Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Види му е-маил, дознај се за него и оди на хотмаил.цом и кога ке ти побара тајно прашање напиши го. (прво пробај да го извлечеш тоа од него)
 
Да ви ја кажам и мојата случка околу хакнување на Фејсбукот и Мејлот. Ми го хакнаа мејлот, ми го сменија пасвордот на мејлот и на фејсбукот, исто така ја сменија Alternate адресата и тајното прашање. Значи буквално се (како на уште некој член на форумов што прочитав во претходните постови). Направив нова мејл адреса и од неа пријавив дека ми е хакнат и мејлот и фејсбукот и ги дадов потребните информации. Таму пишуваше дека не треба да имаш направено фејсбук профил на мејлот од кој што пријавуваш па бидејќи ми беше нов јас го искористив тоа и не направив. Чекав 3 дена одговор и не добив. Решив да си направам нов Фејсбук профил на таа новата мејл адреса и направив. Поминаа уште 2 дена и добив повратна порака од Админите или кој знае кој на Фејсбук и ме предупредија дека не смеам да имам 2 Фејсбук профила (бидејќи тоа било забрането според нивните правила) и да одберам кој профил да задржам. Дали овој новиот или пак да ми пратат ресетирани пасворди за стариот мејл и стариот Фејсбук профил. Јас го избрав новиот и за околу 5 минути откако ја пратив повратната порака кон нив, стариот профил беше избришан од Фејсбук. Така да сакам да кажам дека има некој кој работи на Фејсбук само треба малку трпение или пак пратете 2-3 пати иста пријава. Сигурно ќе ви вратат макар да чекате и 1 недела. Инаку знам и самиот како ме хакнаа и тоа беше со тројанец. Симнав еден програм и антивирусот (Kaspersky Internet Security 2011 - користам лиценцирана верзија) ми препозна дека има вирус, но јас го игнорирав тоа бидејќи помислив зарем во програм ќе стават вирус (програмот беше изгледа нешто за конверзија на формати, не се сеќавам баш најдобро) и го инсталирав, а со тоа сум го активирал и вирусот. Сите пасворди што ми беа снимани преку Mozzila (знаете она да ви го памети пасвордот) ми беа хакнати. Дури пробаа и на Интернетот да ми го сменат (имам АДСЛ интернет) но таму беа неуспешни бидејќи малку е потешко со фирма да се зезаш :P

Инаку за хакнувањето има многу начини. Порано се занимавав со тоа, но тоа се најголемите глупости на интернет. Најчесто денеска можат да те зезнат со phish страни. Тие за повеќето корисници се незабележливи. Додека со тројанците, keyloger-ите и сл. не можат баш толку лесно. Денеска секој има ставено антивирус, а да не кажам дека овие работи 95% се откривани од страната на антивирусите. Има доста Free верзии од антивируси, па така да му препорачувам на секој корисник кој е неискусен многу со интернет да си инсталира. На пр. Avast Free Antivrus, Avira Anti Vir, AVG Free Antivirus и сл.
 
Сите пасворди што ми беа снимани преку Mozzila (знаете она да ви го памети пасвордот) ми беа хакнати.
За следен пат, користи ја опцијата Главна лозинка (во кој било прелиатувач) или пак некое трето програмче за чување лозинки како KeePass.
Во Мозила се вклучува преку Алатки>Опции>Безбедност>Користи главна лозинка.
 
Да го знам тоа, ама малку е глупо. Секаде каде што има запомнено моја лозинка секогаш ја бара главната лозинка. На пр имам запомнето Фејсбук мејл и кога ќе ја отворам Фејсбук страната веднаш ми ја бара главната лозинка и никој друг освен мене не може да се вклучи на Фејсбук.
 
Може и друг. Се исклучува прозорчето за главната лозинка и толку. А секогаш можи да се користи и KeePass. За ова ќе треба да се прочита малце упатството, посебно за Auto-Type (на страницата лево под Features).
 
Ти благодарам за советот. Но јас ќе останам на истото. Да ме хакнаа, а да не знам е тогаш ќе барав чаре, а јас си знам и самиот си бев виновен.
 
Ама профилот ми е хакнат и избришан, кога идам форгот пасворд ми вика дека ми е избришан и неможе да ми ја прати лозинката.
У тој случај само нов профил може да отвориш,ја толку знам :toe:
 
Играм Farmville речиси 1 година, 69-то ниво сум.
Немам можност сега да поставам screenshot, од дома тоа.

Секојдневно ја отворам, на 2-3 пати го искористив и ботот, ама не е тоа-тоа, нема поента во таквото играње, единствено е корисен да ги собере јајцата, колекциите, бубачките и сл., ти заштедува доста време.
Не знам до кога ќе ја играм, не верувам уште многу долго. Тамам си реков “еј блиску сум до 70-то ниво“ (крајното), кога тие оп - додадоа уште нивоа па сега последното е 999-то!
 
Помош за facebook

дечки како можам да направам на ФБ тие што не ми се пријатели да не можат да ми праќаат приватни пораки и како да наместам никој да не може да види кои ми се пријателите па чак и самите пријатели?
 
Account, Privacy Settings.

Се надевам дека ќе се развие сериозна дискусија на темава. :pipi:
 
Account, Privacy Settings го свртев повеке пати ама јок, те молам ако може кажи ми како да стигнам до тие опции?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom