Макфест 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.526
Поени од реакции
35.552
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Актуелново издание на забавно-музичкиот фестивал Макфест 2009, кое годинава по 24-ти пат се одржува во Штип, како што веќе најавивме, ќе започне во четврток, на 5-ти ноември, кога ќе се одржи дебитанската програма и првата полуфинална вечер.

Второто полуфинале е закажано за петок, 6-ти ноември, а големото финале е во сабота – 7-ми ноември. На три фестивалски вечери, во Домот на културата Ацо Шопов, ќе бидат исполнети вкупно 37 композиции – 14 во дебитантската и 23 на две полуфинални вечери. Пет најуспешни дебитанти ќе изборат учество во една од двете полуфинални вечери.

DD4F677C70DDDE459623B11E0CD5D81B.jpg

Според уметничкиот раководител – Кристијан Габроски, годинешнава селекција е одлична, со особен акцент на дебитантската програма. Освен тоа, годинава на Макфест ќе слушнеме навистина квалитетни текстови... – подвлекува Габроски.

Првиот човек на фестивалот – Стојан Троицки е задоволен што локалната самоуправа му излезе во пресрет на Макфест, и што се надминати финансиските проблеми, па и годинава градот Штип тие три ноемвриски денови ќе живее за музика.

Годинава Макфест се совпаѓа со традиционалната Штипска пастрмајлијада, но дали и в година ќе го задржи овој термин – ќе одлучиме дополнително – изјави градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.
A25EB7DB7480504F9D2760AC97ABA10E.jpg

Господинот Алексов истакна дека по ова 24-то фестивалско издание, сите сили ќе бидат насочени кон следново јубилејно издание, бидејќи в година ќе имаме четврт век Макфест.

Освен фестивалски дискови, од актуелново издание, на Макфест 2009 ќе бидат промовирани уште два албуми – 20 најубави макфестовски балади, со поднаслов Сонце за три света, и 20 песни создадени под влијание на македонската традиционална музика. Овој проект го носи насловот Бисеро, моме Бисеро. И двата компакт-диска го опфаќаат периодот од 1986-та до 2008-ма година.

7422B9A2E890D04A91D76CC5486616B6.jpg

Но тоа не е се! Пред актуелново издание познати се и изведувачи во ревијалниот дел од програмата.

Бидејќи првата вечер ќе пеат и дебитантите и полуфиналистите, ќе нема дополнителни активности, но веќе по изведените песни од второто полуфинале (на 6-ти ноември), ревијално ќе настапат 7 софистицирани дами на македонската поп-музика: Тамара, Маја Панчева, Сузана Јовчева, Маја Вукиќевиќ, Александра Пилева, Елена Петреска и Кристина Арнаудова.

По финалната програма на 7-ми ноември, додека се бројат гласовите, своето шоу ќе го има Влатко Стефановски со своето Трио
- открива Стојан Троицки. Водителската улога и оваа година и е доверена на Вера Јанковиќ, која работи и на сценариото.

Еве ја програмата...
Дебитантската програма – изведувачи и песни:
1. Ангела Арсова - Нема ни светлина

2. Костадин Папа - Крива си за се

3. Денис Екс & Мате Јосифовски - Плејбој

4. Анета - Згодна приказна за мемоари

5. Рената Кралевска - Не го барајте

6. Stuck on - Да те вратам

7. Кристијан Јованов - Немирна

8. Бојан Алексовски - Те покривам со љубов

9. Александар Тарабунов - Кажи кој те има

10. Христијан Димитровски - Кико - Волшебна кочија

11. Big ‘as Аdrenaline - Ми требаш

12. Ангелина Стојановска - Студен бран

13. Марија Бунда - Ова сум јас

14. Слаѓана - Не сакам да знам
Прва полуфинална вечер – изведувачи и песни:
1. Роберто Поп-Димитров - Направи од светот рајско место

2. Драган Темелковски - Џони - Љубоморен

3. Дебитант

4. Дебитант

5. Маја Вукиќевиќ - Во мене

6. Наде Талеска - После дождот

7. ДНК и Врчак - Прв

8. Игор Митровиќ - Никогаш до сега

9. Сања Лефкова - Душо уморна

10. Влатко Илиевски - Пак по старо

11. Иле Спасев - За тебе живеам

12. Елена Петреска - Не знам како

13. Игуана - Не се предавам

14. Рафинерија - Жал ми е
Втора полуфинална вечер – изведувачи и песни:
1. Дебитант

2. Дебитант

3. Дебитант

4. Дани - Можеш

5. Камелеон - Белег

6. Роберт Билбилов - Лице од насловна

7. Иван Јованов - Оди или остани

8. Патници - Твоја

9. Боби & Je t’aime - Ти прекрасна

10. Филип Јордановски - Ништо посебно

11. Ѓоко Танески - Купив се

12. Бојан Стојков - Ко првиот пат

13. Ристо Самарџиев & Дуле и Коки - За милион години

14. Оливера Ѓорѓоска - Вечерва си моја желба


виа МММ.
 
Очекувам ок песни од Влатко Илиевски, Дани, Ѓоко Таневски... И до кога бе со уфилмани луѓе како
3. Денис Екс & Мате Јосифовски - Плејбој????
:icon_roll
 
Calling from Makfest-srceto na Stip...Kako i sekoja godina pak e euforicno, kvalitetna muzika, pastramajlii na site strani :) .. Od pesnite so gi preslusav, na Aleksandar Tarabunov e dobra, Sanja Lefkova, Dani isto ima dobra pesna i to otprilika. Ja sum za Aleksandar, ako ve interesira podetalno, povelele :helou:
 
Интересни песни во дебитанскава вечер:helou:
 
Наде Талеска има супер глас, многу се разликува од другите, подобро пее и од Маја Вукичевиќ
 
Песниве се под просечни или е до мене што одамна не сум слушал ништо од македонска естрада :toe:
 
Јас сум за ДНК и Врчак :vozbud:
 
О, не Денис Екс:jaj:
Инаку осеќам дека од Влатко Илиевски ќе е уба песнана.
 
Влатко Илиевски до сега најмногу ми се допадна.И текст и ритам :)
 
Кико беше надобар и најубаво испеа исто и Тарабунов
Вечерва навивам за Бојан Стојков

Добро е што Макфест веќе не е со Фершпет сега се е подобро се шпица најавна и дури снимањето е подобро има некој ефекти кога игра некој се мрда и камерата како бас:vozbud:јако е
 
Некој да не знае кај може да ја најме песната на Врчак и ДНК ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom