по подолго време повторно го посетувам мојот/овој онлајн дневник (драга кајгана).
- Кој се не зборел за тоа како те доживува, некои викаат дека не си постоела... ма немој!
Дојдов да шкрабнам нешто, во ова тевтерче со пожолтени страници кое одвреме-навреме го отварам и си правам самоидентификација.
Овој пат да го одбележам ова лето, знам дека не е завршено, но некако овој момент ми се гледа најприкладен за ова.
Еве ја и спајалицата;
- Ги закачувам сите добри моменти, особено морам да ги означам луѓето кои ги запознав...
Да, знам дека изгледам како детенце кое го пишува есејот „Како си поминавте на летниот распуст?“
Иако изгледа така, пораката е сосема поразлична, а тоа не е поради фактот дека нема да го наведам делот со книгите кои ги прочитав и други фејк реченици кои сите ученичиња ги наведуваат натпреварувајќи се кој повеќе ќе ја импресионира (читај: излаже) учителката.
Тука сум јас со причина, а еве ја истата.
Запознав една интересна личност
Се прашувам дали од летна авантура може да прерасне во нешто многу поголемо...
ќе видиме времето се ќе покаже (не мислам на времето кое чини 15 денари, да се разбереме)
Доколку се прашувам јас, и тоа како би ги погодил сите одговори на брзите прсти кај Трендо стискајќи ги најголемите ДА соборувајќи рекорди. - Херкулес ебаго. - да, ги имам шифрите се уште.
Се уште одвоено, се сеќаваш?
не знам - никако слеано.:smir:
морам да се потцетам на советите од viktorgg
„Ќе биде многу тешко и покрај сите обврски кои ќе ги имаш да се посветиш на онаа личност која навистина ќе ти се допадне. Пријателите се менливи, ќе те излажат и изневерат, и нека тоа не те изненади, секогаш трагај понатаму додека не ги најдеш оние малкумина кои навистина ќе ги засакаш. Но, особено внимавај на жените. Начинот на кој маж може да западне во неволја заради жена е бизарен често. Внимавај сине мој, пријателе мој... не дозволувај жена да застане помеѓу тебе и твојата цел. Нема да те предупредам за кашата која жена ќе ти ја свари од кое ќе те боли срцето, тоа е лекција која јас не можам да ти ја дадам, но мораш да знаеш да повлечеш линија. Како да знаеш каде е таа линија? Кога ќе помислиш дали да го освоиш светот или да останеш вечно во убавиот нов град заради неа, кога ќе треба да одбереш помеѓу болниот пријател и нејзината среќа, кога ќе треба да се одречеш од својот татко за да ја задоволиш неа, тука е линијата. Љубовта е прекрасно нешто, кое ниедна битка нема да ти ја донесе, но знаејќи те тебе, верувам дека ќе стигнеш до врвот, со меч во десната и љубов во левата рака.“ - нека трепка и нека остане запомнето!
:nesum:
зошто фуснотите на небото не преведуваат ништо?
темна ноќ на светла топка.
заборавив...
- имам шанса да играм на турнир во Србија.
Каде со ногава?
Ако успеам да направам некој фејк медицински преглед, идам сигурно, не му ја мислам многу, многу.
Се уште чувствувам последици, но можам да издржам.
Лани 3-то... за годинава ќе видиме, ако воопшто отидам.
педала.