Аватар - најскапиот филм во историјата!

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Typical ignorant behaviour. Да тие се глупави, а ние паметни.

Ако сакаш добра приказна земи читај книга :)

Се извинувам за оф топикот, ама некогаш толку претерувате...
Ај бе па и ти не ми се филмај тука, Амер еден. :)
Кај не си го глеал уште, запнал па го браниш....јеботе! :devil3:

Него, не си во право. Ако ништо друго, заслужуваме барем пристојна приказна. Ако не можат да направат пристојна (читни пер: НЕПРЕДВИДЛИВА) приказна, нека идат на Michael Bay формулата - експлозии во прва минута, предвидливите сцени идат први...едноставно, филмот да не те прави глуп.

Мајкл Беј како режисер го ругаат сите, али бар типот знае кога има шит приказна (како во T2), па не го тупи 3 саати и одолговлекува. Јас ќе ти кажам, вчера буквално секој од НЕПРЕДВИДЛИВИТЕ делови, се гледаше од километар...и тоа без двоглед. Ефекти ѕверски, 3D-то не го сумњам уште побетер (на англиски бетер)...

Али премногу тупење, бар за мене. Ме импресионира графички, али како филм...без ефектите?
Чист fail. :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Уфф филмов е од утре премиерно и во овдешното ИМАКС кино, мераци :vozbud:

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ќењатори увек ќе се најдат, секаде, за да можат да си дркаат дека се вон толпата, не контајќи дека се одамна обезличени во истата.

Не е срамота да се признае дека филмот, преку ефектите, ја носи филмографијата во нов правец, поради што го чини добар филмот, а кој сака приказни нека гледа IFC.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
За мене тоа не е филм него е цртан филм или анимиран како сакате.
Пример Final Fantasy The spirit within е исто добра анимација или цртан филм, како сакате, ама со уникатна приказна , одличен оргинален саундтрак so Melissa Williamson дури и ке кажам добри кадри и оргинални дизајни за вонземјани. Ама тоа е Јапонски тим и се разликува од амерички класични сценарија и визија како би требало да изгледа еден филм. Филмот треба да биде изведен уметнички. Пример земи филм на Ридли Скот... Неговите СФ филмови не ни биле признаени за најбољи филмови , ама до ден денес уште се гледаат и никад нема ни да се заборават.
Аватар е филм што трае 1 месец и после го заборавате зашто графиката напреднала и гледате бољи и бољи ефекти и тоа за вас се бољи филмови. Вие нема да гледате филм со добро сценарио и добра фотографија , добри сцени , добри реченици кажани у филм , музика , него ке гледате ефекти како штрумфови и роботи се тепаат за територија 90 минути. Видено милион пати.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ти реков, гледај indie film channel ако сакаш уметност, не барај уметност во Холивуд!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Јас го гледав филмот вчера и морам да признаам дека ме воодушеви...Одлична приказна, перфектно склопени ефекти итн...Заслужува да се изгледа барем еднаш, пред да се коментира дали е добар или не.:smir::toe:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ќењатори увек ќе се најдат, секаде, за да можат да си дркаат дека се вон толпата, не контајќи дека се одамна обезличени во истата.

Не е срамота да се признае дека филмот, преку ефектите, ја носи филмографијата во нов правец, поради што го чини добар филмот, а кој сака приказни нека гледа IFC.
Ја ти кажувам дека на обично платно, без 3D, филмот е за нијанса подобар од сите други во ефекти.
Затоа, како технолошки демонстратор е ОДЛИЧЕН, али како филм не.

А бидејќи подфорумот е Филм и ТВ, тоа и го дискутираме. Или сакаш да ги земам сега демоата од ATI и Nvidia, како и 3D Mark Vantage, па ако не да ги прогласиме и нив за филмови на годината? :)

П.с. Еве ти од Vantage-от, ако не си слушнал за него. :)

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Слушај Мац, приказната е сосема в ред за идејата која ја носи филмот, а тоа е комплетна анимација, компјутерски обработен, со фокус на ефектизацијата.
Аватар не беше стрипче и игрица, а??

Што приказна сакаш во Кол оф дјути ако се екранизира, а?

Идејата на Камерон не беше да добие оскар за сценарио, туку за ефекти.

А ако не веруваш, разгледај, тенденцијата е да се елиминира факторот bankable movie star, преку компјутеризација на ликовите, ефетуизација.

Приказна како Беоулф, каква што направија, со анимациите, со А. Џоли, А. Хопкинс итн, може вода под пенџере да му носи на стариот Беовулф, каде имаше глума пар екселанс, а иста приказна, ти текиња.

Така и ова. Аватар е првенствено за иновацијата во филмската техника.

П.С. Некој спомена за јапонските анимирани филмови?
Си ги гледал во 3Д? Со оваквие ефекти?
Која приказна ја има таму бе?

Него, морало да се кења.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Идејата на Камерон не беше да добие оскар за сценарио, туку за ефекти.

Така и ова. Аватар е првенствено за иновацијата во филмската техника.
Не може режисер да носи иновации.

Тој може да ги користи иновациите.

Не може режисер да добие Оскар за ефекти, туку студиото кое ги правело (како на пример ILM на Џорџ Лукас) може да го добие тоа.

Титаник и Терминатор, освен ѕверските ефекти, имаа и солидна и интригантна приказна. Ти реков, ако е за тоа, аиде ќе ги ставиме овие демоата од ATI и Nvidia, па нека конкурираат за Филм на годината?

И ако јас серам, тоа е зашто ти го прифаќаш фактот дека "ок е да се има филм со ефекти, а без приказна". Со ваков став, не е далеку моментот од Idiocracy, кога сите ќе гледаме гз на кино екран, а ќе се утепуваме од смеење.

Значи не, воопшто не е ок филм да има ефекти, а да нема приказна. Мислиш некој филм на Pixar ќе беше ремек-дело, ако немаше приказна?

Toy Story, Wall-E, Up и сличните освен ефектите (за мене тоа е анимација, али за другиве глеам ЕФЕКТИ биле), заедничко им е што имаат и одлична приказна, кул моменти кои и после 20 години ќе ни бидат интересни за глеање.

Затоа, Аватар ако е технолошки демонстратор, тогаш Џејмс Камерон ја утнал работата, тоа е факт. За 20 години кога ќе има 100 филма во 3D, филмов ќе ви биде потпросечен. Е, затоа не е ремек-дело.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не може режисер да носи иновации.

И ако јас серам, тоа е зашто ти го прифаќаш фактот дека "ок е да се има филм со ефекти, а без приказна". Со ваков став, не е далеку моментот од Idiocracy, кога сите ќе гледаме гз на кино екран, а ќе се утепуваме од смеење.

Значи не, воопшто не е ок филм да има ефекти, а да нема приказна. Мислиш некој филм на Pixar ќе беше ремек-дело, ако немаше приказна?

Toy Story, Wall-E, Up и сличните освен ефектите (за мене тоа е анимација, али за другиве глеам ЕФЕКТИ биле), заедничко им е што имаат и одлична приказна, кул моменти кои и после 20 години ќе ни бидат интересни за глеање.

Затоа, Аватар ако е технолошки демонстратор, тогаш Џејмс Камерон ја утнал работата, тоа е факт. За 20 години кога ќе има 100 филма во 3D, филмов ќе ви биде потпросечен. Е, затоа не е ремек-дело.
Пиши филм со приказна, а да не е филмувана книга!
И аман, живееме во конформирани стеги!
Го гледаше или кењаш онака?

Никој не споменува ефекти од типот на јебен 3Д само!
Оти има три де веќе одамна.

Туку за начините како е снимен, иновативноста во пристапот, елиминиацијата на додатните стеги кои ги ограничуваа филмографите.
И да, Камерон не е само режисер, туку е и продуцент, сценарист, газда во секоја смисла на зборот.

А ако сакаш специјални ефекти земи јади асид. Глупо звучи нели?
Ќе речев јади му го на Ацид, ама ај, хахахахаха!

Не звучи глупаво воопшто.

Спореди книгата, како Толкиновите кои се филмуивни и спореди што е подобро? Книгата или филмот?

И реков, сакаш уметност, иди на идни ченел, сакаш празнење мозок, оди гледај холивудски.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Еве ти еден филм, правен според книга, а подобар е од самата книга: Fight Club.

Исто така и Snatch, чисто како пример.

А Wall-E е ремек дело, ако веќе споредуваме анимација со приказна.

Дап, го гледав, а бидејќи мене не ми е прв филм со ефекти што го гледам, не се попалив одма за нив. Иако сум голем фан на специјални ефекти, ова овде не беше тоа, ова беше АНИМАЦИЈА.

Ти тврдам дека битката на крајот, ако ја споредиме со финалната во Трансформерс 2, на обичен екран = нема конкуренција. Е тоа ти е користење на ефекти, едноставно не запира акцијата цели 30 минути, доаѓа како да гледаш трејлер за филм од 30 минути, неверојатно.

Ако ти не си седнал да глеаш оригинален филм со приказна, не значи дека не постои таков. Не смееме да прифаќаме кога ни се нуди просечност и да ја величиме, дури ни кога е вака убаво "облечена".
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ај бе па и ти не ми се филмај тука, Амер еден. :)
Кај не си го глеал уште, запнал па го браниш....јеботе! :devil3:

Него, не си во право. Ако ништо друго, заслужуваме барем пристојна приказна. Ако не можат да направат пристојна (читни пер: НЕПРЕДВИДЛИВА) приказна, нека идат на Michael Bay формулата - експлозии во прва минута, предвидливите сцени идат први...едноставно, филмот да не те прави глуп.

Мајкл Беј како режисер го ругаат сите, али бар типот знае кога има шит приказна (како во T2), па не го тупи 3 саати и одолговлекува. Јас ќе ти кажам, вчера буквално секој од НЕПРЕДВИДЛИВИТЕ делови, се гледаше од километар...и тоа без двоглед. Ефекти ѕверски, 3D-то не го сумњам уште побетер (на англиски бетер)...

Али премногу тупење, бар за мене. Ме импресионира графички, али како филм...без ефектите?
Чист fail. :)
Верувај ми, на оваа наша генерација тешко дека во следните 10-20 години да се најде режисер кој ке направи непредвидлив крај. Кога можевме да предвидиме крајот на Орфан, Фајт Клаб, Инглориус Б, итн. Зарем на еден Аватар немаше? Искрено да ти кажам дека од трјелерот веке знаев што ке се случи, и не се фалам него сигурен сум дека и над 90% од тие што гледаа трејлер разбраа за што ке е филмот. Се знае за што ке е филмот, ефекти и само ефекти, испробана формула за успех. Така е и со 95% од игрите, графика и гејм плеј супер, приказна нула :). Тоа е и поентата на филмовите (знам дека знаеш, за другите го пишувам ова) седи и релаксирај се. Јас сигурен сум другите што плукаат по филмот тоа го прават само за да покажат дека ете умни си сме ние, нешто уфилмани ко Бада Бинг! Не знам која приказна ја барате од овој филм :), да беше барем малце реален ајде де, ама се работи за фиктивни ликови, фиктивен свет... Не гледам причина за бунење :)

p.s. можеби на вториот дел ке играат на таа карта - добра приказна! :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
да не има испаднато добра снимка некој торент?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom