"Судииве" кои ги има на вакви теми.
Оние кои со стручност и луцидност, и наравно со вонсериска интелегенција, констатираат дека луѓето ко женава се луди и треба да се бесат/лечат (no shit!) и кои ни кажуваат дека ова што го направила е многу гадно. (no shit!)
Ебати војаерите перверзни.
Vidi тоа се се лица кои подалеку од мрсулавиот нос не гледаат, туку само да кевнак и лавнат пишуваат.
Прво, ова е грозоморие, ужасен чин, трагедија. Но чија?
Само на семејството? Или на целото општество?
Шенава, од кои причини го сторила тоа? Дали е умоболна? Дали има дијагонстицирано писхолошоко пореметување? од порано? Дали била на лечење, земала ли медикаменти, престана ли да ги зема? Зошто порано не е забележана писхозава и агресијата? Дали е нејзината умствена, психичка состојба резултат на болест или производ на ужасиите и ужасните социо-економски прашања и состојби во кои се наоѓа (и не само таа, туку голем процент од населението)?
Второ, а ова за сите бесачи, черечачи, палачи и кољачи!
Република Македонија е членка на Советот на Европа, земја кандидат за членство во ЕУ и земја која ја има укинато смртната казна, како и е потписник на конвецнијата за забрана на тортура, свирепи и нечовечки казни и измачувања.
Следствено сите повици за черечење, колење, палење, бесење, стрелање, се повици против заложбите на Македонија, против демократијата на нашево општество, против хуманоста.
Трето и последно.
Зошто никој од "фините" не се запраша зошто и како сме стигнати до ова дереџе? Кои се оптествените неприлики во кои запаѓање што психички се пореметува народот кој од глад, беда и немаштија посегнува во своето лудило по живото на најмилите, по алкохолот, дрогата, криминалот итн!
Зошто "фините" не се запрашаат, ама онака искрено, зошто не се дозволува лешење на петгодишно девојче чие лечење чини четврт милион евра, а поранешниот директор на фондот е уапсен за проневер ан двесте илјади евра повеќе од чинењето на лечњето?! Зошто не се запрашаат во својата исцибреност чуму ќе ни се статуи кога народот запаѓа во агонија и безизлез.
Од една страна нема пари за лекувања, нема пари за храна, има чедомории, оружени грабежи, напади на колонијални продавници, пораст на наркоманија и алкохолизам, од друга страна статуи, споменици и слични непотребштини кои чинат многу повеќе, а се воедно и непродуктивни оти не придонесуваат за ништо освен гордост на празен стомак и бели очи.
Зошто при толку глад се уништува расад со круши, после долгогодишно оживување на таа гранка во земјоделието/овоштарството со цел да се изгради стадион! нема ли некаде каловник, глинеста земја каде може да се направи стадионот, игралиштето (кое никој нема да го одржува) туку мора баш на хектари и хектари храна кога народот е гладен, страден и полудува?!?
Зошто кој и да е, сјаши Мурто да те најавне Курто, кај нас, не се занимава со вистинската болка на електоратот, на народецот кој гнилее и чемери, туку со себевознес и себепромоција, за на крај да се ужаснува од вакви и слични грозомории?
Ете, кога ќе се најде соодветен одговор на овие и слични прашања, може да дискутираме за "финоќа", палежи, колежи, черечења, бесења во виртуелниот свет (бидејќи во реалниот тие се одамна празна и пуста реторика на гладниот дух и прост ум)!
Шо би рекол Пабло, фалиминдерит шум на внимание!