... Еве и доказ од самиот медиум !
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122407
Тупурковски, Фрчковски и Андов од македонска - и поранешниот грчки амбасадор во Македонија и САД Алексадрос Малјас, заедно со универзитетските професори Евангелос Кофос и Танос Веримис од грчка страна, седнуваат на директни преговори за името.
Со поддршка на меѓународната заедница како олеснувач, ќе се обидат да дојдат до решение за овој дводецениски спор преку симулациска игра, што во организација на А1, ќе се одржи викендов во Охрид.
„Крајната цел на А1 ТВ со овој проект е на јавноста да и овозможи да ги чуе сите детали и аргументи кои ги има и едната и другата страна и многу е битно при тоа да се исклучат варијантите дека Фрчковски, Андов или Тупурковски се некакви предавници кои седнуваат на таа маса за да ја предадат државата.
-Тие ќе се обидат да го прават она што сите нас не интересира, а тоа е како Македонија во целиот овој процес да излезе сепак како победник“, рече Борјан Јовановски.
„Целта е да покажеме дека преговори има и може да има и дека во некоја варијанта можеби ќе можеме да најдеме и решение. Ние не претендираме дека тоа ќе биде решение на спорот меѓу Македонија и Грција, но се надеваме дека може да помогне во наредниве месеци да се доближат позициите на ниво што ќе ги деблокира македонските евроатлантски интеграции “, изјави Младен Чадиковски.
Улогата на САД, ЕУ и Обединетите нации ќе ја преземат Бренда Персон од влијателната Меѓународна кризна група, Реј Поуер од Британската стопанска комора и аналитичарот Сем Вакнин.
Тој од оваа игра за возрасни очекува да произлезат многу креативни решенија, бидејќи учесниците ќе имаат слобода да ги разгледаат сите можни варијанти.
„Симулациските игри се многу добар поттик за вистинските одлучувачи. Вистинските донесувачи на одлуки треба да ги користат симулациските игри за да добијат свежи идеи, нови идеи, нови решенија и да се подготвуваат за нов напредок.
-Обично кога сте во владата многу е тешко да гледате надвор од рамката, тешко е да размислувате спонтано, хаотично, да ги замислите сите можни последици“, вели Сем Вакнин.
Симулациската игра за преговорите на името ќе биде прва од ваков вид во земјава.
Во светот се појавиле во 19-от век. Први ги користела Пруската армија, која на тој начин ги разгледувала сите можности како да победи во евентуална војна со французите. Денес освен владите и невладините, се користат и во бизнисот, пред лансирањето на пазарот на некој нов производ.