Избор за песна за Евровизија 2010

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Garant poveketo ke bidat glupi pesni,manifestacija propratena so skandali,organizacija i scena "na visoko nivouuu",,bla bla bla ednostavno kazano toa ne mi lici mene na izbor za evrovizija,samo glupiranje i maskembal
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Да да, се виде нивниот голем успех. Второ место!!!
Сепак, најужасна песна, EVER! Бљак.
Ама да жирито ги респектира, така да може има позитивно мислење за Сузето и таа ќе оди на Евросонг :vozbud::vozbud::vozbud:
Ако има нешто слично на ова очекувам победа.


Ги приметив Памперс. Добри се они али некако не успеаваат на ваква шунд парада да освојат симпатии.

 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Изведувачиве се:nesvest:
Па океј не ни имаме нешто боље...
Поарно е да не се брукаме, да си седиме дома, парите(кој ги нема) ке ги дадеме у буџетот да се пополни малце празен бил викаат...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Добро бе сеуште се одржува тоа фестивалче наречено Еурогејсонг?

Ќе се јавам Шехерезад да ја пуштат во исти термин, да не гледате такви лоши работи....
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Избираме песна за 10-тото учество на Евросонг

Сите, безусловно, да застанеме под едно знаме!


За неполн месец - на 18, 19 и 20 февруари - во Универзалната сала во Скопје, Македонија ќе го избере својот претставник за Песна на Евровизија, манифестација која годинава се одржува во Осло, Норвешка.

Самиот факт дека годинава нашата држава слави мал јубилеј - 10-то претставување на евровизиската сцена, овој избор го прави посебен, а мотив плус е и што последниве две години Македонија не успеа да се пласира во големото финале на Евросонг, па ова на некој начин за нас претставува трета среќа. Во пресрет на Скопскиот фестивал 2010, кој е и национален избор за песна на Евровизија, за тоа како течат подготовките, и уште многу нешта, разговаравме со членовите на нашиот евровизиски тим: Гордана Андрашевска (координатор на проектот), Љупчо Мирковски (уметнички директор) и Мери Попова (уредник во забавната редакција на МТВ)

Популарната европска музичка манифестација Избор за песна на Евровизија, која несомнено има и пошироко значење во светот, годинава од 25 до 29 мај ќе се одржи во норвешкиот град Осло. Ќе се натпреваруваат вкупно 39 земји, три помалку од лани, со тоа што големата четворка - Франција, Англија, Шпанија и Германија, ќе настапат директно во финалето. На една од двете полуфинални вечери, меѓу учесниците настапува и Македонија, бидејќи оваа година за нас е посебна. Имено, нашата земја годинава по десетти, јубилеен пат стапнува на големата евровизиска сцена, што е мотивација повеќе на музичка Европа да и понудиме нешто навистина добро.

Кој ќе ги наследи ланските учесници Некст тајм, но и сите претходни: Тамара, Врчак и Адријан, Каролина Гочева (која имаше две учества на Евровизија), Елена Ристеска, Мартин Вучиќ, Тоше Проески, ХХЛ и Владо Јаневски, ќе се знае на 20 февруари, кога е големото финале на нашиот национален Евросонг.

Со оглед на фактот дека минатата 2009 година имавме коректен избор, и дека организацискиот тим успешно си ја завршил својата работа, а тимот што победува не се менува, дирекцијата на националниот радиодифузен сервис - Македонската радио-телевизија - им додели уште еден мандат на Гордана Андрашевска (координатор на проектот), Љупчо Мирковски (уметнички директор) и на Мери Попова (уредник во забавната редакција на МТВ) да ја продолжат својата ланска мисија...

Точно е тоа дека тимот што победува не се менува, а освен тоа ние меѓусебно одлично функционираме и си ја знаеме работата, па одлуката повторно да ни се довери овој проект, за сите нас претставуваше голем комплимент - истакнува Гордана Андрашевска, нагласувајќи дека се согледани сите недостатоци и пропусти од лани, кои годинава ќе бидат надминати, со цел да имаме што подобар фестивал.

Она што во целата работа е многу добро е што на ланскиот избор немавме многу грешки, а факт е дека воопшто немавме кардинални промашувања. Она што за овој тим претставува црна дамка на Изборот е што не го спречивме исвиркувањето од страна на една навивачка група кога се соопштуваа гласовите од жирито. Годинава ќе преземеме се што е во наша моќ такви работи да нема - потенцира Мери Попова. Во име на тимот, Попова вели дека е пријатно изненадена од одлуката на менаџментот на МТВ истата екипа да работи на проектот, бидејќи секоја година, од разни причини се менуваше составот на луѓето вклучени во проектот.
Но, ова значи дека лани коректно си ја завршивме задачата - истакнува Мери.
Останува концептот за фестивалски избор
Годинава, на конкурсот за национален Евросонг пристигнаа 126 песни, од кои 28 се избрани во потесен круг. А на 20 февруари една од нив ќе биде избрана како претставник на Македонија на Евровизија во Норвешка.

Лично, генерално сум задоволен, најпрвин од бројката, а потоа и од квалитетот на пристигнатиот материјал на конкурсот. Да можев самиот да одлучувам, барем уште 10-ина песни би ставил во селекција за Изборот, бидејќи знам што може да помине на Евровизија. Сепак, со 40-ина песни Изборот би бил премногу комплициран. Затоа е добро што седумчленото жири имаше компактен став и мислење кои се песните што треба да и се понудат на јавноста - објаснува Љупчо Мирковски.

Бидејќи ланската 2009-та, а и актуелнава 2010 година во светот се сметаат за кризни токму заради финансиските проблеми од актуелниот Избор се откажаа Чешка, Унгарија, Црна Гора и Андора, додека Литванците во минута до дванаесет успеаја да најдат спонзори. И, додека Босна по скратена постапка го избра својот претставник, Вукашин Брајиќ од Операција Триумф, кој ќе ја пее темата Муња и гром на Дино Шаран, додека Србите за композитор го избраа светски познатиот Горан Бреговиќ, кој ќе напише неколку песни од кои ќе се избира најдобрата, Македонија го повторува ланскиот концепт да имаме фестивал...

И кај нас на почетокот постоеше мислење дека би можеле да избереме еден претставник, и да го повториме моделот од 2004 година кога не претставуваше Тоше, меѓутоа за фестивал се одлучивме најмногу од причина што на овој начин на сите им даваме подеднакви шанси. Имаме рамноправен натпревар, на кој секој може да го покаже најдоброто од себе, па ако има добри вокални квалитети, добра песна, добар аранжман и настап, може рамноправно да учествува, па и да победи. Само на овој начин, преку фестивал, им се дава шанса на поширок круг автори и изведувачи да покажат што знаат и умеат.
Освен тоа, продолжува традицијата на Скопскиот фестивал, а со 28 нови композиции, се збогатува етерот со музика на македонски јазик
- децидна е Андрашевска и подвлекува дека и покрај кризата, тешката финансиска состојба во МТВ и скромниот буџет за национален Евросонг, верува дека тимот ќе направи добар фестивал, преку кој секој ќе го најде своето место.

Иако до стартот на Изборот остануваат три недели, во МТВ забрзано се работи на подготовката на оваа популарна манифестација...

Рокот за конечното предавање на песните е 1 февруари, иако и досега добивме неколку конечни верзии на снимките. Секој сака најдобро да ја реализира лентата, па оттаму се работи сe до последниот ден за предавање на снимките. Освен тоа, годинава планираме да објавиме и дискови со сите песни кои учествуваат на манифестацијата - објаснува Мирковски и вели дека, исто како и лани, и оваа година пред самиот Избор, на јавноста за слушање ќе и бидат овозможени рефрените на песните, се со цел да се има подобар увид во целата домашна евровизиска понуда.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Песни од сите музички жанрови
Стилски, и годинава понудата е шаренолика...

Нашата интенција е да бидат застапени сите музички жанрови кои се квалитетни и популарни, впрочем сите сегменти на популарната музика сакаме да ги имаме во Изборот. Затоа, можам да најавам дека меѓу избраните има и балади, и динамични песни, и етно, и современи, во аренби-стил... - вели Мери Попова, а Љупчо Мирковски се надоврзува:

Конкурсот, како годинава, така и лани, не ги обврзуваше авторите да испраќаат песни во кои провејува македонскиот етномелос, бидејќи сметаме дека тоа некои може да го сфатат како ограничувачко. Сите автори кои се заинтересирани за Евровизија, знаат што бара музичката Европа. Ние неколку пати отидовме на Евровизија со такви песни во 7/8 ритам, па видовме дека на публиката тоа и не и е премногу атрактивно. Сепак, во тие три минути мора да доминира нешто што е заразно и што плени на прва топка - подвлекува Љупчо.

Подготвувајќи се за Изборот, организацискиот евровизиски тим се подготвува и за ревијалната програма, која ќе ја збогати манифестацијата. Сепак...

Многу работи се договорени, но се уште не би ги објавувале додека не бидат и официјално потврдени. Единствениот мал проблем во целата работа е што многу национални избори годинава се закажани за малку подоцна, бидејќи и големата Евровизија е закажана за втората половина на мај. До 20 февруари многу мал број земји ќе го имаат избрано својот претставник, но кој точно ќе ни дојде на гости се уште не можам да откријам, бидејќи и тоа зависи од една друга работа. Имено, годинава на 7 февруари ќе се изврши ждрепката за тоа кој настапува во првата, а кој на втората полуфинална вечер, па откако ќе го знаеме тој податок, и ние, а и другите, ќе ги планираме своите промотивни активности. Всушност, кај нас ќе дојде некој што е во истата полуфинална вечер како и ние, бидејќи и нему му е во интерес да се претстави пред аудиториумот кој утре ќе гласа за него. Во спротивно, тој нема интерес да ни биде гостин на националниот Избор - објаснува Андрашевска.

Самиот факт дека годинава Македонија по 10-ти пат стапнува на евровизиската сцена, за јадрото на тимот кој го подготвува проектот, претставува мотив повеќе Скопскиот фестивал да помине беспрекорно.

Македонската радио-телевизија е само организатор на оваа манифестација, која им припаѓа на сите луѓе што живеат во Македонија. Нашиот национален интерес е да имаме претставник зад кој ќе застанеме сите заедно. Затоа мислам дека во пректот треба да се вклучи и државата, пред се Министерството за култура, за да ја претставиме Македонија во Осло најдобро што можеме. А, за тоа да се направи, потребни се финансии...
- смета Мирковски.
Евровизијата - голем маркет
За Мери Попова, Евровизија не е само избор на најдобрата песна во Европа, туку и голем маркет и добра можност да се промовира државата. Колку за пример, лани во Москва белоруската делегација дојде со три шлепери промотивен материјал, а дури и сладоледите беа со ликот на нивниот евровизиски претставник.

Но, за да функционира сe како што треба, ние најпрвин дома треба да создадеме позитивна атмосфера. Ако тоа го немаме дома, не можеме да очекуваме добар пласман, бидејќи денес сe се следи благодарение на современиот начин на комуникација - потенцира Гордана, и открива низа новини кои годинава се однесуваат на начинот на гласањето:

Годинава, телефонското гласање ќе трае во текот на целата вечер, поточно од стартот на првата песна, сe до 15 минути по завршувањето на последната композиција. До сега, ТВ-гледачите можеа да гласаат само во тие 15 минути, откако сите песни и беа презентирани на јавноста. Овој принцип е веќе воведен на детската Евровизија, што значи дека одиме во чекор со трендовите. Значи, целиот тој процес на гласање ќе трае околу еден и пол час, што значи дека ќе има доволно време секој да го избере својот фаворит и да го награди со глас.

Исто така има новини и кај стручното жири. Место ланските 12 членови, годинава жирито ќе брои шест члена, со цел да се забрза целиот процес на гласањето - открива Андрашевска.

Во двете полуфинални вечери на националниот Евросонг ќе бидат изведени по 14 композиции, од кои по осум од секоја вечер одат во финале, каде ќе бидат изведени вкупно 16 најдобро пласирани песни. За Мери Попова ваквиот начин на гласање е најдобар, бидејќи публиката е коректив на жирито, и обратно - жирито е коректив на публиката. Иако не е совршен, бидејќи таков не постои, со ова на сите им се овозможува да бидат подеднакво забележани од сите, а ќе победи најдобриот.

Во јавноста многу се греши кога целата фама околу изборот за наш евровизиски претставник се става на изведувач, иако во конкурсот стои дека се бара, се избира песна која ќе не претставува на Евросонг. За жал, кај нас песната многу пати е ставена во втора, инфериорна позиција, оти гласачите се свртени кон оној што треба да ја донесе песната. Секако, пејачот е многу важен во целиот процес, бидејќи ако не е најмалку добар вокалист, и да има најдобра песна, нема што да бара на Евровизија. На успех може да се надеваат само оние со квалитетна композиција и квалитетен вокал.
Стивнува комшиското гласање
Тие што имаат екстра-квалитет во сите сегменти, се најголемите конкуренти за победа...

Многу пати сме зборувале на оваа тема и секогаш доаѓаме на истата позиција - дека рецепт за успех на Евровизија не постои, а во прилог на тоа е и фактот дека секоја година победува стилски различна песна. Но, едно е дефинитивно сигурно - само добра песна, добар пејач, и добар сценски настап се билетот кој може да те доведе до успехот. Друго нема - смета Љупчо Мирковски. Тој подвлекува дека многу пати се занемарува овој важен податок.

Секој различно ја доживува песната, а за таа да успее, важно е се, и каква е песната, и како е испеана, и како изгледал пејачот, и каков му бил сценскиот настап. Оти, публиката забележува различни нешта. На некого му е најважна песната, бидејќи тој музиката ја доживува само со слушање. Другиот, пак, знае да каже: Виде ли овој како играл. Тој има најдобра песна!, и тој музиката всушност ја гледа, додека третиот, ниту ја слуша, ниту ја гледа, и нему му е најважно кој ја пее песната, а не како е испеана, каква е таа и каков беше настапот... - дополнува Мирковски.

Сите во нашиот евровизиски тим се согласуваат дека лани Некст тајм во најдоброто светло ја претставија Македонија на Евровизија. Момчињата, иако мошне млади и со мало искуство зад себе, се покажаа како врвни професионалци, а вокалната интерпретација беше извонредна. Којзнае - можеби опуштеноста на Некст тајм во Москва се должи и на податокот дека пред нивното заминување, во јавноста во Македонија не беше наметната атмосферата од типот да се биде или да не се биде, карактеристична за сите претходни претставници, што само непотребно го оптоваруваше изведувачот.
Актуелниот систем на гласање на големата Евровизија, кој претставува фузија на гласовите од публиката и гласовите од жирито, го усложнува целиот систем за избор на победникот, а комшиското гласање - балканско, скандинавско, екссоветско..., веќе ја нема таа сила како порано. Но, постои една работа која може да се направи, а која може да биде и тоа како полезна...

На нашиот претставник во Осло многу може да му помогне нашето Министерство за надворешни работи, кое би ги анимирало нашиве амбасади во земјите каде што имаме поголема дијаспора, тие да ги анимираат нашите иселеници да гласаат за Македонија. Тоа се прави секоја година, но дефинитивно може да биде уште посилно - сметаат во нашиот евровизиски тим, иако потенцираат дека има разлика од држава до држава, бидејќи се разликува менталитетот на нашиот народ...

Колку за пример - лани дијаспората во Швајцарија беше добро анимирана, но тој проблем со анимирање го немаат Турците, на пример. Тие секоја година се сигурни учесници во финалето, оти нивните иселеници во другите земји се свесни за тоа за кого треба да гласаат, а она што единствено е неизвесно е конечниот пласман во финалето. Најпосле, нашиот народ мора да знае дека за успех надвор од Македонија, мора да постои сплотеност на нацијата...

Не може да се бара успех од организаторот, а во исто време да се девалвира неговата работа. Иако од страна гледано изгледа дека е многу лесно да се организира една ваква манифестација, тоа ни оддалеку не е така. Ниту има местенки во изборот, ниту некој се обидува да направи малверзации во интерес на овој или оној, бидејќи лошиот избор во исто време значи и лош пласман за Македонија. А тоа никому во оваа земја не му оди во прилог
- категоричен е Мирковски.

Токму од тие причини - истакнува Андрашевска - нашата работа е транспарентна. Работиме според правилникот, и се обидуваме да создадеме атмосфера во која ќе нема незадоволни. Тоа не е лесно, но тимот повторно подготвено се фати со предизвикот! Затоа е важно сите да застанеме под едно знаме. Безусловно!
Иван Беќковиќ
Теа модерна
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Циркузов мора да се следи секоја година.
Без да ги слушнам песните сакам Влатко да оди,а Јова сигурно ќе биде феноменална.



Од сигурни извори(бар за повеќето песни) вака ќе биде:


Летам кон тебе - Влатко Лозаноски

Се што чекаме - Јова Радевска
 
Член од
4 февруари 2010
Мислења
16
Поени од реакции
0
Рефрените се пуштени. Еве ja од Влaтко, Летaм Кон Тебе

 
P

PewDiePie

Гостин
Рефрените се пуштени. Еве ja од Влaтко, Летaм Кон Тебе

Ми се свиѓа рефренчето,исто и на Влатко Илиевски пак ќе биде некоја певлива песна што ке биде хит,судејќи по рефренот.
 
S

smart ass

Гостин
Гарант сите ќе гласаат за Македонија(и мал мешап 15 секунди..од тешкотооо)!!

 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Ovoj pat ke pobedi Vlatko Lozanoski Siguren sum ... t.e ako ne namestat nekoj drug so tinja pesna da tepa...
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
25
Поени од реакции
3
Според рефрените што ги слушнaв, песнaвa зaслужувaше дa стигне до Скопjе Фест...aмa ете јa одбиле.

 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Телевоутингот ќе има од почетокот на манифестацијата и ќе трае 15 минути по завршувањето на последната песна.

Апсолутно нефер. Тој што настапил прв, за него има повеќе време да се гласа. За оној што настапил последен, само 15 минути.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Остај тоа, како можеш да гласаш за некој што не си му ја чул песната? :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Па баш тоа викам. Значи настапува некој под реден број 1, ти гласаш за него. Ако мене ми се свиѓа песната под реден број 17, тогаш таа песна е ,,во минус" во однос на таа под реден број 1, за минимум 35 - 40 минути гласање.
СМРТ, ај бе не ни ги трошете парите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom