Следните две кола Интер има две тешки гостувања кај Катанија и Палермо , додека Милан игра дома со Киево и Наполи , и во овие две кола Милан е во голема предност пред Интер кој се надевам дека ќе киксне барем на една , а ништо чудно и на двете средби знаејќи ги нивните противници колку можат да бидат незгодни .
А и нашите не се баш лесни , баш таквите тимови знаеле често пати да ни одземаат бодови , но овојпат Милан се бори за титула и нема така лесно да им подарат бодови , така да очекувам позитивности и во резултатите и на табелата .
Но првин на ред се Манчестер , да ја поминеме таа пречка па после се враќаме со Сериа А .
Имаме право да се надеваме на најдоброто затоа што знаеме дека го имаме тимот со кој ништо не е сигурно се до последните секунди .
Forza Milan , Forza Campione !!!