Колку често ја играте оваа игра и со која цел?Дали се наоѓате во улога на заведувачот или на другата персона која не знае што сакате од неа?
Или пак едноставно го правите за билдање на егото.А може и од некои други причини.Повелете:smir:
Оф, некогаш ми е криво што не знам да се снајдам во улога на заведувач, што не знам да флертувам, секогаш, ама секогаш МОРА да упропастам нешто, дали со тоа што ќе почнам да филозофирам за смислата на животот или мојата збунетост и срамежливост ќе направат на направам или кажам глупост во обид да бидам вицкаста. А да не зборам дека никад не се ни обидувам да почнам да заведувам, затоа што мене на facebook некогаш ми е срам да правам муабет, не па во живо, па уште да заведувам (ова се однесува нормално на оние што ми се допаѓаат, ако знам и јас што сакам у последно време).
Така да за ова прашање, јас би кажала дека најчесто сум во улогата на другата персона која никогаш не знае кој што сака од неа. Ама како некое проклетство да ме удрило за меѓучовечки комуникации, посебно оние “мушко-женските“, па и на чело да си напише “ми се свиѓаш“ јас нема да приметам. И никад не знам кој што сака од мене...
Така да во сите тие игри каде има заведување, јас сум убедиво лузерот или губитникот или оној кој иде со она олимпиското “не е битно да се победи, битно е да се учествува“.
