Жена-монструм уби дете

  • Креатор на темата Креатор на темата Vlatko_sk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 септември 2008
Мислења
185
Поени од реакции
4
Денеска ме шокира веста што 7 годишно дете беше убиено од неговата монструм-мајка, детето било удирано по главата со тап предмет се додека не умрело.
Мислам дека за ваквите монструми треба казна со палење на плоштад.
Не е секоја жена за мајка
Вакви случаеви ги има многу и треба и за нив да се збори како што се збори за педофили....
 
Прочитај само уште колку деца има и ќе ти стане јасно за какво семејство и во која состојба е истото :S
 
Можеби сум напишала некаде по форумов, ама пак ќе си го повторам чудењето околу следново:
Паровите, или единките, кои сакаат да посвојат дете поминуваат низ сито и решето од вакви и онакви консултации, советувалишта, тестови, агонии од чекање и надевање. Од друга страна, јас не знам дека постои начин или системска мерка да се провери и одобри нечија свесност, совесност и способност да стане и да биде родител, кога зборуваме за биолошко родителствување. А, евидентно постои потреба.

@Влатко од Скопје - со должен респект, не го разбирам твојот потпис.
 
И наместо да се пали очигледно несвесна индивидуа на плоштад, фино е и да се запрашаме околу колективната одговорност и одговорноста на срањето институции у ова срањево од држава, со народ кој не го надминува нивото на затуцана оговарачка.
 
Се чуствувам малце ретардирано, извинете, која е целта на темава?
Океј, нека се запали жената на поштат, што се тиче мени, нит ја знам нит ја познавам.
 
auuuu

Крш...
Штета за детево, ај оваа шо е ненормална:uvo: ама и жива!?!?
Треба ко Турција - Смртна:pop: казна одма:tapp:!
Оваа е една од многуте,
Институција за ваков:nesum: народ и лекарства..

Поз :(
 
Крш...
Штета за детево, ај оваа шо е ненормална:uvo: ама и жива!?!?
Треба ко Турција - Смртна:pop: казна одма:tapp:!
Оваа е една од многуте,
Институција за ваков:nesum: народ и лекарства..

Поз :(

Смртна казна, па институција, па лекарства?
Баш по тој редослед? (:
 
"Судииве" кои ги има на вакви теми.
Оние кои со стручност и луцидност, и наравно со вонсериска интелегенција, констатираат дека луѓето ко женава се луди и треба да се бесат/лечат (no shit!) и кои ни кажуваат дека ова што го направила е многу гадно. (no shit!)

Ебати војаерите перверзни.
 
@Влатко од Скопје - со должен респект, не го разбирам твојот потпис.

Да се забрани абортусот, а ако некоја абортира-да и се врати пропорционално, односно да и се одземе и нејзиниот живот зашто нели убила човек.
Колку шо сконтав...:smir:

Инаку, не знам дали е за осудување ова, зашто јасно е дека нормална мајка не би наравила нешто слично. Сигурно има некоја болест, или нешто се „споило“ во тој момент па од таму и реакцијава.
На женава и треба помош, тоа е сигурно.
 
Да се забрани абортусот, а ако некоја абортира-да и се врати пропорционално, односно да и се одземе и нејзиниот живот зашто нели убила човек.
Колку шо сконтав...:smir:

Така, а? Па добро, тоа би ја објанило неговата воведна реченица... палење на плоштад и слични, социјално прифатливи мерки.
Еееџ, не е демократија кога секој има свој став и може да го каже гласно. Тоа е анархија.
 
"Судииве" кои ги има на вакви теми.
Оние кои со стручност и луцидност, и наравно со вонсериска интелегенција, констатираат дека луѓето ко женава се луди и треба да се бесат/лечат (no shit!) и кои ни кажуваат дека ова што го направила е многу гадно. (no shit!)

Ебати војаерите перверзни.

Vidi тоа се се лица кои подалеку од мрсулавиот нос не гледаат, туку само да кевнак и лавнат пишуваат.

Прво, ова е грозоморие, ужасен чин, трагедија. Но чија?
Само на семејството? Или на целото општество?
Шенава, од кои причини го сторила тоа? Дали е умоболна? Дали има дијагонстицирано писхолошоко пореметување? од порано? Дали била на лечење, земала ли медикаменти, престана ли да ги зема? Зошто порано не е забележана писхозава и агресијата? Дали е нејзината умствена, психичка состојба резултат на болест или производ на ужасиите и ужасните социо-економски прашања и состојби во кои се наоѓа (и не само таа, туку голем процент од населението)?

Второ, а ова за сите бесачи, черечачи, палачи и кољачи!
Република Македонија е членка на Советот на Европа, земја кандидат за членство во ЕУ и земја која ја има укинато смртната казна, како и е потписник на конвецнијата за забрана на тортура, свирепи и нечовечки казни и измачувања.
Следствено сите повици за черечење, колење, палење, бесење, стрелање, се повици против заложбите на Македонија, против демократијата на нашево општество, против хуманоста.

Трето и последно.
Зошто никој од "фините" не се запраша зошто и како сме стигнати до ова дереџе? Кои се оптествените неприлики во кои запаѓање што психички се пореметува народот кој од глад, беда и немаштија посегнува во своето лудило по живото на најмилите, по алкохолот, дрогата, криминалот итн!
Зошто "фините" не се запрашаат, ама онака искрено, зошто не се дозволува лешење на петгодишно девојче чие лечење чини четврт милион евра, а поранешниот директор на фондот е уапсен за проневер ан двесте илјади евра повеќе од чинењето на лечњето?! Зошто не се запрашаат во својата исцибреност чуму ќе ни се статуи кога народот запаѓа во агонија и безизлез.

Од една страна нема пари за лекувања, нема пари за храна, има чедомории, оружени грабежи, напади на колонијални продавници, пораст на наркоманија и алкохолизам, од друга страна статуи, споменици и слични непотребштини кои чинат многу повеќе, а се воедно и непродуктивни оти не придонесуваат за ништо освен гордост на празен стомак и бели очи.

Зошто при толку глад се уништува расад со круши, после долгогодишно оживување на таа гранка во земјоделието/овоштарството со цел да се изгради стадион! нема ли некаде каловник, глинеста земја каде може да се направи стадионот, игралиштето (кое никој нема да го одржува) туку мора баш на хектари и хектари храна кога народот е гладен, страден и полудува?!?

Зошто кој и да е, сјаши Мурто да те најавне Курто, кај нас, не се занимава со вистинската болка на електоратот, на народецот кој гнилее и чемери, туку со себевознес и себепромоција, за на крај да се ужаснува од вакви и слични грозомории?

Ете, кога ќе се најде соодветен одговор на овие и слични прашања, може да дискутираме за "финоќа", палежи, колежи, черечења, бесења во виртуелниот свет (бидејќи во реалниот тие се одамна празна и пуста реторика на гладниот дух и прост ум)!

Шо би рекол Пабло, фалиминдерит шум на внимание!
 
Знаете што ќе направат сега новинарите ?! - Владата е крива!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom