Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
и по не знам кој пат: некои луѓе не се менуваат, па ти прави што сакаш... :nenene: :lut:
Затоа веќе нема да се замарам со ништо и ќе биде крај на се. Бтв во петок сум на роденден, а како не ми се иде...
Треба да се видам со колешкиве ама никако да се договориме кога. :nerv:
ајде сега поздрав идам да гледам некое филмче ако не заспијам пред да почне. :smir:
 
Драга,
фин провод со фини момци :pipi:
Добар е филингот да не се замараш за ништо и да си уживаш,само имаше еден ни се тупна 40 годишен и ..кокоси ми ги направи мајке ми :uvo: пијана работа тоа ти е! ае ако му помогнавме да се врати у млади години мило ми е :toe:
ај :salut:
 
Кајги,

Се чувствувам убаво... Зошто? Појма немам!
Уште да си имав понежна половина крај мене, да го споделев со неа ова убаво, неописливо, невообичаено чувство, и чувство на инспирација.
Ајде, ќе биде и тоа, млад ерген сум. xD

Поз4е.

П.С. Трите муви кои ми го узурпираа денешниот сон, но и превод, се ликвидирани со невидена ефикасност. Оh, yeah, I feel good! ;)
 
Драга...
Збунета сум..

И ми е на рипит веч втори дан -.-
Којзнае колку ќе ми трае рипитот сеа...
 
Драга кајгано неможам да те најдам пола саат КАДЕ СИ!!!! :D
и сега кога те најдов, заборавив што требаше да ти пишам!!! ахахахаахХАХАХА! ААааа :|
 
Драга Шенка,
Леле само колку одамна помина времето кога некој можеше да ме натера да се посомневам во своите квалитети. И фино е... Толку е фино што се трудиш да ми привлечеш внимание. Толку е убаво што сега додека го читаш ова и повеќекратно ги премотуваш овие зборови во сите сфери од мозокот, мислиш дека ти се посветувам. Ако. Трауматизирај си.

Петооооооооок - Shapeshifters Градиште. Одиме со Џиш заедно. Сабота - собиранка. Утре - макотрпен ден со посакувани обврски и едно фино кафе. Фала му на Бог што ми ги дава сите овие мигови на среќа и мир.
 
Аха,Никола Груевски е новиот Хју Хефнер.
Друго?
Не знам...
Знам дека не ми е роденден!
А ние се гордееме што сме Македонци :pos:
Блажени се порно актерките,тие ќе го...ај не...
Трипичетвртина и Артур Дент!

ЛЕТАМЕ НА КРАЈОТ НА ВСЕЛЕНАТА!!!111

Kiss freedom goodbye.
 
Не се бричам под мишки редовно, не читам книги, пуштам правосмукалка низ дома, гледам цртани, знам да направам гравче-тавче, манијачам девојки во автобус, подмижувам кога гледам нешто далеку, ме мрзи да се бричам преку ден, живеам во Ѓорче, пушам по 1 пакља дневно, мрсни ми се стаклата на наочарите,не сум кул и зборам многу. И што ми фали? Многу работи али не ми е гајле.
 
Драга

Мислам кучето да го пуштам на шетање па да одспавам малце...

--- надополнето ---

Секакви работи сум видел али класната да игра фарма на фејс во 6 и 57 ...не
 
ДраКа..
Вчера веќер дојдов од Кавадарци, и не шуткаја натаму-наваму и на крај уште ништо не направивме. Но денеска очекуем да се среди работата, и конечно утре да се иде!
Сеа мислам дали да одам за Скопје, на Тетекс и после на баскет репрезентација, ама некако не ми е работава како што треба..
Ајт идем сеа да доручкуем, и да се расположим малце :)
А, и да ти кажем дека ми недостига многу мојата срцка, едвај чекам утре да ја видам.:wub:
Мва! :back:
 
Драга Кајги,

Вчера ми беше еден од најзабавните денови во мојот живот. Си поминав прекрасно! Цел ден се смеевме додека работевме. Сфатив дека јас дури и премногу го сакам ова што го почнав, а најгласно се бунев. Ја испочитувавме фирмата и си јадевме во ресторанот, кој ни зготви прекрасен ручек. Винце не смеевме, ама мавнавме по една чашка. Домашно беше виното, АААААААААХ, совршенство. Сакам секогаш да бидеме во оној состав, супер ни беше. Драга, повторно се смеам гласно, НАПРЕДОК!!!!!!!!!!
Вчера не фати дождот, сите трчаа ко муви без глави, а јас си седнав на кафенце у Бисер, мераци ми беше. Келнерката ми пушти smooth jazz на дождот. Совршен ден!

Кајги, убав е животот!
 
Драга,
џабе бев до стоматологија-болна не сакаат да ми прават заби -.- а и жената на погреб си отиде!
ај зз :salut:
 
Нема да те прашам зошто на оваа горештина јас кревам температура и ми се затнува носот.
Нема да те прашам зошто немам јадено како што треба 4 дена по ред.
Нема да те прашам ниту зошто пијам по 3 кафиња на ден и тоа не онака мерачки, туку на екс.
А најмалку сакам да те прашам зошто и покрај ова се чувствувам посебно убаво.

Идам да направам листа на работи кои не сакам да ги прашувам затоа што одговорот за нив го знам премногу добро.

Читај ми го потписот и разбери ме. Пробувам и сам и одлично ми иде сега за сега.
 
Eј ама знаеш што?
Ке те тужам зошто си ја убив раката и не можам да ја мрдам...Нема така лесно да поминеш.
Ако мислиш дека ке те поштедам гадно си се зезнала.
Ке те тужам и за лошиот сон...
За се што се случуваше последниве часови.
Детско звучам нели.I know и јас те сакам.

Ајт мрш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom