ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Баба: Cинкооо ај ако сакаш стани да седнам ме болат нозеве а и со торби сум товарена..
Јас: Бабо... а ти имаш синови?
Баба: Ахх имам синко и тоа два сина имам..
Јас: А снаи имаш бабо?
Баба: и тоа имам синко 2 снаи имам..
Јас: А внуци имаш бабо?
Баба: И фнучиња имам бабе...
Јас: Па што бараш ти да идеш по пазари да купуваш, они неможат па тебе те остаиле??? НЕ ТИ СТАНУВАМ СЕГА ДА ЗНАЕШ
Баба: Ама синко ти си млад можеш да стоиш вака така...
Јас: Не не не.. ја ти реков не станувам исто плаќам како и тебе си фатив место а ти снаоѓај се...

НАЈМНОГУ од се ме ку*чи кога ке влезе вака некоја претоварена со патлижани пиперки и што ти не и коа ке ти се обеси над глава или па коа ке ти рече ај стани да седнам неможам... е тука пукам од нервоза и НИКАД НЕ ИМ СТАНУВАМ!!! освен во екстремни случаеви кога ке видам некоја со бастум или едвај иде.. а за тие шо пазаруваат по 500 работи и со бус се возат НИКАД нема да им станам!!!

Само помисли како ќе ти биде,кога некогаш твоите ќе дојдат и ќе ти раскажат ваква случка што им се случила во автобус со некое дете,се надевам нема да ти е сеедно.

Мене ме нервира само што кашлаат како луди во автобус без да стават рака или шал на уста.
 
Значи ова кондукторот денеска колку беше забеган човече не е можно дури:jaj:
Го чекаме превозот да дојде и кога стигна ни вели:Купете си билети од билетарата.А билетарата е одамна веке затворена.Ни рече ај качувајте се ке купите од соседниот град и подоцна ке продолжиме кон градот кај што учиме.Така и беше.Слеговме во другиот град и јас со две другарки излегов и купив билет и влегов во автобусот.Му реков убаво:Почекај не кренувај има девојче со торби во багажот само да излезе да земе карта.Човекот не сакаше да ме послуша и замина.Кога и кажаа на таа што продава билети се влути како рис.
Додека патувавме немаше кај не застана автобусот.Има што да видеш, луге што смрдеа на кромид:uvo:запотени луге кои изгледа не слушнале за дезодеранс.А на еден здивот...подобро и да не зборувам.Влегоа и деца од 5-6 оделение и почнаа да се тепат во автобусот и да пискат а возачот не бере гајле.Едвај чекав да се симнам а се надевам дека нареден пат нема да се возам со тој.Јеби га нов е...ама и не е секој за кондуктор:tapp:
 
Ако ја најдам теткицата што вози 22 на улица ќе ја претепам. Поради неа летнав од преден на заден дел од автобусот и ќе убиев човек за малку, ај да ја видам свои деца така нека вози, ебате ретардираното суштество
 
Абе реков јас.Не е секој за кондуктор.Возат како пијани да се.Како да возат стока во автобусите.Да се погоди некој полицаец да им ја зеде дозволата па да видеме дали нареден пат ке се осмели така да вози.
Човече еј,девојче остана без куфери вчера а тој ич не бере гајле а убаво му кажавме,децата се испотепаа во автобусот а нему око не му трепка:nesvest:
 
Ако ја најдам теткицата што вози 22 на улица ќе ја претепам. Поради неа летнав од преден на заден дел од автобусот и ќе убиев човек за малку, ај да ја видам свои деца така нека вози, ебате ретардираното суштество

да... ама со таа теткица,стигам до школо за 17-20мин, а со сите други 25...:vozbud::vozbud: жената вози ненормално лудо,се трка со останатите автобуси...

што ме нервира..??? кога некоја бабица,со свежо направена фризура,со бунда од 500еур на неа,со наочари (за сонце) ке се опне у автобус... е на такви не им станувам...:vozbud:
 
ЈАДНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ денес беше со lack of buses. 65 имаше на секои 10 минути а 9ка на пола саат.
И уште кога дојде возачот леташе пошо малку каснел. Кој залепен за прозор, кој набиен на држачите на столчињата, битно некако стигнавме.
Користам автобуси ама во последно време се мноооооогу одвратни.
Али ептен мрзам кога ќе се качи некој со јадење. Особено денес една женичка коа си гнетеше кикиритки па цел автобус смрдеше кај на пот, па уште и на печени кикирики:uvo:
 
Денес во тој автобус кај што бев леле:pop:внатре полиено се со вода и се лизгаш како да си на снег.Почна да се дере возачот како нездрав,труеше на кромид и пот.Седиштата испокинати,измачкани со кал да ти е гад да гледаш.Ноу комент:kesa:
 
да... ама со таа теткица,стигам до школо за 17-20мин, а со сите други 25...:vozbud::vozbud: жената вози ненормално лудо,се трка со останатите автобуси...

што ме нервира..??? кога некоја бабица,со свежо направена фризура,со бунда од 500еур на неа,со наочари (за сонце) ке се опне у автобус... е на такви не им станувам...:vozbud:
Ако си спремен да ризикуваш едната нога да ти остане во автобусот на излегување, супер, стигни за 8 минути порано во школо :vozbud:
 
ЈАДНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ денес беше со lack of buses. 65 имаше на секои 10 минути а 9ка на пола саат.
И уште кога дојде возачот леташе пошо малку каснел. Кој залепен за прозор, кој набиен на држачите на столчињата, битно некако стигнавме.
Користам автобуси ама во последно време се мноооооогу одвратни.
Али ептен мрзам кога ќе се качи некој со јадење. Особено денес една женичка коа си гнетеше кикиритки па цел автобус смрдеше кај на пот, па уште и на печени кикирики:uvo:

Хахаха тоа кикириките биле малку колку да ти замешаат мирис.. да не биде само пот да не е монотоно... Хахахха
 
Кога ја поставив темава не знаев дека ќе биде волку успешна-за жал:uvo:
Мислам дека првобитниот наслов што го ставив беше Случки во Јсп ама по напишаното претпоставувам Гладиус укопчал дека насловот е ШТО ВЕ НЕРВИРА попогоден па го изменил:pos2:Неисцрпни се автобусиве наши,нема збор ама искрено до шоферите и до контролата не иам замерка колку до народот во нив што се вози.А ви се случило да видите автобуси од исти број пет по ред како идат во еден правец а ниеден не проаѓа во спротивниот кај што чекаш ти?Е и тоа чудо го имав видено еднаш.
 
Интересна тема... има доста за пишување, али вака... во рани утрински часови...
Ме нервира таа плавата типка што ја вози 35-ка (обично во 6и50 сабајле), секогаш кога полагам тешки испити таа ми се погаѓа... Вози како да е на рели, ма какво рели, Формула 1, кривините ги фаќа како Луис Хамилтон, кочи како Монтоја, некогаш цревата ми се превртуваат и едвај издржувам да не напраам некоја белја :nerv:
Исто се нервирам и кога ќе ја поткачам главата на тие шипките што се за држење, или па на вратата кога слегувам... уф ама боли :pos:
 
Ме нервира коа нема толку гужва у автобусот, али ти се лепат луѓето до тебе и ти дишат над глава или у врат. Исто многу ме нервираат контролорите кога ќе начекаат некој без карта парче го праат. Пиши му казна и готово, без дерење плисс :)
 
контролорите се прават мангупи низ град ама низ некои села јадат ќотек како млади магариња
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom