Меѓународно движење против промена на името

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Ајде нека и Словенија го променит својето име,од каде тоа право тие да се нарекуваат Словенија па нели сите ние сме словени:uvo: и да им бидеме ние на нив медијатори во тој спор,со тие што се осеќаат како словени:nesvest:Жалосно е ова што си дозволуваме секој со нас да си поигрува.....но сите можат заедно на нас малку да ни го :pusk:името нема никогаш да го промениме....
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Еве ви поздрав од Карл Билд.Не' нарече Фиромија.:tapp:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.154
Поени од реакции
7.850
За Црвенковски „граѓани на РМ“ било добар предлог


Посредникот на ОН покрај тројната формула за името во кирилична и англиска транскрипција, предложил во графата националност да нема Македонци, туку „граѓани на РМ“, а за јазикот неофицијално стоело македонски, иако во официјалниот документ на англиски јазик стоела нејасната кратенка МЦДС, што од тогашната влада на СДСМ било објаснето како техничка грешка




Тројна формула за името, „граѓани на РМ“ и нејасна кратенка за македонскиот јазик МЦДС, напишана на англиски.

Ова е дел од пакетот што посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц го предложил до македонската и грчката страна во октомври 2005 година, а кој деновиве повторно доби на актуелност во домашната јавност. Повод за „отворање“ на „октомврискиот“ пакет предлози за решавање на спорот со името беше изјавата на заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас дека „прашањата за идентитетот на македонскиот народ се на преговарачка маса од 2005 година“. Овој предлог, кој, како што изјави Друцас, бил даден од посредникот Нимиц, беше искористен за нови меѓусебни обвинувања на опозицијата кон ВМРО-ДПМНЕ дека е испуштена шансата спорот за името да се добие во наша корист уште пред 4 години. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека прашањето за идентитетот на македонскиот народ било поставено во времето на владеењето на СДСМ.

Предлозите на Метју Нимиц тогаш содржеле седум начини на обраќање кон Македонија, од кои за тогашната македонска власт прифатливи биле три. Имено, како што објави „Утрински весник“, Македонија дома ќе го употребува уставното име, а Грција ќе ни се обраќа со името „Република Македонија - Скопје“. Во меѓународните организации до 2008 година ќе се користи името „Република Македонија“ напишано на латиница и во македонска транскрипција, со фуснота дека таа е земјата што некои ја признават под името „Републиц оф Мацедониа“, а која со Грција има дипломатски односи под името „Република Македонија - Скопје“. По 2008 година ќе остане само името „Републиц оф Мацедониа“.

Во предлогот, исто така, во графата националност стоело да нема Македонци туку „граѓани на РМ“, а за јазикот неофицијално стоело македонски, иако во официјалниот документ на англиски јазик стоела нејасната кратенка МЦДС, што од Владата било објаснето како техничка грешка, пишува во текстот на „Утрински весник“ од 13 октомври 2005 година. Со посебна точка во договорот нашата земја се обврзувала во меѓународната комуникација да го употребува целосното уставно име Република Македонија, а не само Македонија, што значело во ОН нашата држава да се води под буквата „Р“, а не под „М“. Во предлогот била ставена обврската на генералниот секретар на ОН во 2021 година да ја преоцени состојбата и да определи дали има потреба од отворање нови преговори околу разликите за името меѓу Македонија и Грција.

Сегашниот лидер на СДСМ и тогашен претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски и денеска смета дека предложениот пакет во октомври 2005 година бил „еден од најдобрите што бил ставен на преговарачка маса во целиот овој период“.

- Во него, на сериозен и позитивен начин, беа претставени нашите позиции во однос на клучните прашања. Што се однесува до идентитетските прашања предлогот беше апсолутно коректен, бидејќи за нашиот јазик се предлагаше придавката македонски, а за државјанство, државјанство на Република Македонија - изјави Црвенковски на обвинувањата дека во 2005 година за време на владеењето на СДСМ во преговорите било ставено и прашањето за идентитетот.

Тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Светскиот македонски конгрес и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов се изјаснија против предлогот на медијаторот Нимиц. Лидерот на опозицијата во 2005 Никола Груевски, по средбата кај претседателот на државата (Црвенковски) изјавил дека неговата партија „не го отфрла новиот предлог за решавање на спорот околу употребата на уставното име, но не го ни прифаќа“. Груевски сметал дека имало спорни точки што се однесуваат на јазикот, етничката припадност, но и за други битни прашања, за што ја повика Владата „добро да размисли и да не избрзува со одговорот, имајќи предвид дека Грција веќе го одби“.

Како што е познато, официјалните власти од Атина, тогаш експресно го одбија предлогот на Нимиц по само три часа од неговото објавување, со што цврсто ја искажа својата позиција за непостигнување на компромис. Забелешките на Грција се однесуваа на употребата на името на Република Македонија, но и од губењето на ексклузивното право на употребата на зборот Македонија, а доколку сакала да го употребува во рамките на својата држава, да ја користи формата - провинција Македонија.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Карл Билт требал и средно име и презимето да ни го каже, Фиромија Тримесечна Абортирана.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Нешто иронично се насмеа пред да одговори на прашањето!? Баш би сакал да го знам точното прашање и новинарот кој го поставил прашањето.
Инаку нека ни го попушат сите кои мислат дека не сме Македонци и дека ова не е Македонија. Редно е да почнеме со поагресивен пристап кон овие грчки траги-комедии и да ставиме крај на циркусов.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Нешто иронично се насмеа пред да одговори на прашањето!? Баш би сакал да го знам точното прашање и новинарот кој го поставил прашањето.
Инаку нека ни го попушат сите кои мислат дека не сме Македонци и дека ова не е Македонија. Редно е да почнеме со поагресивен пристап кон овие грчки траги-комедии и да ставиме крај на циркусов.
Да, и мене ми изгледаше дека Карл како да сакаше да каже нешто со тоа Фиромија, дека веќе му е преку к.. од прашања за нас.

Поздрав до Билд...

 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Тој иронично се насмеа и покрај обидот од другиот господин кој седи до него да се избегне прашањето , Билт рече „фиромија or what ever“ и му одговори на новинарот! Се прашувам односно мое мислење е дека новинарот е грк.
Ќе беше добро Билт да му кажеше тоа е Македонија а не фиромија и сепак да му одговори на прашањето. Тој пак само докажа дека нашето име за него , а мислам и за многумина од ЕУ е - whatever, т.е. сосема неважно! :helou:

Пример за нашите политичари :
(секако доколку се навистина МАКЕДОНСКИ политичари и доколку се борат за доброто на својот народ и држава)

-Извадок од говорот на Друцас:

- Тоа апсолутно не е точно. Ние имаме јасни позиции и национална црвена линија. Многу е значајно што мнозинството од политичките сили во земјата имаат консензус за тоа прашање, што ја зголемува нашата самодоверба и ни дава дополнителна сила во преговорите, вели Друцас.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Мислам дека е потребно да поведеме внатрешна иницијатива мегу нас македонците со која ке кажемме стоп на грчките обиди и ке привлечеме светското внимание.Ако Гемиџиите го запалиле Гвадалкир за да го направат тоа ни треба нешто да направимесе разбира не радикално.Прво мирни протести низ сите градови,нма гранични премини со пароли 18-години ДОСТА Е!!! Понатака сите грагани да се обележиме со беџови кои ке ги носиме нон стоп на работа на улица во продавница насекаде тоа сите да го правиме.Такви беџови да им се подарат на странски амбасадори наши министри по примерот во Бугарија,кога беше случајот со медицинските сетсри сите носеа беџови во знак на подршка дури и телевиизите има таков знак на програмите.На некој начин мора да го привлечеме светското внимание кон грчките фашистички барања.И грците се ранливи треба да знаеме каде да удриме имаат и тие Ахилова пета.А ние макеонците да престанеме да зборуваме по бумбари,Јанко,и форуми.Да се поведе непартискиа иницијатива со која секојдневно ке го истакнуваме овој спор.Да се организираат трибини да се повикуваат странски амбасадори,мора да најдме начин да го канализираме притисикот од слободољубивиот свет кон Грција,и да се афирмираме ние и нашиот став.Ние сме тотално преокупирани со внатрешни караници а Грција игра на картата на внатрешен немир тука,бидејки ембаргото не им успеа.ПОТЕБНА Е ИНИЦИЈАТИВА!!!!
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Живо сум заинтересиран да дознаам што еднаш не се збунат и не не наречат Macedonia...Kingdom of Macedonia или нешто слично. Увек се бунат на наша штета. И жена му на Билт се збуни така пред едно време па не нарече ,,народот на ФИРОМ,, нешто слично како ова.

Доста со тие нивни бунења и опипување на пулс...прочитано е веќе ова.

Али најјаки беа овие нашиве оправдувајќи го демек бил заморен...ејгиди...па сите они се уморни ама кога треба да не наречат со нашето име. Ниту еден од нив никогаш не погреши во наша корист. Што толку работат таму за да се уморат?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom