Дали Библијата е веродостојна книга?

  • Креатор на темата Креатор на темата debi7777
  • Време на започнување Време на започнување
Епа,како може да биде веродостојно нешто што се случило скоро 3 века после неговата смрт - правени се преправки за некому да му одговара...

Мислам дека знаеш кој го свика Собирот кога беше канонизирана...

Читај ги изјавите на Исус - тие се противат на варварскиот пристап во Стариот Завет...

Каде пишува за животот на Исус од 12 до 30та година?
 
Kakov varvarski pristap, covece? Sto naogas da se protivi na Stariot zavet od izjavite na Isus?
Aha... i toa ja pravi neverodostojna zasto ne pisuva za zivotot na Isus ]od 12do 30g!
Pa vo Biblijata e napisano ona sto e vazno... i za tie godini sto e opisan zivotot na Isus ne e se do detal opisano!
 
Ахам...

Епа прочитај за мечот и стрелите.. за оној што нема да ја прифати верата..и прашај се дали е тоа Бог за кој Исус зборува или она што некој напишал дека Исус зборува?

Ако Исус е единствениот Божји син,треба да пишува и колку пати трепнал, како што некој ви го претставува.
 
Библијата е само книга на големите коорпорации само со една намена.. да биде бест селер и да се снима филмови после... абе пари.
 
Епа,како може да биде веродостојно нешто што се случило скоро 3 века после неговата смрт - правени се преправки за некому да му одговара...

Мислам дека знаеш кој го свика Собирот кога беше канонизирана...

Кој ве лажел дека Библијата е канонизирана на некој од вселенските собори? Тоа само Ден Браун може да го тресне и никој друг.

Не се знае кој ја канонизирал Библијата, но има извори кои ги набројуваат книгите од Библијата во истиот состав уште пред првиот Вселенски Собор.
 
Се изучуваа и проповедаа разни комбинации од Старозаветни и Новозаветни списи, Марикон го прифаќаше само Евангелије по Лука и три писма Павлови, Некаде беа опфатени и Мудростите Соломонови и Апокалипсата од Петар, конечно Свети Атанасие бискупот Александријски во 367 година го компилира Новиот завет онаков каков денес го знаиме, тој бива прифаќан низ христијанските цркви и конечно одобрен званично во 397. Иако и потаму низ историјата поедини делови се отфралале па пак прифаќале (Откровение на Јован)
Точно се знае која година кој ја канонизирал.
 
Мооолам?! Тикви!

На Вселенскиот Собор биле само набројани библиските книги.
Во 367 (30 години пред соборот) имаме список од Атанасие Велики на 66те книги од Библијата, идентичен со оној денес.

Иринеј во 2 век јасно изјавува дека постојат 4 евангелија.

Уште во времето на Исус дефиниран е Стариот Завет, така што нема потреба да дискутираме за него.

:tapp:
 
Шипак. Секоја црква си имала некои свои избор на текстови. Постоеле над 50 евангелија и купови откровенија посланија и други текстови.

Стариот завет христијански се разликува од еврејскиот па дури и во денешните верзии на разни христијански стари завети негде ги има негде нема текстовите на Егзикел, во време на Исус постоеле неколку верзии на стар завет преведени на грчки (на Акила, на Теодон, на евреите и Александрискиот) се додека Ориген во 2ри век од нив сите не искомилирал нов опревос. Но исус во синагогите се служел сигурно со Тората, со еврејскиот стар завет, а Атанасије велики го одбрал новиот завет во 367 година, тоа ти е 300+ години ПО исусовата смрт. Новиот завет е наново пишуван (и корегиран) во 4ти век.
Провери само откровението на Јована дали било некогаш исфрлано и пак враќано во новиот завет, да не зборуваме за делот на Марковото евангелија за кои и црковните оци признаваат дека е исфрлен.
 
Во времето на Исус, првиот век постојат само 4-те евангелија. Сите останати "евангелија" криптографски се датирани многу подоцна (3, 4 век).

Атанасие не го одбрал. Библијата веќе била затворен канон во неговото време.

А знаеш колку само ми се ирелевантни "светите" отци? Православните нека се тешат со нив, за останатите јасно е како настанала Библијата.
 
Ахам...

Епа прочитај за мечот и стрелите.. за оној што нема да ја прифати верата..и прашај се дали е тоа Бог за кој Исус зборува или она што некој напишал дека Исус зборува?

Ако Исус е единствениот Божји син,треба да пишува и колку пати трепнал, како што некој ви го претставува.
Ocigledno deka nemas citano Biblija...tuku samo zboruvas sto nekoj ti kazal!
 
Во времето на Исус, првиот век постојат само 4-те евангелија. Сите останати "евангелија" криптографски се датирани многу подоцна (3, 4 век).

Евангелијата датираат од 80 година па натаму до некоја 120 година. Значи од 50 години по смртта на исус па подоцна. Не постои ни еден сочуван дел од евангелие помлад од 200 години по Христа.
Зборот евангелие не постои пред 150 година од новата ера а називите му се од 4ти век. Пред евангелијата пишувал павле, кој нигде со ни еден збор не ја спомнал Марија, бзгрешното зачнување и предавството на Јуда. Работи кои накнадно се уфрлени во подоцнежни текстови - евангелија. Секако дека постојат и други евангелија датирани во 1-2 век од новата ера. Али со одлука на соборите тие не се влезени во комачен избор а нов завет.
 
Евангелијата датираат од 80 година па натаму до некоја 120 година.

Не би рекол. Постојат солидни аргументи дека евангелијата по Марко и Лука датираат пред разурнувањето на храмот во Ерусалим (70г.). А и Матеј е тука некаде. На пример Исус во овие евангелија пророкува за разурнувањето на храмот. Доколку евангелистите ги пишувале евангелијата после разурнувањето на храмот, тогаш зошто не го напишале и исполнувањето на Христовото пророштво за разурнувањето на храмот? Тоа би им одело во прилог зарем не? Но ајде, да не цинчариме за 10тина години.

Значи од 50 години по смртта на исус па подоцна.

Мислиш дека тоа е многу?
За Галските војни Јулие Цезар пишувал 1 век пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 10!) од ова дело е најден дури 900г. по Христос.
Тетралогијата Платон ја пишувал во периодот 427-347г. пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 7!) е најден исто така дури по 900г. по Христос.
Тацит ги пишувал Аналите почетокот на втори век, а најраниот препис датира дури 1100г. по Христос.
Херод ја пишува неговата Историја во 480-425г. пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 8!) е најден 900 години по Христос.
Итн.

Во споредба со нив, Новозаветните документи се пишувани во втората половина на првиот век, најраниот фрагмент од нив датират од 130г (фрагмент од ев. Јован), понатаму 200г. (папурусот „Честер Бити“ ги содржи 4те евангелија и делата на апостолите), и други папируси кои до крајот на 4тиот век даваат бројка од околу 24.600 рани ракописи од Новиот Завет или делови од него.

И не само тоа. Таканаречените „црковни отци“ (ранохристијански писатели) од 2ри до 4ти век напишале 36289 цитати од Новиот Завет притоа опфаќајќи ги сите стихови од Новиот Завет (кој има вкупно околу 33000) освен 11 од нив. Ова значи дека Новиот Завет може да се состави дури и само од цитатите на „црковните отци“ до 4ти век кои цитирале од него.
Само „отците“ од вториот век цитирале од секоја книга од Новиот Завет освен од 3тото послание на Јован (книга која има само едно поглавје и која едноставно немале причина да ја цитираат)

Не постои ни еден сочуван дел од евангелие помлад од 200 години по Христа.

Колекцијата папируси „John Ryland“ датираат од 130г. и содржат фрагменти од евангелието по Јован.

Зборот евангелие не постои пред 150 година од новата ера а називите му се од 4ти век.

Шо има везе како ги викале? Јустин (2 век) ги нарекува мемоари, Папиј (почеток на 2 век) логии, но и двајцата нарекуваат нешто што постои, нешто што може да биде речено.

Пред евангелијата пишувал павле, кој нигде со ни еден збор не ја спомнал Марија, бзгрешното зачнување и предавството на Јуда. Работи кои накнадно се уфрлени во подоцнежни текстови - евангелија.

А зошто сметаш дека би требало да ги спомне овие работи? Апостол Јован последен го пишува своето евангелие, па ни тој не го спомнал девственото зачнување на Марија. Ниту Марко.
Апостол Павле не бил православен па цело врме да пишува за Марија. Тој бил христијанин и неговиот фокус бил Христос!

Секако дека постојат и други евангелија датирани во 1-2 век од новата ера. Али со одлука на соборите тие не се влезени во комачен избор а нов завет.

На кој собор им било забрането на тие „евангелија“ да влезат во Новиот Завет? Пиши време и место каде што се одржал тој собор и по можност одлуката со која се забранило одреденото „евангелие“ да влезе во Новиот Завет.
 
Никејски собор.
 
Чорбаџија;3084290 Колекцијата папируси „John Ryland“ датираат од [B напиша:
130г.[/B] и содржат фрагменти од евангелието по Јован.

Oва ти е Колекцијата папируси „John Ryland“

P52_recto.jpg

Најстара комплетна сочувана библија (стар и нов завет) е од 4ти век.

Павле не напишал ни дека исус е Индијанец. Можеби бил. Не напишал ни дека јавал на диносаурси. Можеби јавал.....
Безгрешното зачнување е камен темелник на Исусповата појава како син божји. Почеток. Тоа да не се спомене ама баш ни со еден збор е неверојатно. Да пишуваш за син божји и да не спомнеш дека е роден безгрешно зачнат од свети дух.... невероватно.

авле абер немал за таа верзуија. Таа е додадена на Исусовите легенди покасно. После Павле.

Евангелијата не се пишувани од оние кои го виделе, следеле или слушнале Исуса. Најраното евангелие е пишувано 50 години по смртта на Исус. Во тие времиња, во тие услови на живот, кога се умирало на околу 30 сетата година, кога израел бил постојано во бунтови и востанија, кога се убивало и распнувало на сите страни ретко дека некој доживеал 80 или повеќе години. Да не зборуваме за авангелијата настанати 100 и повеќе години по смртта која сигурно не ги напишал некој очевидец а ниту некој кој разговарал со некој исусов ученик.

Евангелија има многу. И многуте не се влезени кога во 4 век се создаваше нов завет. 300+ години по смртта на Исус седнале смртници и се договарале дали некое евангелије треба или не да влезе. (плус гласале дали Исус е со боженствена природа или само пророк)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom