Изброени денови

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Ќе се нафатам да започнам една премногу тешка тема.Седнав со мајка ми и ми кажа дека еден близок човек има рак.Јас ја прашав како ја примил веста и она ми рече со зборовите "Па дали си ти нормален,не знае"И почна кавга со мене како сум можел да бидам толку ГЛУП и да кажам таква глупоста.Јас ја држев темата дека човек не треба да крие такви работи и дека човекот си има право да си знае.Кријат од него,жената,децата па и докторите.Може и јас не сум во право но сепак се мислам дали има истомисленици како мене дека човек мора да си ја знае вистината посебно кога деновите му се избројани.
 
S

smart ass

Гостин
Обврска на докторот е да му ја каже дијагнозата на пациентот.

Не си направил ништо глупо...и на крај краеви сепак лицето ќе дознае.

П.С дали се работи за навистина избројани денови илиима шанса за лечење??
 
Јас не му кажав,ама да сум го видел ќе сум му речел зашто неам појма дека некој крие такво нешто
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Кријат од него,жената,децата па и докторите.
Океј значи никој не знае освен мајка ти и ти....и ние...?!

Он: сметам дека треба да знае, но сепак може да реагира позитивно и да си ужива во последните денови, па дури и да се излечи ако е некоја болест на психичка база, или да падне у депресија и да умре побрзо...
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Океј значи никој не знае освен мајка ти и ти....и ние...?!

Он: сметам дека треба да знае, но сепак може да реагира позитивно и да си ужива во последните денови, па дури и да се излечи ако е некоја болест на психичка база, или да падне у депресија и да умре побрзо...
Види човекот јас не го кажав лично кој е и дај боже да има век,чуда се случуваат.Мене ме лутело и порано кога ќе слушнев дека се криело од пациенти на ваква тема
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Јас не му кажав,ама да сум го видел ќе сум му речел зашто неам појма дека некој крие такво нешто
Во контекст на темава, пред било што да кажеш ако имаш можност гледај го филмот (The Bucket List). Во филмот се зборува за двајца болни од рак со изброени денови (Џек Николсон и Морган Фримен). Она што сакам да го потенцирам, а што претставува поента во мојата реплика е една реплика од филмот со која сакам да ти доловам она што сакам да го кажам. Имено разговарајќи меѓу себе, во еден момент Морган Фримен му вели на Џек Николсон (парафразирам): „Порано кога бев млад и здрав, сакав да знам кога ќе ми дојде судниот ден, сега кога знам дека судниот ден ми се ближи не сакам да го знам“.
 
P

Princ

Гостин
Лекарска обврска е да му каже на пациентот доколку деновите може да му се избројани, а тој е при свест.
Заебано е малку како ќе ја прифати веста, дека може само лошо да влијае на него па да го заебе уште повеќе својот живот и оној на тие што го опкружуваат, ама на крај краишта тоа е негово легитимно право, затоа мислам дека треба да знае и воопшто не е фер криењево.
 
ElenaP

Master Yoda
Член од
16 октомври 2009
Мислења
62
Поени од реакции
9
Види човекот јас не го кажав лично кој е и дај боже да има век,чуда се случуваат.Мене ме лутело и порано кога ќе слушнев дека се криело од пациенти на ваква тема
Вакво нешто не смее да се крие. Се работи за негов живот, зар некој друг треба да знае повеќе од него???

Во фамилија имавме случај на рак каде човекот имаше рак, претходно имаше веќе направено една операција, ама не водеше баш некој здрав живот и кога повторно се прошири, сит емаки беа залудни. Ама важно човекот беше свесен за тоа што вистински се случува и имаше избор. Избор и можност да смени многу работи, да направи работи или каже работи на луѓе што не ги кажал претходно од разни причини, можност да се види со луѓе итн...

Имавме и друг случај каде лицето на време го откри ракот, веднаш се соочи со реалноста, направи операција, го смени начинот на живот, исхрана и почна да се справува со стресот и.. ете сега живее среќен и исполнет живот.

Секој има право да ја знае вистината. Најлошо нешто е да криеш од човек нешто толку важно и судбоносно. Игнорирањето не помага. :nenene:
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ќе се нафатам да започнам една премногу тешка тема.Седнав со мајка ми и ми кажа дека еден близок човек има рак.Јас ја прашав како ја примил веста и она ми рече со зборовите "Па дали си ти нормален,не знае"И почна кавга со мене како сум можел да бидам толку ГЛУП и да кажам таква глупоста.Јас ја држев темата дека човек не треба да крие такви работи и дека човекот си има право да си знае.Кријат од него,жената,децата па и докторите.Може и јас не сум во право но сепак се мислам дали има истомисленици како мене дека човек мора да си ја знае вистината посебно кога деновите му се избројани.
Порано или подоцна, тоа лице ќе дознае за неговата состојба. Мислам дека подобро е да се дознае што побрзо, за да може човекот да си го испланира преостанатото време кое го има на свој начин. А не, вака, сите кријат од него, и кога ќе дознае што му е, ќе биде касно за било какви планови. Ти да имаш уште две години живот, би сакал да знаеш сега нели? Мислам истото важи и за сите. И убаво си прашал, остај што притоа е искористен зброт глуп. Тој збор денес често се користи каде не му е место нити пак е потребен како придавка. Секако дека си во право.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Познавав човек кој имаше рак на коските. Не го дијагностицираа на време и премина во метастази. Човекот не знаеше дека е боле, а од него криеа роднините, жената и децата. Дури последните 1-2 недели знаеше дека е во безизлезна состојба и можете да замислите низ што се поминал тие денови.
Сметам декаколку и да е страшна вистината човекот треба да знае што го чека, па макар и тоа да е смртта. Секој има право да ја знае вистината за себе и за тоа што му се случува.
Но, не би ги обвинил ни тие што криеле, бидејќи криеле за да го заштитат од дополнителни страдања. Со самото тоа и тие страдале. страдале гледајќи го kaко овенува, како поплека се губи. тоа е страшно! :(
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Не знам дали некој доктор може кривично да одговара ако ова го држи во тајност, ама и лично не ми се верува да постои некој таков што би го скрил од пациент, освен можеби доколку станува збор за некој близок па не може да му ја соопшти веста. Можеби треба да се разговара со некој како е најлесно да се соопшти ваква вест, меќутоа никако не треба да се крие!
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
...П.С дали се работи за навистина избројани денови или има шанса за лечење??
Ех, кога ова навистина би се знаело. Не верувам дека има маж на светов што со сигурност ќе каже - готово, тоа е тоа, купете си црнко. Ако и го каже тоа, тогаш е лош лекар и уште полош психолог. Секогаш има шанса и секогаш има надеж. И во име на тоа, претпоставувам дека докторите и блиските избегнуваат да го покажат календарот пред болниот. Незнаењето можеби е неетичко, можеби нема да помогне, ама ништо не е подеструктивно од депресијата.
 
Зависи од дијагноза,метастаза и дали има шанси,како и да е неетички е криењето на вистината,а и лицето незнаејќи најверојатно нема да прима терапија која сепак има шанси за успех...поточно ќе почне да прима кога ќе биде касно.:toe:
 
P

Princ

Гостин
А и мислам дека не е многу важно дали има или нема можност за лекување, барем од аспект на темава.
Секој треба да знае за неговата иднина, кога веќе се доверуваш некому (лекарот). Без разлика како таа личност ќе го прифати тој факт, тоа се остава на неа.
Но јас, од личен аспект тргнувам, дека би сакал да знам ако на пример лекарот мој претпоставува дека ќе починам за некој месец. Би се раздолжил тоа што должам, би се збогувал со пријателите и луѓето што ги сакам и ме сакаат... би се спремал за крајот.
Некој друг би паднал во депресија и би се бесел. Негово легитимно право. Но секој има право да ја знае својата иднина доколку неговиот лекар може да му ја каже, макар и врз основ на претпоставка (дека нели не може и тој да ти гарантира што ТОЧНО ќе се случи и кога ТОЧНО).
 
pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Сепак деновите му се одбројани поарно нека му кажи да си имаат неговите некои најбољи спомени со него и да си поживеат додека тој може.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom