- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
Подривачките активности од соседите се најсилна потврда дека исцртувањето на границата со Косово е одличен потег. Разбирливо е дека на Србија не и одговара исцртувањето на границата со Косово, но чудно е вплеткувањето на Бугарија
Деновиве македонската национална телевизија „Канал 5“ како вест број еден пренесе една многу интересна и индикативна информација преземена од бугарската агенција Софиски утрински вести, он-лајн весник на англиски јазик, за „неминовното“ распаѓање на Македонија. Имено, беше пренесена оценката на извесен руски експерт, Модест Колеров, дадена во Белград, а цитирана од бугарското радио „Дарик“, дека Македонија ќе се распаднела оти буџетот и бил празен и оти Албанците ќе ја преземеле владата. Ова всушност се ставови на СДСМ што неколку месеци папагалски се повторуваа заради дестабилизација на Владата како последен од многуте неуспешни обиди за преземање на власта од страна на оваа партија.
Во веста на Канал5, Модест Колеров беше претставен како советник на Путин и генерален директор на руската информативна агенција Регнум (тој е главен уредник). Како таква веста автоматски асоцира дека Русија всушност прогнозира (посакува) распаѓање на „непријателска“ Македонија, за разлика од пријателските Србија и Бугарија. Начинот на кој во македонскиот етер е пласирана веста укажува на информативна војна, иако е тоа само уште еден јалов обид за сеење смут во домашната јавност. Имено, ако се прочепка на Интернет ќе се најде дека во март 2005 година тогаш претседателот Владимир Путин го назначил Модест Колеров за шеф на Одделот за меѓурегионални и културни врски со странски земји (земјите од бившиот Советски сојуз). Но, она што по се изгледа намерно се испушта во веста е дека токму Путин го отпуштил Колеров на 23 Октомври 2007 година заради незадоволство од „крајниот радикализам“ на Колеров во односите со соседните земји.
Значи, Колеров не е она за што беше презентиран во веста на Канал5, „советник“ на Путин, па оттука и неговите „аналитички“ бладања за распаѓање на Македонија немаат тежина или значење што се сака да и се наметне на македонската јавност како дел од психолошката војна. И тоа токму во момент кога некои претставници на ЕУ секојдневно ни тријат сол над глава да си го смениме името. Оттука, ваквата „бомбастична“ информација има за цел да влијае деморализирачки во момент кога е битна силната позиција на Македонија. Подривачките активности од страна на Бугарија и Србија се јасни, и како такви се најсилна потврда дека македонскиот премиер Никола Груевски се покажа како одличен играч со исцртувањето на границата со Косово. Со отстранување на тоа прашање, разговорите со Грција можат да се водат многу посигурно. Разбирливо на Србија не и одговара исцртувањето на границата со Косово, но чудно е вплеткувањето на Бугарија, освен заради нејзиниот санстефански сон што си го подгреваше со неисцртаната граница на Македонија. Притоа и двете, во случајов, ја злоупотребуваат Русија во своите ситни игри, божем Медведев и Путин немаат посериозни стратегиски работи туку да проектираат распаѓање на Македонија.
Путин и Медведев интензивно работат на засилување на енергетското, економското и безбедносното присуство на Русија во Југоисточна Европа. За таа цел, меѓу другото, премиерот Путин во Санкт Петербург со италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја дискутираа реализацијата на гасоводот Јужен поток, во што италијанската енергетска компанија Ени е главен учесник заедно со руски Газпром. Патем, токму заради соработката со Русија, Берлускони, кој е далеку од светец, им пречи на многумина кои против него водат невидена хајка.
Има поважни работи Путин отколку да се занимава со ситници како српски и бугарски ноќни мори. Тоа што на ЕУ од нејзини причини и се прибрза да се исцрта границата со Косово ги боли и Србија и Бугарија, зашто Република Македонија сега ги има сите елементи на држава.
Некои европски политички фигури заедно со одредени СДС-овски политичарки со рејтинг од „минус еден“ во пикот на сопствената политичка кариера, карикатурално ни одбројуваат „уште шест недели и еден ден“ сме имале за да си го смениме името. Има толку време, и многу повеќе, за тие фигури да им ја кажат на Грците вистината. А тоа е дека последниве години во Беломорска Македонија, каде што Грците претходно забрануваа и да се помисли, а не да се изусти зборот Македонија, прават институти, аеродроми, организации и што ли не и ги нарекуваат „македонски“, нема врска со вистинското значење на она што означува зборот Македонски - а тоа е народ со специфична, посебна култура, традиција, јазик, фолклор, антрополошки особености... И да им кажат дека како таква специфичност она што е Македонија е различно од Грција и дека грчко е различно од македонско. И дека името не може да се смени оти претставува езотеричен печат на еден народ даден од создавањето.
А „генијалецот“ Бранко Црвенковски кој отворено им се нуди на странците дека тој ќе прифати какво и да е име, што и да е, знае многу добро дека така силно ги подрива нашите позиции спрема Грција. И не му е првпат. Во случајов згрешил Колеров. Погрешно го брифирале. Да, ќе се распадне нешто во Македонија, но тоа е СДС.