- Член од
- 14 јануари 2009
- Мислења
- 359
- Поени од реакции
- 21
Три дена национален Евросонг!
Изборот на македонски претставник за Евросонг 2010 во Норвешка ќе се одржи во втората половина на февруари. Фестивалот ќе има три вечери, а ќе бидат изведени 28 песни. За победникот еднакво ќе решава телевоутингот и жирито од шест члена. Се задржува истата форма на избирање на нашиот претставник како за Евросонг 2009, зашто се покажала како успешна и ефикасна – јави Дневник.
По одржувањето на минатиот избор добивме позитивни критики од сите учесници, автори и пејачи. Затоа и го задржавме истиот формат. Посакувам националниот Евросонг пак да биде убаво доживување за сите што ќе бидеме дел од него, но и за тие што ќе го следат на малите екрани. Верувам дека оваа манифестација ќе ја добие поддршката од сите и ќе биде сфатена како настан за промоција на македонската музика - открива за Дневник Гордана Андрашевска, шефицата на македонската делегација.
Во двете полуфинални вечери на националниот избор ќе се изведат по 14 композиции. По осум од двете полуфиналиња ќе обезбедат пласман во финалето, а за нив еднакво ќе решава телевоутингот и жирито. Телевоутингот ќе има од почетокот на манифестацијата и ќе трае 15 минути по завршувањето на последната песна.
Како уметнички директор посакувам, пред се, овој избор да понуди богата и квалитетна музичка нумера. Конкурсот почнува на 10 ноември и ќе трае до 20 декември. Прво, би упатила покана до сите постари и докажани автори да ги закопаат воените секири и да испратат песни до фестивалот.
Апелирам и до младите автори да се пријават на конкурсот, во интерес на убавата песна и квалитетната музика, бидејќи победникот ќе ја претставува Македонија, а не нас, јавниот сервис, кој е само организатор. Конкурсот ќе биде од јавен карактер, но нема да биде пресудно името на авторот, туку убавината и квалитетот на песната - истакнува Љупчо Мирковски од Македонската телевизија.
Тимот што годинава беше задолжен за манифестацијата останува исти. Покрај Андрашевска и Мирковски, го сочинуваат Мери Попова, помошник на шефот на делегацијата, продуцентот Гоце Саздановски, режисерот Миле Гроздановски и соработничката Александра Јовановска. Таа ќе биде ангажирана во емисиите посветени на изборот, кои ќе почнат да се реализираат идниот месец.
Тимот постојано ги следи случувањата и промените околу манифестацијата на европско ниво, а истовремено ги почна и активностите околу организацијата на националниот избор, кој веројатно ќе се одржи во Салонот на МОБ.
Новина на Евровизија е промената на системот на гласање. Како што е познато на изминатите два избора, за првите девет земји што влегуваа во финалето решаваа гласовите од телевоутингот, а за десеттата тие на жирито. Систем, кој за нас се покажа како лош бидејќи двапати бевме десетти според телевоутинг и не исфрлаше жирито. На следниот избор за виза во финале ќе решаваат еднакво гласовите од жири и од телевоутинг - завршува Андрашевска.
Во двете полуфинални вечери на националниот избор ќе се изведат по 14 композиции. По осум од двете полуфиналиња ќе обезбедат пласман во финалето, а за нив еднакво ќе решава телевоутингот и жирито. Телевоутингот ќе има од почетокот на манифестацијата и ќе трае 15 минути по завршувањето на последната песна.
Апелирам и до младите автори да се пријават на конкурсот, во интерес на убавата песна и квалитетната музика, бидејќи победникот ќе ја претставува Македонија, а не нас, јавниот сервис, кој е само организатор. Конкурсот ќе биде од јавен карактер, но нема да биде пресудно името на авторот, туку убавината и квалитетот на песната - истакнува Љупчо Мирковски од Македонската телевизија.
Тимот постојано ги следи случувањата и промените околу манифестацијата на европско ниво, а истовремено ги почна и активностите околу организацијата на националниот избор, кој веројатно ќе се одржи во Салонот на МОБ.
Преземено од Дневник