Дали Библијата е веродостојна книга?

  • Креатор на темата Креатор на темата debi7777
  • Време на започнување Време на започнување
Никејски собор.

Така вели Ден Браун во својот роман „Кодот на Да Винчи“, но и самиот тој вели дека тоа е роман, а не историја. Историјата вели дека на тој собор воопшто не станало збор за канонот на Светото Писмо. Од 20те вкупно одлуки на тој собор ниту една не била дирекно или индирекно поврзана со канонот на Светото Писмо.

Hippo (393) and Carthage (397)

Тоа што е постигнато на овие собори не претставувало наметнување на нешто ново врз христијанските заедници, туку кодифицирање на нешто што веќе претставувало општа практика во христијанските заедници.

Околу 20 години пред да се одржат овие собори, во 367 година епископот на Александрија, Атанасиј, во своето 39то свечено писмо ги набројува истите 27 канонски книги кои ние денес ги имаме во Новиот Завет, како книгите содржани во Новиот Завет. Тој не заповедува дека тие и тие книги мора сите христијани да ги стават во кориците на Новиот Завет, туку едноставно ги набројува книгите кои биле сметани за свети и користени во христијанските заедници.
Така што на соборите во Хипо и Картегина, како што кажав, не е кажано ништо ново, туку е кодифицирано нешто што веќе одамна си било прифатено од христијаните.

300+ години по смртта на Исус седнале смртници и се договарале дали некое евангелије треба или не да влезе.

Во 140 година, кога Иринеј станал епископ во Лион (Галија), идејата за четворното евангелие станала толку аксиоматска во христијанските заедници, што тој можел да се однесува кон него како кон установен и признаен факт, очигледен како што се очигледни четирите страни на светот или пак четирите ветрови....

„Зашто, како што постојат четири страни на светот во кој живееме и четири општи ветрови, и како што Црквата е распространета низ целата земја, евангелието е столб и основа на Црквата и здив на животот, природно е да има четири столбови кои зрачат бесмртност, будејќи ги луѓето. Според тоа, очигледно е дека Словото, Создателот на сите нешта, Кој седи над херувимите и сите нешта ги држи соединети и Кој му се покажал на човештвото, ни го дал евангелието во четворна форма, но споени заедно во еден Дух.“
(Иринеј, Против ересите 3:8)
 
Во 140 година, кога Иринеј станал епископ во Лион (Галија), идејата за четворното евангелие станала толку аксиоматска во христијанските заедници, што тој можел да се однесува кон него како кон установен и признаен факт, очигледен како што се очигледни четирите страни на светот или пак четирите ветрови....
[/COLOR][/I])

да али беше прашање кои 4 евангелија
имаше околу 50
 
Море какви 50, појќе да не беа?...
 
Ево, јас го најдов овој податок:

„..Бидејќи многумина се обидоа да напишат за настаните што се случија меѓу нас,...„
„...како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци си служители на Словото....„
„....намислив и јас, отако испитав се од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле...„ (Лука, 1.1, 1.2, 1.3).

Ето, многума (не саде 57-мина!) се нафатиле да шират прикаски, ама Св Ап. Лука „...се испитал од почетокот...„.

Ти, испитуваш нешто?
 
А бе стотина се нафатиле да испитаат и стотици дале свои испитни резултати
Кој зел да верва во овој кој во оној..
Тој Лука ... шо чоек беше, кој му се родители, кога и каде е роден, каде умрел... знаеме ли за него нешто за да му поклониме толку доверба па и душите наши да ги ставиме во залог за неговата верзија.
Оти на пример кредит да земиш па од жирант ќе му побараат и лична карта и каде работи и колку плата зема....

Дај малце да видиме Лука (има ли презиме оти многумина се Лука) што чоек беше.
 
Еве, да тркнеме до акцелераторот од ЦЕРН, може таму ќе ни кажат. А можеме и глеање на кафе и на карти да испробаме па така ќе бидеме ептен сигурни, а? Ја заборавив и „чаробната„ стаклена топка, ама ај, за друга прилика.
 
Значи не знаеш ни кој е Лука ни адреса ни кој му се родителите ни кога се родил каде се родил, како изгледал, кога умрел од што умрел.........

А велиш се шо напишал е вистина?
 
Околу 20 години пред да се одржат овие собори, во 367 година епископот на Александрија, Атанасиј, во своето 39то свечено писмо ги набројува истите 27 канонски книги кои ние денес ги имаме во Новиот Завет, како книгите содржани во Новиот Завет. Тој не заповедува дека тие и тие книги мора сите христијани да ги стават во кориците на Новиот Завет, туку едноставно ги набројува книгите кои биле сметани за свети и користени во христијанските заедници.
Кој им дал за право да цанзурираат, преуредуваат, усогласуваат или со еден збор фалсификуваат онака како им одговара. Во 367 год. епископот Атанасије Александриски (Athanasius) собрал и составил попис на книги кој подоцна на соборот во Хипон (Hippo) во 393 год. бил заверен, и пак презаверен на соборот во Картагина четири години подоцна. На тие собори0 бил постигнат договор или поточно скован заговор против вистината...се она што било пречка на патот до освојување на земната (велам земната зашто ним никој друга власт и не им дал, па така ќе се испотепаат за световната власт и моќ) било бесрамно отфрлено и забрането прогласено за ерес и сл. Како смее тој нивни избор да се смета за веродостоен и конечен, како смеел тој клер да се дрзне да ја обликува Библијата по сопствена мерка, особено кога некои од изоставените книги полагаат полно право на историска веродостојност.

Во 1958 год. проф. Мортон Смит од Колумбија универзитетот во еден манастир близу Ерусалим открил писмо во кое се наоѓа еден дел од Марковото евангелие кој недостасува. Тој дел не бил изгубен туку намерно изоставен по барање на епископот Климент Александриски еден од "најуважените црковни отци". Климент како што се чини примил писмо од некој Теодор кој се жали на една гностичка секта, Карпократовци. Изгледа дека Карпократовците толкувале еден дел од Марковото евангелие во склад со сопствените начела, а кои начела не биле во согласност со ставовите на Климент и Теодор. Поради тоа Теодор остро ги нападнал и за тоа го известил Климент. Во писмото кое го пронашол проф. Смит, Климент му одговара на својот ученик:

- На таквите треба да им се спротиставиш на секој начин и во целост, Зашто дури и кога би рекле нешто вистинито, оној кој ја љуби вистината ниту тогаш не би смеел да се согласи со нив. Бидејќи се што е вистина, не е вистина, ниту би требало да биде вистина.

http://www-user.uni-bremen.de/~wie/Secret/letter-engl.html

Ова не зборува ништо другу освен - Ако твојот противник, случајно ја зборува вистината, ти тоа мораш да го порекнуваш па ако треба и да лажеш, само да го побиеш.
 
Ова не зборува ништо другу освен - Ако твојот противник, случајно ја зборува вистината, ти тоа мораш да го порекнуваш па ако треба и да лажеш, само да го побиеш.
Работа што христијаните ја практикуваат веќе 2 000 години. Не мора да одиме подалеку од форумов за доказ.
 
Да бе, христијаните секогаш лажат, а само вие атеистите ја кажувате вистината.

Прво себеси се лажете, потоа и останатите.

:kez:
 
Да бе, христијаните секогаш лажат, а само вие атеистите ја кажувате вистината.

Прво себеси се лажете, потоа и останатите.

:kez:

Дали сите христијани се на висринскиот пат и ја кажуваат вистината
Католици
Православвни
Адвентисти
Англикани
.....................
 
Библијата ја кажува вистината. Сите кои се нарекуваат христијани, треба да погледнат во неа и вистината не им бега. Се што не е библиско-од лукавиот е.
 
Библијата ја кажува вистината. Сите кои се нарекуваат христијани, треба да погледнат во неа и вистината не им бега. Се што не е библиско-од лукавиот е.
Бравос, значи според тебе сите освен христијаните се спремни за во казани...како бре се најдовте само вие христијаните избрани за миленици на бога...и патем ако некој не го прифаќа учењето на црквата и библијата не значи дека по дефолт е атеист...немој да бидеш толку кратковид...
 
Библијата ја кажува вистината. Сите кои се нарекуваат христијани, треба да погледнат во неа и вистината не им бега. Се што не е библиско-од лукавиот е.

Планетата марс не ја пише,соцвездието млечен пат,антраксот,парамециумо...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom