Дали Библијата е веродостојна книга?

  • Креатор на темата Креатор на темата debi7777
  • Време на започнување Време на започнување
После Миланскот Едикт чао вистинско библијо чао вистинско учење на Христос ...
 
ова со табелите се заебаваш или :tv:
и линковиве се празни :toe:
 
Еве ти деби еден историски проблем.

Лука [3:1-2]
А во петнаесеттата година од владеењето на царот Тибериј, кога Понтие Пилат беше управител на Јудеја, и Ирод четворовласник на Галилеја, а неговиот брат Филип четворовласник на Итуреја и Трахонитида, а Лисание - четворовласник на Авилинија при Ана и Кајафа, првосвештеници, Божјото слово дојде до Јована, синот Захариев, во пустината.

Тибериј владее од 14 до 37 година, а Пилат е управител од 26-36 година.
Значи настанот се случил помеѓу 26 и 36 година.
Ирод бил четворовласник помеѓу 4 и 39 година.
Филип бил четворовласник од 4 до 34 година.
Значи настанот се случил помеѓу 26 и 34 година.
Лисание умрел во 36 година п.н.е., односно во -36 година.
Ана бил првосвештеник помеѓу 6 и 15 година.
УПС!!!???


Така е!

Веќе 2 000 г. по ред, се јавуваат своеглави мудреци,кои наоѓаат грешки и контрадикции во Писмото, а тоа сеуште опстанува.

Не ли тоа малку чудно?
 
Мислам дека треба другите тестови да ги допишам, сега.
3. НАДВОРЕШЕН ТЕСТ
3.1. Археолошки тест
Библијата е вистинска ризница на географски, историски и етнолошки податоци. Честопати, единствена која им дала податоци на археолозите.
Многубројни се археолошките докази кои директно или индиректно ја потврдуваат веродостојноста на Библијата. Некои од тие археолошки податоци се:
а) Кодексот на Хамураби (доказ за писменост и законодавство во време на Мојсеј и порано);
б) Глинената библиотека од Ебла (во која, меѓу другото, се содржат и географски имиња од Библијата);
в) Шталите за коњи на Соломон;
г) Резиденцијата на Понтиј Пилат во Цезареја и др.

Некои археолошки значајни написи се објавени и во весникот „Нова Македонија”.
image001.gif

3.2. Историски тест (пророштва, кодови)

Библијата е уникат меѓу „светите книги”и по тоа што, додека во Куранот, Ведата, исказите на Буда и на Конфучие воопшто нема пророштва, речиси 30% од Библијата се пророштва. Нивните исполнувања се силен доказ за веродостојноста на она што е запишано во Библијата.

Еве само некои примери:

Ø 800-1000 години пред Христос, во Старозаветните библиски книги (Исаија, Михеј, Псалми и др.) се претскажани детали за Христос, вклучувајќи ги: местото на неговото раѓање, раѓањето од девица, распнувањето меѓу злочинци, предавството од негов ближен, жрепката за неговата облека, итн.).
Ø Распрснувањето на Евреите меѓу сите народи
(Книга на пророкот Јеремија, глава 24:9; Ев. Лука 21:24)
- се случи многу одамна и сè уште е присутно.
Ø Повторното враќање на Евреите во нивната земја
(Јеремија 30:3 и други цитати)
- се случи во 1948 г., кога Израел оформи држава, по 2 милениуми откако ја загуби државноста и земјата.
Ø Губењето на Ерусалим и повторното заземање (Ев. Лука 21:24)
- се исполни во 1973 г.
Ø Појавата на разни “Месии” (Матеј 24:5)
- Чарлс Мејсон, Џим Џонс, Сан Мун ...
Ø Зголемен број војни и бунтови (Матеј 24:6)г
- сè повеќе ги има!
Ø Зачестување на земјотресите (Матеј 24:7)
- Скопје, Кина, Турција, Ерменија... (Додека го пишувам ова, денес, на 23.05.2002 г., се јавува за посилни земјотреси на Крит, во Египет и во Јапонија кои се случија денес!)
Ø Криминалот во пораст, љубовта во опаѓање (Матеј 24:12)
- само отворете дневен печат!
Ø Вовед во фатални еколошки катастрофи (Откровение 8:8-12)
- натаму одиме!


 
Мики,
Воопшто не е чудно.

Опстојува бидејќи од средниот мрачен век навака, ни триста ренесанси не можат да го оттргнат превезот на очите на масата која бледнее и постепено умира покорно, при што единствена надеж им останува заблудата за некојси иден живот по смртта.
 
Скриени кодови?

Во последно време, некои математичари, новинари и научници тврдат дека во Библијата има и голем број кодирани информации кои можат да се дешифрираат. Во една книга на оваа тема, насловена како Библискиот код од М. Дроснин, авторот тврди дека ги дешифрирал: спуштањето на човекот на Месечината во 1969 г., судирот меѓу кометата Шумејкер-Леви со Јупитер во 1994 г., атентатот врз Јицак Рабин во 1995 г., итн., од библиските текстови напишани пред речиси 3000 години!
Без намера да шпекулирам, не би ме чудело ако во Библијата има многу повеќе информации отколку што тоа на прв поглед ни изгледа, бидејќи нејзин вистински автор е совршениот Бог!

 
Пхууууу, хахахахаха, совршениот бог, у јеее, а бе ајде!

Open your eyes, smell the roses, breath and THINK for yourselves, don't let others do it for you!
 
Мики,
Воопшто не е чудно.

Опстојува бидејќи од средниот мрачен век навака, ни триста ренесанси не можат да го оттргнат превезот на очите на масата која бледнее и постепено умира покорно, при што единствена надеж им останува заблудата за некојси иден живот по смртта.

Гарфилд, ајде барем наредниве 5 минути, остави ја можноста за иден, вечен живот во Царството Христово. А пред да влезеш „...во живот вечен...„, троа че требит да се подиспотиш, кога ќе треба да се појавиш пред Судијата, со својот тефтер во рацете, во кој треба да имаш ем вера ем добри дела.

Што би направил ти во една таква состојба-соочен со Оној Кого Го негираш? Ќе Му речеш: „..А бе види сеа, ја у ставри, никад не сум слушнал за тебе и ради тоа, Ти не постоиш...„. Може така?
 
Може.
Неам ја гаЉе.

Башка, дури и кога би била вистинита лудикрузната идеја за некој совршен бог и егзистенција, рај и пекол, ја бирам да не се конформирам со слепци.
Дајте ми го пеколот, поинтересно е, нон стоп дешавки, плус сите пријатели че ми се таму.

Сериозно, зарем сеуште не разбирате дека нема семоќно и семудро чоече!

Trust the Force to guide you, not the empty words and promises of others, of false prophets and liars!

Geddit?
 
КАКО СМЕ ЈА ДОБИЛЕ БИБЛИЈАТА?
(Канонизација на Светото Писмо)

“Целото Свето Писмо е од Бога вдахновено...”
(изјава на апостол Павле, запишана во новозаветната книга 2 Тимотеј 3:16).

“Пред сè треба да знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е нечија самоволна објава... туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог”
(изјава на апостол Петар, запишана во новозаветната книга 2Петар 1:20-21).

На кој начин Бог ја пренел Својата порака до писателите на Светите книги и, конечно, до сите луѓе? Меѓу луѓето постојат повеќе теории за тоа, меѓу кои се: Интуитивната теорија, Мистичната теорија, Теоријата на делумна инспирација, Механичката теорија, Теоријата на глобален концепт, и др.
Но најголемиот број христијани веруваат дека Светото Писмо е вербално, пленарно и органски боговдахновено. Тоа значи: секој збор (вербално), целината на содржината и концептот (пленарно) и личните способности за изразување на секој писател (органски) биле под Божјо раководство, за да се запишат Божјите вистини.

Процесот на преносот на Божјите објави до човекот може да се прикаже вака:
user34128_pic20179_1256220445-1.jpg



Значењата се следниве:

1. Бог открива, човекот слуша и гледа: ОТКРОВЕНИЕ
2. Бог контролира, човекот пишува: БОГОВДАХНОВЕНИЕ
3. Бог обезбедува, човекот препознава: КАНОНИЗАЦИЈА
4. Бог надгледнува, човекот препишува: ТРАНСМИСИЈА
5. Бог го испорачува Своето Слово до сите народи: ПРЕВОДИ
6. Бог просветлува, човекот разбира: ИЛУМИНАЦИЈА
7. Бог открива, човекот толкува: ИНТЕРПРЕТАЦИЈА
8. Бог помага, човекот применува: АПЛИКАЦИЈА

Значи:
1) Како ги дознаваме Божјите објави? Преку Откровение! Бог им ги открил на избраните писатели.
2) Како се запишани Божјите објави? Преку Вдахновение од Бога, до избраните писатели! (Вербално, пленарно и органско вдахновение).
3) По каков процес во Библијата доспеале само вистинските книги? Преку Канонизација, контролирана од Господ!
4) Како е обезбедено точно препишување на оригиналите? Преку Трансмисија, според строги правила!
5) Како да ја проучуваме Библијата, ако не ги знаеме оригиналните јазици на кои е напишана? Преку Преводи кои ги разбираме!
6) Како можеме да ги разбереме објавите во Библијата? Преку Илуминација! (Светиот Дух го прави тоа за искрените трагачи).
7) Како се толкува Библијата? Преку процесот Библиска интерпретација.
8) Како да живееме според Божјата волја? Преку Апликација на запишаното во Библијата.
 
Debi7777..од ова подобро објаснување здравје...не знам за другите ама за мене беше доста поучно
 
Библијата е ненадминливо најверодостојната книга што ја има човекот!

0139228160.01.LZZZZZZZ.jpg


Еве една поверодостојна од библијата.


Има многу такви исти или слични од секое поле на науката.
Значи докажано и аргументирано, фиксно, универзално, закони кои не се менуваат.
 
И Бог ги избрал САМО четирите ЕВАНГЕЛИЈА? Бог ги отфрлил другите преку неговата свевишна мисла вдахната во попојте во Никеја?

Зошто ондаК дозволил такви да се појават in the first place?

Слепило, глувило.....пролиФ!
 
Скриени кодови?

Во последно време, некои математичари, новинари и научници тврдат дека во Библијата има и голем број кодирани информации кои можат да се дешифрираат. Во една книга на оваа тема, насловена како Библискиот код од М. Дроснин, авторот тврди дека ги дешифрирал: спуштањето на човекот на Месечината во 1969 г., судирот меѓу кометата Шумејкер-Леви со Јупитер во 1994 г., атентатот врз Јицак Рабин во 1995 г., итн., од библиските текстови напишани пред речиси 3000 години!
Без намера да шпекулирам, не би ме чудело ако во Библијата има многу повеќе информации отколку што тоа на прв поглед ни изгледа, бидејќи нејзин вистински автор е совршениот Бог!


А што е библијата гатанка?:vozbud::vozbud:
 
Back
На врв Bottom