Дали музиката влијае врз психолошката состојба на човекот?

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
42
Дали сте приметиле некогаш при слушање различни видови музика дека ви се менува расположението? Секако дека се менува.

Барем кај мене, се менува во смисла...
Слушам транс - се чувствувам убаво (сите оние трансери го знаат тоа чувство), но во истовреме ме прави слаб. Пример: ATB - Future Memories

Потоа, менувам... слушам рок. Пример: P.O.D - Alive, чувствувам некое позитивно чувство, и во истовреме ме прави појак (психички :P).

Ваше мислење/споредба (по можност и стручен совет) :)
 
T

theTinule

Гостин
Да, влијае:)

Јас на пример коа слушам транс или некој тежок метал се чуствувам хиперактивно.
Некој рок знае да ме расплаче, а нешо реге да ме одмори.
Музиката ми влијае многу. Се имам расположено многу пати слушајќи добра музика.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Според состојбата во која се наоѓаш ја слушаш соодветната музика. Пример, ако си тажен пушташ балади. Или слично. А дека ке те `разнежнат` некои песни или ке те кренат... Си мислам, сепак до карактерот ќе да е... А? :)
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
За адреналин рок,за чил sountracks,за амбиент електронска.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Имав другар многу фино детенце, слушаше поп и Цеца ама се навлече на дед метал и почна да ги слуша Сепултура. Камен беше за англиски ама почна се мртвачки глави и пресечени раце да црта у слободно време :). Му траеше фазата неколку месеци и кога престана да ги слуша Сепултура престана и да црта хорори, така да и те како влијае на расположение :).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Секој звук влијае врз нас и нашето однесување и расположение. Ако некој проба да се изолира од сите можни звуци (и најтивките шумови) после извесно време може да се почувствува бааги непријатно.

Инаку да, секако музиката влијае врз нас и нашето расположение.
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Мене ми влијае... некогаш размислувам дали ние ја бираме според нашето расположение или музиката го менува нашето расположение :) јас мислам дека и двете си имаат и тоа голема улога.

Пример 1. Расположена сум, насмеана, имам сила за се и тогаш мојот избор е да си пуштам нешто ска панк или не е битно, нешто да има весела лирика, позитивни мисли, да се пронаоѓам во речениците за да си потврдам: Да, животот е преубав, можам да бидам само јас ако одлучам така :) ова е категорија кога бирам според весело расположение

Пример 2. Тажна сум, цел ден плачам и јас слушам од тешки потешки балади, си дозволувам да се исплачам итн. итн. Пак значи јас бирам што е соодветно на моето расположение, а веројатно исто така со цел да си го потврдам постоечкото чувсто. Истото го правиме и кога сме смирени, лути итн. итн.

Пример 3. Што кога сме така фино расположени (што велам јас позитива до максимум) и на ред на плеерот стигнува една песна, ама баш само една песна која ни го испревртува цело расположение? Мислам дека музиката некогаш може и те како да ги извади потиснатите мисли и емоции без да не праша нас :) ми се има ова случено многу пати, песна неадекватна на моето расположение да ме измени од корен за 3 минутки :pipi:

Мислам дека реално гледано музиката има огромна моќ врз чувствата, влијае на оваков или онаков начин и кога ја бираме според нашето расположение за да го појачаме веќе постојачките свесни чувства, но и обратно, да испливаат некои што сме ги "заборавиле".
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Музиката навистина влијае на однесувањето и на расположението на луѓето.
Интересен пример е музиката што се пушта по трговските центри(влијае на психата на човекот за што подолго да остане во објектот и да потроши повеќе пари :намигнува: ).Трговските центри на кои целна група им се повозрасни граѓани пуштаат бавна и смирувачка музика,додека оние посетени од помлада популација пуштаат побрза и погласна музика.
Друг пример се Божиќните празници и приближувањето на Нова Година каде многумина слушаат Божиќни песни кои ја поттикнуваат онаа позната еуфорија,радост,убави спомени од детството кога сме верувале во Дедо Мраз итн.
Класичната музика го релаксира срцебиењето и пулсот и не смирува.

Музиката е дел од секојдневните активности.Средувањето по дома и оние познати “генералки“ ми се многу полесни кога ќе си пуштам некоја музика што ме мотивира и ме поттикнува да играм и да бидам активна,тогаш ем побрзо ги извршувам работите ем со големо задоволство.

Многу песни се поврзани со одредени настани во нашиот живот и нормално е кога ќе ги слушаме да ги “вратат“ емоциите што настанале во тој период.
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Да апсолутно музиката влијае врз психолошката состојба. Едноставно соодветна музика те прави весел и ти го подига духот. Музиката ја имаме секаде околу нас и полека станува дел од секојдневниот живот - било за млади или возрасни. Важно да се каже дека музиката може да ги оттргне лошите мисли и лошото расположение што е добро со оглед на тоа колку се нервираат младиве и возрасниве во денешното општество.
 
M

M del Mar

Гостин
И те како влијае...
Еве сеа ќе си направам една анализа лично за мене:
Кога сум во некое добро расположение си пуштам транс днб и нешто од тој калибар и сум вишак исполнета со позитива
Кога сум, нервозна до даске си пуштам треш брутал блек дет метал и нервозата по кратко време исчезнува и како нова сум!
Кога сум во меланхонично расположение слушам некои рок метал балади...
Кога сакам да се опуштам слушам реге и слично
А кога сум во "нормално" расположение се знае...хеви прогресив павер метал, некое рокче и транс...
 

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
42
Пример 3. Што кога сме така фино расположени (што велам јас позитива до максимум) и на ред на плеерот стигнува една песна, ама баш само една песна која ни го испревртува цело расположение? Мислам дека музиката некогаш може и те како да ги извади потиснатите мисли и емоции без да не праша нас :) ми се има ова случено многу пати, песна неадекватна на моето расположение да ме измени од корен за 3 минутки :pipi:
Неадекватна песна ми има расипано цела вечер. Повеќе вечери.
Пример: Излезен у кафич, слушаш Sexy thing, Stereo Love и после некои други.. и одма „Главобоља од вина“. :tapp:

Без навреда за фановите на таква музика, едноставно мене не ми одговара. :smir:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.362
Поени од реакции
30.760
Мислам дека влијае. Музиката секогаш успева да ме развесели или растажи соодветно од ситуација.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
слушањето музика која ни се допаѓа е вид психотерапија.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.166
Дали музиката влијае врз психолошката состојба на човекот?

Mмм.. Не.

Психолошката состојба влијае врз музиката.

Како се осеќате тоа слушате. Ако сте во депресија, потсвесно ви се слуша балади. И плачете на песните. :'(
Ако доаѓате од добар жежок секс и сте среќни, дали ако пее тажна балада ќе се онерасположите?
Не.

Damn I am good. :icon_cool
 

Kajgana Shop

На врв Bottom