Exit 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Возраст
36
Влезниците за Exit 2010 од 7-ми декември

24A44523210A1C4C94997D919B6B36A0.jpg
Продажбата на влезните билети за Exit 2010 ќе започне во понеделник, 7-ми декември, точно на пладне. Сите заинтересирани, влезниците можат да ги набават преку сајтот www.gigstix.com.

Најбрзите ќе имаат прилика да нарачаат ограничен број на влезници по цена од 4.990 српски динари, што претставува попуст од 50% од редовната цена, која изнесува 10.990 динари.

Откако ќе се распродаде контигент со овие билети, следна цена ќе биде 6.490 динари. Повеќе информации за фестивалот ќе најдете на официјалниот сајт www.exitfest.org.

Важно за најголемите фанови: На 25-ти ноември најголемите фанови на Exit, кои со години купуваат билети, ќе можат да обезбедат влезници по ексклузивна цена од 3.990 динари.

За точната дата на продажба тие ќе бидат, фановите ќе бидат известени преку и-мејл.
 
И стандард ко секоја година, месец дена пред фест картите во југотон ќе се по цена од 3450 денари :icon_lol: ова е само патка да дадете на време пари...
Има време до 10ката, ако не видам Massive attack, Gorillaz, Jamiroquai...веќе не одам на Егзит, нека одат тие што не биле...
 
Продажбата на влезници за единаесетиот Егзит фестивал, кој ќе се одржува од 8 до 11 јули 2010. година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, стартуваше во понеделник 14 декември во Македoнија. Првата промотивна цена за ограничениот број билети со специјален попуст за најбрзите фанови ќе чини 3.030 денари.

И оваа година има и пакет понуда за 4.850 денари за која добивате влезница, камп и превоз.

Побрзајте!!

Картите за Егзит можат да се купат само во Југотон. Сите информации околу цената и начинот на купување билети посетителите можат да најдат со помош на следниов линк. http://www.myexit.org

Егзит фестивал повторно беше номиниран за најдобар фестивал во Европа и тоа на „Best Major Festival“ награда за која ќе се борат најважните и најголемите европски фестивали. Virtual Festivals Europe

првиот онлајн портал за организаторите на европски фестивали и нивната публика во соработка со Yourope, европската асовијација на 56 најголеми фестивали во Европа организира по прв пат доделување на награда за најдобри европски фестивали, попедниците ќе се одредат со гласање на итернет преку страницата www. eu.virtualfestivals.com.



Фестивалската публика од целиот свет на едноставен начин може да се регистрира како би гласала за номинираните фестивали. За „Best Major Festival“ наградата за која е номиниран Егзит фестивал може да се гласа до 16 декември на сајтот www.eu.virtualfestivals.com. Сите кој учествуваат во гласањето се потенцјални добитници на влезница за победничните
 
Se nadevam deka ke mozam pak i ovaa godina da go posetam festivalov ... line up-ot sega za sega e odlicen !:)))))
 
Chemical Brothers! конечно... си купив карта :)
 
Chemical Brothers ! ! !

Уште еден роденден ќе прославам на ЕГЗИТ очигледно!

Прошла година 18-тиот на Продиџи, 19-тиот на Хемијските Браќа ќе биде! Едвај Чекам, плус ако соберам поголемка екипа оваа година, уше боље!
 
Лајн-апот кој го објавија денес, ќе биде надополнуван или ќе остане вака како што е сега?
 
Лајн-апот кој го објавија денес, ќе биде надополнуван или ќе остане вака како што е сега?
Нормално дека ќе биде надополнуван, има уште доста време.
Засега само тројца артисти на мејн стејџ објавија.
Се сеќавам минатата година Продиџи негде крај на мај ги објавија.
Се слушаат муабети за Daft Punk и Justice, колку се точни ќе видиме, има време.
 
Нормално дека ќе биде надополнуван, има уште доста време.
Засега само тројца артисти на мејн стејџ објавија.
Се сеќавам минатата година Продиџи негде крај на мај ги објавија.
Се слушаат муабети за Daft Punk и Justice, колку се точни ќе видиме, има време.

А Мјуз?
 
нешо инфо за хип хоп делот на ЕГЗИТ?
 
Како ли јас да пораснам, се до Петроварадинска трврдина, се до Егзит, далеку. :смарт:


Колку артисти имам пропуштено на Егзит многу години, ќе се изедам жив. Кемикал Брадрс се причина плус да се бедирам за оваа година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom