Здраво живо.
Се задлабочив последниов период во филозофиите и феноменалниот превод на една книга од Далај Лама. Типот е Бог, будимзот е божествен, токму затоа што во неговата филозофија се отфрла принципот на Господ. Плус, кога ќе го замислиш со рачињата споени, и насмевката, и работите кои толку длабоко замислено ги кажува, а сепак оние нешта околу физиката не ги разбира доволно, но се труди, ти иде да го гушнеш и да му кажеш колку го сакаш само затоа што постои на иста планета со тебе.
Но, откако ќе сфатам како тоа животот може да биде прекрасен и искочам на нашите скопски улици ми се превртува некако во цревата, ми се претвора во рингишпил поред цигански пазар. Македонската економија е баш економична. Нема народецот многу, па молчи што нема да си купи нов пар чорапи ама вришти на сите страни дека нема. Сите се за тоа криви, па дури и јас со мојот велосипед. Да, мини купер, iLike... не се чуди ако следната прилика соберам да те поминам.
Кога сме кај поминување, во животот ми влета едно суштество... па како да го опишам?! Можеби најдобро би било слика да ви оставам, и да да ви пишам телефонче, и мсн адреса и да се збогувам од душевниот мир.
Ви велам луѓе, ако имате девојка или дечко, сеедно, гледајте да се дудуци за интернет. Нема девојка која нема да ја соборам на земја со мсн муабети, а такви како мене ги има колку сакате. А луѓето се подложни на влијанија, мислат дека све што лета се јаде, мислат дека една реченица вреди злато, и дека тоа што го пишувам со прсти го мислам и во живо. Јок бато, додека не видиш дали кожата ви се лепи или лизга, ништо не си добил како реална емоција. Ама ај одолеј му на мсн часкањето и симињањето ѕвезди де...
На едно место во светот, некој деновиве беше среќен во несреќен ден. Замислете си, навидум скоцкан човек, совршено вирее, но одвнатре тлее. Има ли некој одговор, што да се прави кога работите веќе не нудат излез, кога доаѓаме до точка каде опции нема а онаа која ја имаме во моментот не прави никаква смисла. Ко на “Ла Линеа“ да му се вметне Џери на цртата, супер кул е, ама што ќе му е кога тие две работи се невозможни. Ете, и ќељавиот непалец го читам, и го прашувам телепатски но и тој нема детален одговор, вели “Мм, момче младо, едноставно остави животниот пат да те одведе до вистината, слушај го твоето срце кое е непогрешливо и кругот ќе те одведе до целта“. Пфффф, вакви филозофии и јас знам, ама ако некој не дојде нешто конструктивно да направи по прашањево, ќе одам со рударине штрајк со глад да прогласам. Ќе си седнам пред собрание у Жена Парк (пошто пред влада нема каде, треба на улица да седам) и ќе си логорувам ко раотницине две години шо беа. Центарско дете преку ноќ, оп. Откајзнаеш, може премиерот нешто мудро ќе смисли.
Сериозно, што да правиме кога state of mind ситуацијата се претвора во реалност која мора да ја живееме а излез од тоа нема?! Пријателе, мислам... секој ден, мора да има нешто, заеби го Далај Лама, ја ќе смислам нешто, Дедо Мраз сум или крастаица.
Пред две недели, се надградив. Чудно, ама овој збор многу потсетува на нагрдив. Можеби навистина е така, но смислата на мојата надградба би требало да претставува опис на она кое што сум јас, а е напишано јасно. Деловите кои не се јасни, исто така постојат. The add on says: Виктор е колкција на многу сфаќања и идеи, но онаа која особено го опишува е неговата неодлучност и променливост во ставовите. Тој наликува на два ангели, црн и бел кои постојано се борат за превласт на неговите две рамена. Емотивно е нестабилен, но сепак таа постојана промена од крајот на едниот до крајот на другиот тас создава слика на класична вага која балансира, со што е доказ дека е дел од светот кој функционира на идентичен принцип. Кога сме кај светот, неговиот поглед на светот и една од речениците кои се мото во неговиот живот, и даваат единствена трошка надеж дека некогаш сметките ќе идат израмнети а сите оние кои наутро ја облекуваат својата прекрасна насмевка еден ден ќе се вратат дома и ќе добијат идентична таква за возврат. Светот почива на едноставно правило дека се` она кое било натопено од дождот и се тресе од студ, ќе го дочека сонцето да го исуши и згрее. Секако, тоа не е единственото правило кое постои, но е важно колку и последниот бод на Вардар против Ренова, а сите знаеме колку е тој важен.
На крајот, Виктор сака мачки. Низ нив се гледа себе си како нешто кон кое тежнее целиот свој живот а не успева да биде. Им се всохитува. Да не дрвам со третово лице. Мачка е индивидуалец, сам против глутница кучиња и успева да се одбрани. Проклето грациозна кога мрзливо менува место на спиење... и спиење... и спиење... Никогаш не се врзува за човек, но се врзува за дом, а јас од друга страна, го гледам својот дом, само онаму каде можам да најдам мир. Бидејќи во моментов немам никаде мир, најверојатно ќе се преселам под камени мост, и онака ми ги знае сите маки, и ќе земам едно малечко маченце да спие со мене и со ноктите да го прави она мачешко движење додека преде, да ја зграпчува мојата облека и да ја пушта. А кога ќе се разбуди, и му се јаде, да ми го излиже лицето и да ми ја гриза косата, па демонстративно да седне и да одмори токму на моето лице правејќи се дека ништо не разбира. Ѓубре малечко, све разбира тоа...
Кире ми рече вчера дека нема девојка на која не сум и се стаил. Погрешно е тоа размислување драг пријателе. Точно е дека на секоја девојка и давам шанса да покаже дали вреди човек да се заинтерсира, но далеку од тоа дека секоја девојка ќе добие еднакво внимание. Сепак, не ми се допаѓа она балканското, битно е да има дупка и да запишеш плус. Јок сине, битно е сложувалката да биде идеална, ама како ќе знам ако никогаш не го пробам тоа делче таму?! Сакам да запознавам луѓе, многу луѓе, од секого има што да се научи, но тоа не значи дека секоја девојка сакам да ја искористам и фрлам. Всушност оние кои заслужуваат таков однос најчесто и не добиваат втора порака, се познава од прва дали сака некоја да глумета девојка од спот на слаткар или е културна фина девојка која ќе те поебе после три четири месеца гледање. Затоа ја сеа планирам на Аут Бој да му пишам, бар ако ми се деси нешто можам да речам “Еј шо педер искочи“.
За крај, да ви кажам нешто. Пред некое време, налетав на меилови од 2004 година. Кате, толку зборуваната, се појави веќе следниот ден откако и ги читав писмата. Се стаписав. Но, од некогашната Кате останала само слатката насмевка, а таа... уморна, кротка, повлечена, со брчки и трема. Колку лесно се рушат сонови после години и години. Смешно во целата ситуација е што... емоциите не гинат, и покрај сфаќањето дека сме мислеле на личност која престанала да постои, тие си егзистираат некако од навика. Дури и кога се разделивме, констатирав дека линијата што туку беше повлечена, но се свртев за последно збогум. Срце. Кој би рекол дека сите добиваат брчки а? Дури по само една година тоооолку многу работи се менуваат, а камо ли пет. Времето лечи се`, точно е. Можеби има сурови методи, но мене тоа многу не ме засега, јас и онака се движам наназад со ликот, или девојките играат на иста карта, излажи го дека изгледа младо, ќе те сака повеќе. Не бе срциња, само насмевка е доволна... а да, и по некое налудничаво дело. :back: