Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Драга како си ми ти...
Јас фино лепо вечерва дома си ја седам,пијам капучино,јадам смоки и те читам тебе,не ми се искачаше нешто у град пошо тапа е,се едно исто гледам во Скопјево,сакам да бегам некаде на непознато место кај што не знам ништо и да шетам цел ден (на пример во Милано :) )...

Ај Кајгано доста ти беше за денеска моето исповедање,читамо се следечи пут :pipi:

Добра нок...:back:

А-Ц-А-Б
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ja и Нина Симон ќе се опростуваме од свесноста.
Емоции ко во експрес лонец...само чекам да запишти пареата и притисокот.
Ехото на чудото лебди над главата, а големото огледало како да има зум.
Фасцинантно е. Собирам воодушевување во коцкички од солзи.
Љубов, љубов, љубов...нека пулсира.
Пуштам.
Нека се осмислува самото. Ионака немам контрола. Само его во делузија.
Врисок. Жива утроба. Ги имам. Ми ги дава.
И се и ништо.

 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драга,
јас во суштина не сакам да сум зависна од некој и некој да ми треба. А сега тоа ми се случува. Станувам "зависна" и ми треба. Од една страна тоа страшно ми смета. Од друга ме прави среќна што гледам дека и јас сум потребна.
Него, да не те тупам, си бев на ун тесито пор фавор во лептокарија и убаво си поминав. Другарка ми секогаш ми ја смирува душичката и секогаш муабетите ни завршуваат филозофско-психолошки и луѓе не гледаат збунето, особено кога разгледуваш тексас сукњи и разговараш за значењето на луѓето со кои се разминуваш, али битно ние си се разбираме.
И така сега ми кажаа нешто убаво (аааааа, нешто конкрееетнооооо, или како и да беше песнана од Ребека) и доста ти беше тебе, се посветувам на авторот на убавото.
Лав ју,
бај
Н.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Џ.

Знаеш од коа се неам смеено вака ко денес?
Не знаеш.
Марио ме просветли за некои стфари без да знае.
:je:
А озбилно, мислев дека имам некој пробљем.
И така, убаф периодов машала, ги сакам луѓено од шо бешоф на кафе прееска.
(и пост после мене „Леле колку лејм вечер„)
Куљ се.
Се на се-убав Божиќ.
Like!

А он, да беше статус на фејсбук-ќе го лајкнев.:П:

:salut:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кајгано!

Камен!се вратив низ прозор:)))
Ми треба сега топла прегратка,беше ама замина:))))

Да не ти спамирам,ама лошо ми е,па ако има медицинско лице да ми помогне:))))))))
Среќна Нова,јас мојата ја дочекав!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Dear Shenka,

How can I be sure you are not thinking of the same thing I do?:pipi: Especially when you insist us to go out... What a sweetie... Okay, I`m with you in one hour. And I`m pretty excited. :back:


About yesterday... It was such a quiet evening. Nice to be with all of those people in one place. Kamikazi (cheers Dzone! Next time another tour? :)) . Afterward the party begun. Oh I love you so! I almost died laughing.

Love, Mimi

*no macedonian font on this god damn pc.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Драга...

денес беше планирано дома да се прави зимска генералка. Испадна пролетна :pos:

Ај таман ми се погоди времето :), a 90% од луѓево денес ќе се испозалетаат во град. Дали ќе можат да се разминат, гунгула е во градов. Само жал ми е за Дедо Мразовците, греота бе ќе се сварат на времево :icon_lol:

Среќна сум што поминаа 2 испити, уште да видам резултати и да бидам уште посреќна, се надевам.

Ај ај отидов да гланцам :pipa:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
кајган0
ај колку убав ден :vozbud: а јас сум седнал дома :pos2: па сега станав што сакаш. денов е убав стварно, ја сега станав а веќе успееја да ме изнервираат :nerv::nerv::nerv::nerv: туку ај ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ. смири се смири се смири се........се смирив. ај заминав да те приразгледам и ќе одам да јадам па излегувам оти домашнава атмосфера не се трпи :toe:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Аман! Спијам како мечка у зимски сон ебаго. Два дена по ред до 13ч.спијам, и сеа сум као у кома, али тоа е коа имаш испит. А и башка неколку пати ме стегна лева страна на граден кош...ебате денот :nerv:. Да дочекам да магистрирам и да иам внуци барем. :tv:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Драга

Добро утро:) Како си ми ти во ова саботно утро:)
Јас еве сеуште се расонувам, овие два дена се наспав за цела недлеа штѕо си легнував во 3 или 4 а станував во 7:)А плус утре е недела па и утре ќе има спиење до кај 14 часот:):vozbud:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
к.

И в езеро и угоре сегде бе сегде,добро искуство си имал чоекот само штета шо војникот му бил другар :(
Највечи фраер бил, све живо и диво.
Психопат!

Дедо Мразовцине пак. Добро бе дали се свесни колкави мањаци се?
Стоки невидени,па после зошто им плачат малине деца? Па шо да не плачат ко некој нафиксани се.

Не сакам да се соочам веќе и од то преку знајш шо.
Си пропуштив многу работи и џабе шо ми е криво.
Да супер е ко ќе знајш дека ова време не се враќат,а немојш нишо да попрајш за да биди се ок.
Нека биди,секој со својата гордост.

ч.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Драга Шенка,
Ќе си свирнам едносантимски куршум право во хипофизата. Глупача сум што им верувам на луѓето, а тие не мислат со она што им е од бога дадено за мислење, а се вика глава И СЕ НАОЃА НА ВРАТОТ, а не меѓу долните екстремитети.

Иначе, фала многу за подарокот и кафето, баш си природен, спонтан и добар :) Убаво си помуабетивме, три саати ми летнаа. 10 години? Да, многу е. Имам да учам од тебе.

И да, конечно ми го направија компјутерот...Имам македонска поддршка :)
:back:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ме гризна мачката од читална.
Пијам какао и јадам колач со јаболка, зошто ми прекипа читање за Изми и драма.
Преку пенис и вагина и преку се.
Ме нервира уринарнава ламбада.
Не сум пишала ниту еден есеј, ме мрзи,неам инспирација и не сакам да кукам, ама ми се кука, па еве.
Тапа, жива.
Зошто? Зошто прееска ми кажаа една глупост, се направив дека не ми пречи, но кога ќе размислам...
Како ќе знам да разликувам во животот искреност што ме боли, и искреност што е таква само за да не биде лага?

Имам буква Л на раката од гребаниците.
Може ќе измутирам во некоја мачкетина до 12 вечер.
Ако, барем нема да полагам колоквиуми и да си ја траскам главата зошто киселите краставички во тегла се исти по големина.:tapp:

Друго, иам нов ТВ, поголем, у соба театрално го беа сместиле татка и стрико, небаре е 1957, па сите се заредија да видат како ќе работи.
Си го сменив и мониторот.
Ама главата не можам да ја сменам.
Срцето уште помалку.
Медс, ко да згазнала гомно или е згазено гомно.
Бирај.
Ама се смеам, пак.
Зошто?
Ќе пукам петарди, после шпиунски.:bip::devil2:
 
T

TaMчЕ

Гостин
Кајганоо хеwow ..како сме? :P
Јас сум малце бољи од прееска ...дојдов до заклучок дека цела Македонија е ЛУДА ...т.е. не е Македонија туку народот :pos:
Иначе не го видов сонцето денес :( али има понеделник затоа и цел распуст пред нас :vozbud::wub:
го сакам бе К..секој ден се повеќе и повеќе :pipi:

ајт ојдов да си муабетам со него ...пошо конечно сис ми излезе :je:
:salut:
 

uzas

organajzer
Член од
26 декември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
1
I need help.....

ima li nekoj,me mrdna internetov,baram info za zkonite na Rm,nesto za ziveenje vo zfrada, koj sto kako..??
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom