Србија и Бугарија сонуваат за ново распарчување на Македонија

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Подривачките активности од соседите се најсилна потврда дека исцртувањето на границата со Косово е одличен потег. Разбирливо е дека на Србија не и одговара исцртувањето на границата со Косово, но чудно е вплеткувањето на Бугарија
Деновиве македонската национална телевизија „Канал 5“ како вест број еден пренесе една многу интересна и индикативна информација преземена од бугарската агенција Софиски утрински вести, он-лајн весник на англиски јазик, за „неминовното“ распаѓање на Македонија. Имено, беше пренесена оценката на извесен руски експерт, Модест Колеров, дадена во Белград, а цитирана од бугарското радио „Дарик“, дека Македонија ќе се распаднела оти буџетот и бил празен и оти Албанците ќе ја преземеле владата. Ова всушност се ставови на СДСМ што неколку месеци папагалски се повторуваа заради дестабилизација на Владата како последен од многуте неуспешни обиди за преземање на власта од страна на оваа партија.

Во веста на Канал5, Модест Колеров беше претставен како советник на Путин и генерален директор на руската информативна агенција Регнум (тој е главен уредник). Како таква веста автоматски асоцира дека Русија всушност прогнозира (посакува) распаѓање на „непријателска“ Македонија, за разлика од пријателските Србија и Бугарија. Начинот на кој во македонскиот етер е пласирана веста укажува на информативна војна, иако е тоа само уште еден јалов обид за сеење смут во домашната јавност. Имено, ако се прочепка на Интернет ќе се најде дека во март 2005 година тогаш претседателот Владимир Путин го назначил Модест Колеров за шеф на Одделот за меѓурегионални и културни врски со странски земји (земјите од бившиот Советски сојуз). Но, она што по се изгледа намерно се испушта во веста е дека токму Путин го отпуштил Колеров на 23 Октомври 2007 година заради незадоволство од „крајниот радикализам“ на Колеров во односите со соседните земји.

Значи, Колеров не е она за што беше презентиран во веста на Канал5, „советник“ на Путин, па оттука и неговите „аналитички“ бладања за распаѓање на Македонија немаат тежина или значење што се сака да и се наметне на македонската јавност како дел од психолошката војна. И тоа токму во момент кога некои претставници на ЕУ секојдневно ни тријат сол над глава да си го смениме името. Оттука, ваквата „бомбастична“ информација има за цел да влијае деморализирачки во момент кога е битна силната позиција на Македонија. Подривачките активности од страна на Бугарија и Србија се јасни, и како такви се најсилна потврда дека македонскиот премиер Никола Груевски се покажа како одличен играч со исцртувањето на границата со Косово. Со отстранување на тоа прашање, разговорите со Грција можат да се водат многу посигурно. Разбирливо на Србија не и одговара исцртувањето на границата со Косово, но чудно е вплеткувањето на Бугарија, освен заради нејзиниот санстефански сон што си го подгреваше со неисцртаната граница на Македонија. Притоа и двете, во случајов, ја злоупотребуваат Русија во своите ситни игри, божем Медведев и Путин немаат посериозни стратегиски работи туку да проектираат распаѓање на Македонија.

Путин и Медведев интензивно работат на засилување на енергетското, економското и безбедносното присуство на Русија во Југоисточна Европа. За таа цел, меѓу другото, премиерот Путин во Санкт Петербург со италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја дискутираа реализацијата на гасоводот Јужен поток, во што италијанската енергетска компанија Ени е главен учесник заедно со руски Газпром. Патем, токму заради соработката со Русија, Берлускони, кој е далеку од светец, им пречи на многумина кои против него водат невидена хајка.

Има поважни работи Путин отколку да се занимава со ситници како српски и бугарски ноќни мори. Тоа што на ЕУ од нејзини причини и се прибрза да се исцрта границата со Косово ги боли и Србија и Бугарија, зашто Република Македонија сега ги има сите елементи на држава.

Некои европски политички фигури заедно со одредени СДС-овски политичарки со рејтинг од „минус еден“ во пикот на сопствената политичка кариера, карикатурално ни одбројуваат „уште шест недели и еден ден“ сме имале за да си го смениме името. Има толку време, и многу повеќе, за тие фигури да им ја кажат на Грците вистината. А тоа е дека последниве години во Беломорска Македонија, каде што Грците претходно забрануваа и да се помисли, а не да се изусти зборот Македонија, прават институти, аеродроми, организации и што ли не и ги нарекуваат „македонски“, нема врска со вистинското значење на она што означува зборот Македонски - а тоа е народ со специфична, посебна култура, традиција, јазик, фолклор, антрополошки особености... И да им кажат дека како таква специфичност она што е Македонија е различно од Грција и дека грчко е различно од македонско. И дека името не може да се смени оти претставува езотеричен печат на еден народ даден од создавањето.

А „генијалецот“ Бранко Црвенковски кој отворено им се нуди на странците дека тој ќе прифати какво и да е име, што и да е, знае многу добро дека така силно ги подрива нашите позиции спрема Грција. И не му е првпат. Во случајов згрешил Колеров. Погрешно го брифирале. Да, ќе се распадне нешто во Македонија, но тоа е СДС.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Ta ne razbrav sto obsto ima Bugarija so stavovete na nekakov lud rusnak.:toe:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Интересно е како веста беше ударна на македонските Тв станици а во суштина е дезинформација.

Кој го пере нашиот мозок ?
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Интересно е како веста беше ударна на македонските Тв станици а во суштина е дезинформација.

Кој го пере нашиот мозок ?
Најверојатно провладините Канал 5 и Нова Македонија, бидејќи веста и не ја сретнав на некој друг медиум освен на овие два :toe:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Tопла вода Татариве и СрБедниве само и се ситат на Македонија... А дека за се глупавите СДСМ-овци ја криват владата е уште попознато :pos2:
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Најверојатно провладините Канал 5 и Нова Македонија, бидејќи веста и не ја сретнав на некој друг медиум освен на овие два :toe:
треба на а1 да оди за да е вистина.:pos2:

бугарската агенција Софиски утрински вести, он-лајн весник на англиски јазик, за „неминовното“ распаѓање на Македонија. Имено, беше пренесена оценката на извесен руски експерт, Модест Колеров, дадена во Белград, а цитирана од бугарското радио „Дарик“, дека Македонија ќе се распаднела оти буџетот и бил празен и оти Албанците ќе ја преземеле владата.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
на информацијата а не на што рекол некој:toe:
Па токму на тоа укажав де.
Незнам зошто без потреба пукаш од смеа.

Значи контроверзната информација е пренесена од страна на провладините Канал 5 и Нова Македонија.

Што има тука нејасно ?
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Дај бе луѓе , оставете ги да тропаат глупости до безсвест, гледате дека некои луѓе се спремни болни да легнат за СДС и А1 и сл... Колку само такви аналитичари - СФ , имааа ... :pos2:
А прати сега контра информација, стручњакот вели Македонскиот буџет е празен , а ММФ пак денес изјавува дека , економската состојба во Македонија е во пораст и подобра одколку земјите во регионот. :smir:
Овој русинот ако случајно се сретне на некој аеродром со овие од ММФ , ќе се истепаат, ова ми кажа комшијата , тој е професионален аналитичар за односите на бивши руски советници и сегашни функционери од ММФ .:pos2: :pos2::pos2:
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Не е проблем што се зборува туку дека само Македонецот си ја гледа својата работа а комшите само прават анализи за нас те утре нема да не биди те банкрот на државата.многу ги боли за нас.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Па и тие работат на публицитет како и нашите новинари, националистите од соседните земји кои ја мразат Македонија и Македонците , се радуваат на ваквите вести и тестисите би си ги одсекле за да прочитаат и прокоментираат ваква „важна и точна“ вест. Косово се создаде пред една година, 21 век, со спротивна страна Србија сојузник на светската сила Русија, а сега ќе се распаднела Македонија. :pos2::pos2::pos2:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Не е проблем што се зборува туку дека само Македонецот си ја гледа својата работа а комшите само прават анализи за нас те утре нема да не биди те банкрот на државата.многу ги боли за нас.
Ти најверојатно и не си го прочитал текстот за кој си отворил тема, него ај ќе пробам да ти објаснам, па колку разбереш...разбереш :toe:

Целта на ова информација која проструи деновиве во провладините медиуми Канал 5 и Нова Македонија, е по секоја цена таканаречените прогнози на таканаречениот Руски аналитичар да се поврзат со "лошата и зла" опозиција која посакува распарчување на Македонија.
Но авторката на колумната Емилија Гелева, тоа го направила на многу провиден, беден и тенденциозен начин.

Најинтересно во цела ова ситуација е тоа што вие овде, скоро никогаш не ја коментирате информацијата туку медиумот од кој излегла таа, надевајќи се дека тоа е токму еден од низата "предавнички медиуми" од вашата листа.
Затоа и следеше прашањето од Славјански - Кој го пере нашиот мозок ?
Затоа и твојот одговор беше - треба на А1 да оди за да е вистина.
Откако увидовте дека сте во заблуда, веднаш ја спуштивте топката.

Значи сеа идеме во ситуација во која нема на кого и врз кого да плукате, од причина што мозокот не ви го трујат ниту предавниците од А1 ниту предавниците од Алфа, туку лично и персонално патриотите од Канал 5 и Нова Македонија.
Смешно :)

Доказ за ова што го пишувам е и постот на @Goran_Makedon кој стои над овој.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Да ама јас не знам што толку си запнал околу таа А1 и околу тоа сдсм , дај олади малку бе Реален. Ги знаеме и нив кои се и што се. И нивните извори и вести се „докажани“. А за да не биде политика нема да коментирам ништо за партијата која ја спомнав. Мене ми смета тоа што вакви вести освен во бугарски и грчки весници и телевизии , почесто може да гледаме и на горе споменатата Македонска телевизија и некои од македонските весници , ако можеме да ги наречеме македонски само заради тоа што имаат седишта во Р. Македонија. Во овие две соседни држави со вакви глупости се хранат нивните националисти кои и посакуваат распад или незнам каква судбина на Македонија, но се прашувам кој тоа се храни со вакви глупости насред Република Македонија !?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom