Жена-монструм уби дете

  • Креатор на темата Креатор на темата Vlatko_sk
  • Време на започнување Време на започнување
Znaes deka ako nemas soodveten komentar ne treba da pisuvas?!

Ако, нека стои коментарот. Фино е да се види, како паралела после твојата анализа.
Фино е да се види како не знаеме што е одговорност.

Жената многу очигледно е болна.
Но, во земја каде што државните институции и само-иницијативата на граѓаните функционира, таква жена веројатно би била сместена негде, а и нејзините деца збринати.
Но, затоа што тоа не е случај, односно затоа што секој преферира да каже колку е она ненормална и треба да гори како вештерка у среден век, може да очекуваме уште еден куп вакви работи у иднина.
Да, владата е крива. И да, секој од нас, поединечно е крив.

*одлична анализа ти беше претходниот пост, патем.
 
Ако, нека стои коментарот. Фино е да се види, како паралела после твојата анализа.
Фино е да се види како не знаеме што е одговорност.

Жената многу очигледно е болна.
Но, во земја каде што државните институции и само-иницијативата на граѓаните функционира, таква жена веројатно би била сместена негде, а и нејзините деца збринати.
Но, затоа што тоа не е случај, односно затоа што секој преферира да каже колку е она ненормална и треба да гори како вештерка у среден век, треба да очекуваме уште еден куп вакви работи у иднина.
И да, владата е крива. И да, секој од нас, поединечно е крив.

*одлична анализа ти беше претходниот пост, патем.

/срамежливо се заблагодарува поцрвенет во лице, врат и уши/

Елем, нека му стои, и оваа тема на крај ќе биде фрлена во канта или уништена поради идиотските коментари и недокваканоста на народот кој заборавил што беше тоа книга и читање!

Арно досега не забележаа дека не е македонка, туку босанка-бегалец/расселено лице, ќе се фрлеа уште толку да се напиздуваат како пцишта на коска зад месарница без малку да се опулат и да го видат гнилежот, трулежот и смрдливата и мемлива пеколна реа која се шири од сите пори на општеството и општествениот живот!

П.С. Апропос темата и претходниот мој пост:

Зошто кога се гаѓаа со чекови Механџиски и оној тупион, другион, не извадат сега чек за малечконо петгодишно девојче/
Или да ги згрижат социјално неснајдените? Или да ги здомат децата кои се напуштени од икс причини? Или да отворат магацините со лекови за лешење на ваквите умоболни лица кои се наше секојдневие и кои од немање услови шетаат по улица безидејно и со можност уште некое громозомире да сторат? итн!
 
Од држава во која социјалните работници не излегуваат од канцеларија, а комшиите мислат дека не треба да се мешаат во туѓиот семеен живот кога го гледаат детето модро како си иде дома, вакво нешто не е ни толку чудна работа.
Прашањето не треба да биде зошто жената го убила детето, па очигледно е дека жената има некои сериозни здраствени проблеми, прашањето е зошто побогу требаше да дојде до смрт на детето за да некој нешто забележи, па надежно и за да превземе?
 
за неа треба доживотна робија, како немала милост и жал да тепа до смрт мало дете.
 
Гарф, пред да отиде темава во канта (а брзо ќе отиде) јас ќе ја пратам во дом и семејство.

Во однос на темава. Веќе мачно ми е да гледам како се почесто и почесто се отвараат теми за вакви грозоморни убиства.
Човековата психа е заебана ствар. Уште полошо е ако истата не се контролира.
 
Абе ко ќе клавате тема,посочете извор,објаснете КОГА,КАДЕ,ШО,КАКО не вака убила чао пријатно.

После,можи жената е психички пореметена,тогаш нема одговорност според законот.
 
Најверојатно во целата ситуација таткото на детето е најголемиот кривец, со оглед што веројатно тој заради сопственото задоволство и го направил ова дете на женава. А медиумите пак се криви, затоа што жедни за гледаност и профит ги изместија нормите, моралните вредностите и автоцензурата, па му го испрале мозокот на таткото покажувајќи бесрамни слики 24 часа на ден и создавајќи кај него една запаленост која очигледно неможел да ја контролира, затоа што создадената слика во неговиот мозок била премногу убава, па така опиен и не успеал да осети дека всушност ја силувал жената. Крив е и Караџиќ, Младиќ, Туѓман, Изетбеговиќ и уште многу други милитанти кои и го прекратиле мирниот живот на женава и ја истерале од дома во најубавите години од животот и ја оставиле на цедило сама и во непознато да преживува. Криви се сите оние што не ја поверувале жената дека работата која што сакала да ја работи не ја работела заради секс, туку заради пари кои насушно и требале. Криви се и комшиите кои веројатно приметиле дека не е се како што треба, но заради онаа старата „ми е гајле ниту ја знам, ниту ме интересира“ не интервенирале порано кај социјалните служби. Криви се и социјалните служби, затоа што не делуваат превентивно, туку делуваат како мртовечко претпријатие кое само констатира а не превзема ништо. Крив сум и јас како граѓанин, кој исто како и комшиите на жената барем еднаш за таков сличен проблем сум помислил како нив, а во конкретниов случај се срамам што така сум помислил, затоа што ако јас и повеќемина навреме некогаш сме реагирале, можеби комшиите ќе имале алиби и искуство да реагираат навреме за да се спречи ова убиство. И на крај кривицата на женава веројатно ќе биде констатирана, но што понатаму? Одново пак, до некоја недај Боже слична вест?
 
Знаете што ќе направат сега новинарите ?! - Владата е крива!


Чекор поблиску до вистината:)
Владата ја претставува државата, а ако мене ме прашаш - проблемот е некаде во неа и во нејзините институции.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom