На Milan News има една вест дека Руските тимови се одкажале од Каладзе додека за него покажале интерес од Волфзбург , па се вели дека е можно тоа да се искористи како трансфер на Џеко , Каладзе и уште неколку милончиња .
Линк од веста :
http://www.milannews.it/?action=read&idnotizia=20037
Но мислам дека многу е чудно германска екипа да покаже интерес за играч од калибар како Каладзе , ако неговите се откажале тогаш не верувам дека некој друг би покажал интерес за него , ако некој го земе тоа ќе бидат само екипи од неговата земја , и тоа поради тоа што е нивни играч а не дека е некоја класа играч , можеби во свое време бил , но му изминал рокот , и тој како и останатите половина тим кои не заслужуваат да го носат дресот на Милан , дури и со нивното присуство во списокот на Милан даваат лоша слика за некогашниот Милан кој жареше и палеше на Европска и Светска фудбалска сцена .
Но не се виновни играчите , тие не можат да ги запрат годините кои им го одземаат она што некогаш биле неприкосновени на теренот , се додека некој дебело ги плаќа тие ќе си останат на платниот список и не ги интересира многу дали ќе освоеле нешто или не , туку виновниците се знае кои се , оние кои сеуште ги држат на платен список и сеуште ги мачат старците да се натпреваруваат и наттрчуваат со 18-20 годишни деца на кои можат и татковци да им бидат , наместо да им се заблагодарат за се досега стореното за Милан и да им кажат или да си бараат друг „ пензионерски дом “ или да си заминат во фудбалска пензија , и да се насочат кон подмладување на тимот .
Јасно е дека не се подмладува тим преку ноќ , тоа е долг процес , но грешката е што тој процес требаше да почне многу поодамна а не кога скоро цел тим веќе не ги држат нозете и кога ќе почнат и со бастуни да излегуваат на терен .
Но мислам дека со оваа трансфер политика и со играњето и чувањето на овие стари играчи се води сосема друга политика , дека овие стари играчи имаат свој удел во тимот на Милан , и дека Берлускони и Галијани водат заеднички бизниси со старите играчи и мислам дека и тие вложуваат во Милан и имаат мали проценти на акции , па поради тоа имаат и долгорочни договори со раководството да бидат на платниот список и одвреме на време да се покажуваат на терен колку да го оправдаат присуството и земањето плата , што автоматски тоа значи дека самите себеси си се плаќаат , инаку знаејќи ги Берлу и Галијани колку се лакоми на пари не верувам дека до сега ќе ги плаќаа кога немаат никакви резултати и не си ги оправдуваат високите плати .
Пред една година имаше една вест од Италија дека Сидорф инвестирал во некој тим од Сериа Б , е сега многу е нелогично да се инвестираат пари во некој запоставен тим а да не се инвестираат во тимот во кој се игра , Милан .
http://www.milannews.it/?action=read&idnotizia=20037