Бугарско-грчка оска против Македонија

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
“Катимерини“: Бугарско-грчка неформална оска против агресивниот национализам на Груевски

Бугарија и‘ станува сојузник на Грција во спорот со Македонија за името, објавува во своето денешно издание грчкиот весник “Катимерини“, пренесува Нетпрес.

“Во последно време Софија е во иста позиција како и Атина, исправена пред проблемот со агресивниот македонски иредентизам.

По Атина и Софија го постави прашањето за нарушување на принципите за добрососедство и испрати порака дека ако лидерите во Скопје продолжат да ги нарушуваат, Бугарија ќе го попречи нивниот пат кон Европската унија. Со јавните ставови, дека однесувањето на Скопје не одговара на добрососедските односи кои владеат меѓу земјите членки на ЕУ, Софија ја засилува аргументацијата на грчката страна.

Со тоа, меѓу Бугарија и Грција, почнува да се гради една неформална оска против агресивниот национализам на Никола Груевски и неговите блиски соработници“, се вели во текстот на грчкиот весник


Извор Нетпрес

Две работи тука се јасни:

1. Си ги покажаа некој своите вистински намери како за време на Балканските војни.

2. На некој очигледно му смета Груевски или не можат да го купат толку добро колку што ќе ги купат некои други политичари и невладини организации во Македонија.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Дај боже да не одалечат од Европа и да застанеме на две спротиставени страни, сојузи.
Ќе ни направат мечкина услуга.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Европскиот парламент се претвори во балканска крчма за време на расправата за Македонија
Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска
Брисел - Европскиот парламент вчера се претвори во балканска крчма, како епилог од расправата за извештајот за Македонија. Од 76 европарламентарци, колку што има Комисијата за надворешна политика, половината не ни присуствуваа, а тие што зборуваа, главно, беа бугарски или грчки и сите заедно ја обвинија власта во Македонија за националистичка реторика, дотаму што името веќе не е главен проблем, туку односот спрема тие две нации.

Иако очигледно идејата беше да се остават овие европарламентарци да се испукаат и да покажат колку тие се „неоптоварени“ со проблематизирања и со историјата, целиот настан претставуваше лоша слика за Европскиот парламент, и тоа кога главната препорака беше да се побара датум за Македонија бидејќи ги исполнила условите и направила прогрес.

Притоа, видлива беше бугарско-грчката координираност со цел да се оспори исполнувањето на добрососедските односи како услов, а фактот дека бугарските парламентарци употребуваа исти аргументи и изнесуваа исти барања само потврди дека не се слободни стрелци во правењето пречки на Македонија, туку станува збор за официјална политика.

На таа адреса, всушност, беше препораката во извештајот на Зоран Талер, кој ги повика Македонија, но и соседните земји да придонесат за поголема политичка култура, разбирање и толеранција, лоцирајќи ја, пред се', одговорноста за тоа кај политичарите и кај медиумите. Она што, сепак, е најважно е тоа дека Талер побара почеток на преговорите со Македонија „во блиска иднина“, со порака да се охрабрат двете земји да најдат решение за спорот и Македонија да се стави на иста лента кон ЕУ со Исланд. Во кулоарите на Унијата од есенва се турка оваа теза дека ако Македонија го реши спорот и почне преговори, може многу бргу да ги заврши и да влезе во Унијата со оваа северна држава, но тоа освен мотивирачка, нема некоја друга тежина.

Во извештајот, кој сите го пофалија дека е балансиран, има список на заслугите и на забелешките, но генерално е огледало на оценките на ЕК за нашата држава. За спорот околу името, Талер ги повикува двете земји да ги удвојат напорите на највисоко ниво и да најдат заеднички прифатливо решение, но додава дека загрижува користењето историски аргументи во дебатата, вклучувајќи го и феноменот на антиквизацијата која ги зголемува тензиите со соседите. Исто така, се повикуваат сите етнички заедници да ја почитуваат сензитивноста на другите и да се воздржуваат од користење запалив говор и провокативен симболизам, за што во Македонија есенва имаше многу примери. Натаму, се бара поголема улога за опозицијата во Парламентот, измена на деловникот и крај на бојкотот, како последниот на ДПА. Треба да престане практиката на незаконски унапредувања и привремени вработувања надвор од законската рамка, а независноста и плурализмот на медиумите да се зајакнува, така што ќе се стави крај на политичките мешања од партиите и особено од Владата, стои во извештајот.

Дебатата беше веќе видена работа за Македонија, освен два нови елемента кои внесуваат збунувачки пораки. Првиот е инсистирањето дека проблем не е толку името колку националистичката реторика и злоупотребата на историјата, а вториот сугестијата за некакво кратко име за нашата држава за да не им биде тешко за изговарање. „Веруваме дека им треба кратко, бриф име што ќе се користи во сите контексти. Ова е услов за земјата“, изјави Мариета Јанаку од Нова демократија. Неа ја поддржа Елмар Брок кој, откако забележа дека двете страни треба да се потрудат да се постигне решение за спорот зашто има впечаток дека тоа треба да го направи само една, се пожали дека ако пак, името е долго, на луѓето ќе им биде тешко целосно да го изговараат, па тоа пак ќе биде проблем. Улрике Луначек направи баланс па посочи на грчките националисти кои тврдат дека нивната земја е загрозена од Македонија, но ја повика нашата влада да внимава на тонот што го користи за да не провоцира такви стравови, иако ги сметаше за нереални.

Јоргос Кумуцакос и Марија Елени Копа се најдоа на иста линија иако се од две спротивставени партии, тврдејќи дека не е проблем само односот на Македонија кон Грција, туку и кон Бугарија, со порака дека поради националистичката реторика на премиерот Никола Груевски, Македонија има проблем со „неколку„ земји-членки на Унијата. Бугарскиот парламентарец Евгениј Кирилов како илустрација дека таквите тврдења се вистина спомена дека Бугарија го решила спорот за јазикот со Македонија, а сепак, тој проблем се уште постои. Тој ја обвини власта во нашата држава дека создала некој еден вид омраза кон Бугарија, а европарламентарецот Андреј Ковачев ни испорача список на проблеми што треба да ги решиме, како говор на омразата, ревидирање на историски книги и да славиме заедно историски настани.

Најбитна за нас и најреална беше пораката, сепак, на претставничката на ЕК, која рече дека спорот за името може да биде реална пречка и, ако не се реши, џабе е препораката, бидејќи нема да има преговори и нема да се случи ништо. Извори од ЕК порачуваа дека се нереални очекувањата дека хрватското сценарио ќе се примени и на спорот меѓу Македонија и Грција и ЕУ да арбитрира, па не треба да се губи време туку да се бара што побргу решение без да се чека на ОН, бидејќи рокот е многу краток. (С.Ј.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=09C4FF3A6AB21A40AFE2763102738ED0
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Жално, бедна состојба на политички елити кои во самото битисување на Македонија гледаат закани.
Македонија со 2 милиони народ закана за Бугарија и Грција, та овие сега сојуз прават.

Која е таа закана ?

Тоа е стравот од можниот распад на сопствената нација ако се зајакне македонскиот елемент.
Тоа е стравот, а не потенцијалот на државата Македонија да дестабилизира било кого.

Пола од тие Бугари се сигурно Македонци на кои Гркот им ги редел на бајонет од најмалото па до најстарото.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Жално, бедна состојба на политички елити кои во самото битисување на Македонија гледаат закани.
Македонија со 2 милиони народ закана за Бугарија и Грција, та овие сега сојуз прават.

Која е таа закана ?

Тоа е стравот од можниот распад на сопствената нација ако се зајакне македонскиот елемент.
Тоа е стравот, а не потенцијалот на државата Македонија да дестабилизира било кого.

Пола од тие Бугари се сигурно Македонци на кои Гркот им ги редел на бајонет од најмалото па до најстарото.
Тоа е чуден феномен најголема закана за Грците и Бугарите се Македонците чудна работа :raz:
 
H

HITCH

Гостин
Ова е многу познато одамна само требаше некој да се осважи и да го напише јавно инаку овде би ја додала и Србија. Се сретуваат, се договараат, ги плаќаат нашите домашни Македонски предавници и си тераат друга работа :toe: цело време се врти во круг
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Па лешинарите веќе почнале да се вртат околу жртвата.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Ова е многу познато одамна само требаше некој да се осважи и да го напише јавно инаку овде би ја додала и Србија. Се сретуваат, се договараат, ги плаќаат нашите домашни Македонски предавници и си тераат друга работа :toe: цело време се врти во круг
Историјата е повторува на секој 100 години. 1913-2013
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
Normalno sega koga vidoa slabost t.e zelba za vlez vo EU od nasa strana iako neprijateli tie ce se zduzat i ce ucenuvaat,nisto neocekuvano.Dokolku Srbija i ona bese vo EU i taa ce barase nekoi svoi prava kako na primer okolu crkvata i ce navedese primeri za narusuvanje na dobrososedski odnosi,ednostavno istorijata se povtoruva no ne e vo prasanje vojna sega diplomatija poznat e nivniot nacin i ne se razlikuva od pred 100 godini.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
И појќе од 100 години, тоа што го направија Србија и Грција пред 120 години, сега им се приклучува и Бугарија.

Премиерот и министерот за внатрешните работи на Србија, Сава Груич по предлогот од страна на С. Новакович да се започнат преговори со грчката влада за поделба на Македонија на сфери на интереси:

„Уште за времето на мојот престој во Атина јас неколкукратно го покренав прашањето за основите, врските со кои би требало да се утврди спогодбата за заедничката и хармонизирана работа на србската и грчката пропаганда во Македонија."

(Дипломатски архив - Дубровник, ПП оддел., Ф.Х - 257/ПП бр. 94 од 10.11.1890 г.)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
четирите држави дојдоја слава да ни рушат ама можат само к... да го п... :helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom