Ние се надеваме дека нема. Полнењето на државниот буџет моментално настанува (барем со новите закони за непушење, нефрлање отпадоци) заради исполнување на услови за влез во ЕУ. Кои нам како некоректни во зачувувањето на природата и почитувањето на регулативите воопшто, треба да не удрат по џебот. Мора да жртвуваш нешто за да добиеш нешто. Компромис. А ние сме научени со ,,врски" да ни ги кинат ливчињата од пајакот и сличните категории казни.
Вас бе ве учат нешто на факулет? Знаете што се новинарски истражување? За каков компромис зборуваш ма? За какви казни за пушење или плукање или не знам погрешно паркирање зборуваш ма? Тоа се казни од по 50 до 100 евра јас ти зборувам за огромни казни. Ај вака ќе ти објаснам:
1. Казната почнува од 1000 евра па нагоре!!!
2. Фирмарина (лани плативме ни рекоа дека нема да се плаќа повеќе, АМА оваа година пак ни дојде честитка дека решението од лани не важело годинава пак треба да се плати)
3. Чудни закони за продавање на алкохол и каде треба да се чува пред 19 и после 19 (плативме 20 илјади денари, НИЕ како продавница која 20 илјади за пиво може да ги извади само ако продава пиво две години по 3 гајби на ден и ВЕРО, ТИНЕКС, РАМСТОР и др големи маркети кои имаат реално многу поголема заработувачка)
4. Плативме за телевизија не ми текнува сега како точно гласеше налогот, а ТЕЛЕВИЗОР ВО ПРОДАВНИЦАТА НЕМАМЕ!
5. Платив ДВЕ ТРЕЗОРСКИ ПРАЗНЕЊА! (што значи касата била на нула па јас како голем патриот треб да им речам дечки еве јас пошто едвај го крпам месецот земете пари од кај мене од сметка па кај пукло нек опали вие само јадете и пијте на моја сметка и ве молам појдете некаде во странтсво прошетајте се од седење да растегнете ноџиња)
6. Уредно плаќам придонеси, а кога ќе дојде инспекција им текнува на некоја нова дупка во законот за која сметководителот првпат слуша и лепат казни! (тоа функционира на следиов начин идеш прашуваш што треба да направиш за да отвориш продавница и има куп работи и кога ќе им речеш ова е се? тие ти викаат да ова е по сите нишани средуваш се тоа и кога ќе ти дојде инспекција чита стар закон чита нов закон и бидејќи никогаш не се софпаѓаат ти плаќаш казна затоа што тие кога ќе ти дојдат мора да им платиш за идењето и за наредбата за која уште на влез ти кажуваат ИЗВИНЕТЕ НЕ ПРАТИЈА ДА ВЕ КАЗНИМЕ! ИЗВИНЕТЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА ЕДВАЈ КРПИТЕ КРАЈ СО КРАЈ АМА... НАРЕДБА СИ Е НАРЕДБА)
7. Земам роба исклучиво на фактура! (освен на кванташки за пипер, патлиџан не даваат фискални, а јас морам да издадам фискална сметка дека сум го продала производот за кој ниту јас не сум добила фискална ама јас ќе добијам казна а тие нема да добијат бидејќи нема кој да појде да ги казни и немам начин како да го книжам кога немам документ)
8. Се соочувам со нелојална конкуренција (под нелојална конкуренција мислам на тезги и на продавници кои не плаќаат ама баш ништо и кога ќе пројде инспекција не може да го казни затоа што нема на што да му напише казна и уште поинетерсна финта го затвора дуќанот и чека да помине инспекција ама пошто нема истакнато фирма нема како да го најдат па си одат)
Ако сето ова кое е ногу накратко кажано за тебе е компромис тогаш БРАВО!!! Искини ја дипломата не ти важи!