Club 69

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Добро, ок. Сега проверив, моја грешка стварно. Клубов е Дискотеката Картел уствари :) Нели..кафич, клуб и еве уште еден.
Ама имам слушнато дека на истата локација тука некаде, карши Сити Галери ќе биде и новиот Колосеум, затоа мислев...нема везе. Моја грешка :helou:

Клубов е куродрвица.
 
И јас знам дека ќе биде на Картел :toe: за ново Колосеум сеуште нема ништо конкретно и за таков тип на музика,зашто не верувам дека во 69 ќе има текво нешто :jaj:
 
И јас знам дека ќе биде на Картел :toe: за ново Колосеум сеуште нема ништо конкретно и за таков тип на музика,зашто не верувам дека во 69 ќе има текво нешто :jaj:

Нема надеж? :(
 
ов... мораат ли вакви шабански имиња да ставаат?! По “Арена“ и “Клуб 69“, уствари „Рицар“ и урбано делува... 69 бе! Посељачко амин!!! Се кладам дека атмосферата унатре дупло посељачка ќе биде. И предвидувам две можни судбини на 69кава: да прерасне во Картел каде урлаат мишки од Ајватовце и магариците си бараат спонзори; или Колосеум што стана слично гомце на крајот. Секако, за некое време. На почеток ќе биде уберфенси, нели... Се надевам дека грешам. :icon_lol:
 
Ќе го прават ултра-фенси. Ко на времето ЕSCAPE 4 you. Влез само со членска картичка. Членски картички добиваат „who is who“ од Скопјево и нивните пријатели (максимум 8 пријатели на човек). И така фино лепо стигаш до бројка од 400 членови кои само можат да влезат внатре. За сите останати затворено.
 
Па редно е за промени подобро така знам дека прво нема да се угушам внатре ако веќе можам да влезам односно ако имам картица и плус редно е клуб на ниво доста ни е од смешни "клубови" во кои пуштаат и деца од 15 години.
 
Ќе го прават ултра-фенси. Ко на времето ЕSCAPE 4 you. Влез само со членска картичка. Членски картички добиваат „who is who“ од Скопјево и нивните пријатели (максимум 8 пријатели на човек). И така фино лепо стигаш до бројка од 400 членови кои само можат да влезат внатре. За сите останати затворено.
Се слагам исто беше и на времето Сектор,едно од најкатастрофа местата во градов :tapp: дечко картици,само стални муштерии и најдоброто еден кога му го плесна во фаца...како да станам стален кога ни еднаш не си ме пуштил :tapp:
 
Во Картел ниту одам ниту планирам да одам.Уште од сега пред очи ми се фаците кој ќе бидат внатре,не благодарам.

оф
Да не знае некој да ми каже каде е Дион?
 
Во Картел ниту одам ниту планирам да одам.Уште од сега пред очи ми се фаците кој ќе бидат внатре,не благодарам.

оф
Да не знае некој да ми каже каде е Дион?

ја знам еден Дион на кеј :) ..... ?
 
ако клубот е ТАПА барем името е СЕКСИ :pos2:
 
Дион до гирадико на кеј. :)

Ако не биде сељачко ќе нема кој да иде. Газдата ќе нема од кој пари да праи. Eдноставно Скопје нема доволно клабери кој во текот на целата недела можат да го „одржаваат клубот“ т.е да биде фул во четврток, петок, сабота и недела.

Поради ова сум песимист и за овој, а и за секој друг нареден клуб/дискотека кои ќе се отвараат.
Кога неможе еден Хард Рок, што сега сакале или нејќеле е поим за нешабанско место во Скопјево да искрпи еден полн викенд, што останува за другите. :toe:
 
Никогаш не сум пател да бидам некој квази елита. Кој вреди како човек - вреди, а не колку му вредат недвижностите и возниот парк.

И мојата претпоставка е дека таму ќе идат апаши, рекетари и газди на кафичи/ресторани и сл. И нека идат. И они се луѓе и треба да искочат, а и да се покажат - да се види кој е кој. Ова го кажувам врз проценката дека ќе биде таков тип на ноќен клуб.

Јас и понатака ќе продолжам да ги посетувам сите места на кои има свирки и ДнБ, а ако некој од форумов отиде во 69 нека пише како е, чисто за да и ние обичните смртници дознаеме што ни се случува во градот.

Поздрав до сите
 
Тешко некој да отиде...на ФБ она стои кај 69:
Oficijalno otvaranje na najnoviot noken klub CLUB 69.....Sreda 11.11.2009.....Start 23.30h......

Vlez samo so pokani
И зашо се рекламираат тогаш за отварањето ? :)
 
Секогаш промоциите биле со покани само. Освен за отворањето на Гранд кој веќе на полноќ беше преполнет а луѓе сеуште доаѓаа натаму. Затоа се работи по систем покани, освен ако не е за некое андерграунд место. Ќе видиме за понатаму како ќе функционира 69.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom