш работи што не ги имаш прочитано.

Хинт: Објаснувањата под сликата.

абе го прочитав:pos2:

Малце сенс за хумор...јасно е тоа ама сликата е 1000 зборови.

Ада ова се коси бидејќи докажува како во зависност од животните услови организмите се адаптирале-за да опстанат,имаме мимикрија како еден тип на одбранбен механизам,понатаму предупредувачки бои(бубамарата,има црвено црно) затоа не ја напаѓаат.

ако сликата,хомоеректус,и сл не е доволно ајде ова

Ембрионите

Baer_embryos.png


Исто така хордатите се типичен пример за преминот од безрбетници кон рбетници.
 
Слушајте вака арогантни дечаци.

Прво на кретен не се обраќате.

Второ, ако ги знаете сите букви од азбуката, ќе знаевте и да прочитате дека воопшто не го проблематизирам вашето поставување прашања, туку евидентната малициозност во потсмевот со кој пристапувате на тематиката.
Значи за нешто кое се појавува како глобална феноменологија зборам.
Јасно или да цртам? (патем, тоа одлично го правам)

Инаку, вчера еден научник многу концизно даде опис на ваквите ко вас...Сакаат да бранат научни тези и докази, а религијата и креационизмот ги напаѓаат само со потсмев, што е далеку од научен метод.

И пак нигде ни една буква (а ни одличен цртеж) кој е тој дванаести апостол на кој воскреснатиот Исус му се јавил?
 
Па неколку месеци по воскресението .. .да Матеј ... По самото воскресение ... незнајме за сега ... Мики тврди дека е Кифа - Кепха ... Ама кифа се доказва дека бил Симон Петар . Јас сум со поделено мислење мегу Јехуд(а) и Мариа Магдалска ... Јехуд(а) сметам дека не се обесил .. и дека приказната за предавството е со многу покасен датум придодадена ( јас предпоставувам некаде околу востанието на евреите предводено од Бар - Кохба ) .
Али генерално не сме стиганале до заклучок кој е 12 тиот апостол при првата појава на Јешуе по воскресението ... ПОшто Матеј е избран многу покасно .
 
Ај малку неемотивен, научно-емпириски приод, Ада.

Претпоставка: Библијата е совршено слово.

Хипотетички силогизам изведен од основната претпоставка: Ако е словото совршено, тоа не може да содржи контрадикторности.

Хипотеза за проверка на вистинитоста на претпоставката: Библијата е несовршена поради постоечки контрадикторности.

Аргумент 1: Според Словото, Исус се обраќа на 12 апостоли. (on topic)
Аргумент 2: Според Словото, во тој момент има 11 апостоли.

Елаборација: 11≠12, односно (Аргумент 1) ≠ (Аргумент 2) => котрадикторност => потврдена хипотеза.

Логички заклучок: Претпоставката не е вистинита, односно Библијата не е Совршено слово.

Е, отприлика вака, без емоции и задни намери, еден аматерски обид за научно толкување на само еден аспект од поставената тема - веродостојноста на фактичката, буквална содржина на спорниот текст.

Некој друг би можел оваа тема (што ја дискутираме овде, види горе) да ја обработи од хронолошки аспект, како Лет, на пример, или од историско/културолошки, како Лет, повторно, или од морално етички, како Гарфилд. Смарт Ес ја погледна темата од психолошки аспект, а јас, еве, се задржав на математичко-логичкиот.

А ова:
Игнорантноста ваша е гадна.
ГАДНА.
Плукате нешто за што врска немате.
...ова е според мене, предмет за дебата за некои од вистинските вредности на оваа вера - толеранцијата и неосудувањето.

Врска немаш колку знаеме или не, нели?
Не се вика така.
 
Нели бајаги подоцна е биран со таксе мааш, шо значи не бил присутен кога бог им се јавил на дванаесетте апостоли, од кои еден е обесен.
 

Откако Исус му се покажал на апостолите, се вознесол на небото па после апостолите (11 или 12 зависи која библија е твојата) се вратиле во Ерусалем и со ждрепка го одбрале Матеј

Така да Матеј не го пикајте во прикаската, тој се појавува предоцна за да ја спаси ситуацијата.
 
Нели бајаги подоцна е биран со таксе мааш, шо значи не бил присутен кога бог им се јавил на дванаесетте апостоли, од кои еден е обесен.

Матиј е избран некаде помеѓу 40от и 50от ден од Христовото воскреснување или некаде помеѓу Неговото вознесување на Небото и Педесетницата (која слегол Светиот Дух врз апостолите. (Дела 1)

Матиј бил присутен кога Исус им се јавувал на останатите 11 апостоли, затоа што тоа бил условот за избор на апостол наместо Јуда Искариот.

„И така, потребно е пак, еден од оние луѓе, кои беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде при нас и си отиде од нас - почнувајќи од Јовановото крштавање до денот, кога се вознесе од нас да биде сведок заедно со нас, на Неговото воскресение. И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, наречен Јуст, и Матиј. И се помолија, велејќи: „Господи, Ти, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого си го избрал од овие двајца, да го прими местото во оваа служба и во апостолството, од кое отстапи Јуда, за да отиде на свое место!” И фрлија жрепки за нив; и жрепката падна за Матија и тој се вброи во Единаесетте апостоли.“
(Дела 1:21-26)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom