Нормално дека ќе ти ја негира црквата. Информирај се на кој начин се формирала МПЦ. Цитат од Време " Односите меѓу Македонија и Србија се затегнати поради непризнавањето на автокефалноста на МПЦ од страна на СПЦ. Спорот меѓу двете цркви трае од 1967 година кога МПЦ под притисок на Кумунистичката партија прогласи автокефалност" значи ни самите свештеници не сакале да формираат одвоена црква туку тоа го направиле под притисок на комунистите кој незнам дал си информиран беа против религијата. Често го користите тоа "Сте ја ослободувале Србија" но вечином од борците меѓу кој цела омладина во тоа време од СЦГ пак ќе иде да ратува за Србија. Никогаш не ги спомнувате Кумановска битка, Солунски фронт, битки кој се воделе против заедничките окупатори. Посветени сме на Србија ( нас повеќето ) затоа што ја чувствуваме како едина отаџбина. Територија не сте им дали вие туку цела денешна Македонија ви е поклонета, или подобро речено остапена. не сте биле никогаш окупирани од Србија бидејќи за да се окупира една држава таа треба претходно да постои. Прва македонска држава според мој информации е 91 година. Од 91 година Српска војска овде не влегла ( барем не официјално и тие што влегле, влегле 2001 година за да ратуваат можеби за пари против албанските терористи). Многу ми е криво што се влошуваат односите со Србија, лично ме погаѓа, но сепак кога веќе сте решиле да се е.ете треба да научите и да го примате. Свесен сум дека Грција игра прљаво, но зар и Америка не изигра уште попрљаво кога 99 година бомбардираа телевизии, згради и убиваа цивили низ цела Србија а вие односно владата на РМ не мрдна ни со мало прсте за да ја спречи агресијата од своја територија. Тогаш Србија можеше да ја срамни цела Македонија со земја оправдувајќи го тоа како одбрана на својата територија. Кој го спречи тоа ?? Ние Србите во Македонија, прво ја запаливме амбасадата и после протестиравме неколку месеци на плоштад давајќи слика дека цела Македонија е со Србија. Искрено верувам дека Србија нема да го повлече своето признавање на Македонија под уставно име но доколку го направи тоа ја подржавам бидејќи Македонија го призна Косово и покрај тоа што 90% од Македонскиот народ беше против. Може да ширите омраза меѓу двата народа колку сакате ( познат е форумов по тоа ) но нема да ви успее. Мнозинство народот го дели моето мислење. Поздрав и све најубаво.
ftopic:
Муабетов ми е нешто познат да не си баниран еднаш? :pos2::pos2::pos2:
Сега на темата:
1. Првиот болд информацијата не ти е точна!!! Македонците кои беа ставани во први борбени редови беа таму против нивна волја!
Никогаш не се бореле за Србија доброволно! Само да ти кажам дека последниот пат кога се тепаа за Србија едвај си ги вративме војничињата назад! А за претходно, дедо ми Бог да го прости ми кажуваше кога иделе да протестираат за Трст комедија. Ги однесле таму и ги терале да викаат Трст е наш! а Македонците единствени викале ТРТ е наш! Секогаш имало национална свет кај Македонците, Србите не се тие кои не направиле држава, ние „комшија“ не сме Јужна Србија!
2. Вториот болд лелеееееее информацијава ти вришти! Ќе мора да прочиташ ти некои книги, да разлисташ весници, да поразговараш со луѓе, или накусо појди во Историја и прочитај таму има документи дали имало или немало Македонска држава!
3. Ајдееееее немој мене да ми раскажуваш приказни колку Србија е во право да повлече признавање, Србија слободно може да прави што сака не дека мене нешто ми е гајле, само да ти кажам дека Македонија нема видено некој аир од Србија. А тоа дали ти поддржуваш повлекување на признавањето или не тоа е твое мислење и мене ич не ми е гајле, само да те потсетам дека оваа држава ти дава леба на маса!
4. Мнозинството од Србите или сите? Кое мнозинство бе?