Евангелијата датираат од 80 година па натаму до некоја 120 година.
Не би рекол. Постојат солидни аргументи дека евангелијата по Марко и Лука датираат пред разурнувањето на храмот во Ерусалим (70г.). А и Матеј е тука некаде. На пример Исус во овие евангелија пророкува за разурнувањето на храмот. Доколку евангелистите ги пишувале евангелијата после разурнувањето на храмот, тогаш зошто не го напишале и исполнувањето на Христовото пророштво за разурнувањето на храмот? Тоа би им одело во прилог зарем не? Но ајде, да не цинчариме за 10тина години.
Значи од 50 години по смртта на исус па подоцна.
Мислиш дека тоа е многу?
За Галските војни Јулие Цезар пишувал 1 век пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 10!) од ова дело е најден дури 900г. по Христос.
Тетралогијата Платон ја пишувал во периодот 427-347г. пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 7!) е најден исто така дури по 900г. по Христос.
Тацит ги пишувал Аналите почетокот на втори век, а најраниот препис датира дури 1100г. по Христос.
Херод ја пишува неговата Историја во 480-425г. пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 8!) е најден 900 години по Христос.
Итн.
Во споредба со нив, Новозаветните документи се пишувани во втората половина на првиот век, најраниот фрагмент од нив датират од 130г (фрагмент од ев. Јован), понатаму 200г. (папурусот „Честер Бити“ ги содржи 4те евангелија и делата на апостолите), и други папируси кои до крајот на 4тиот век даваат бројка од околу 24.600 рани ракописи од Новиот Завет или делови од него.
И не само тоа. Таканаречените „црковни отци“ (ранохристијански писатели) од 2ри до 4ти век напишале 36289 цитати од Новиот Завет притоа опфаќајќи ги сите стихови од Новиот Завет (кој има вкупно околу 33000) освен 11 од нив. Ова значи дека Новиот Завет може да се состави дури и само од цитатите на „црковните отци“ до 4ти век кои цитирале од него.
Само „отците“ од вториот век цитирале од секоја книга од Новиот Завет освен од 3тото послание на Јован (книга која има само едно поглавје и која едноставно немале причина да ја цитираат)
Не постои ни еден сочуван дел од евангелие помлад од 200 години по Христа.
Колекцијата папируси „John Ryland“ датираат од
130г. и содржат фрагменти од евангелието по Јован.
Зборот евангелие не постои пред 150 година од новата ера а називите му се од 4ти век.
Шо има везе како ги викале? Јустин (2 век) ги нарекува мемоари, Папиј (почеток на 2 век) логии, но и двајцата нарекуваат нешто што постои, нешто што може да биде речено.
Пред евангелијата пишувал павле, кој нигде со ни еден збор не ја спомнал Марија, бзгрешното зачнување и предавството на Јуда. Работи кои накнадно се уфрлени во подоцнежни текстови - евангелија.
А зошто сметаш дека би требало да ги спомне овие работи? Апостол Јован последен го пишува своето евангелие, па ни тој не го спомнал девственото зачнување на Марија. Ниту Марко.
Апостол Павле не бил православен па цело врме да пишува за Марија. Тој бил христијанин и неговиот фокус бил Христос!
Секако дека постојат и други евангелија датирани во 1-2 век од новата ера. Али со одлука на соборите тие не се влезени во комачен избор а нов завет.
На кој собор им било забрането на тие „евангелија“ да влезат во Новиот Завет? Пиши време и место каде што се одржал тој собор и по можност одлуката со која се забранило одреденото „евангелие“ да влезе во Новиот Завет.