Абе не можам да му се изначудам на голот на Пирло
До таа 60та минута играше ептен лошо, баш напишав ќе пукне глава на некој навивач на трибина од што лошо шутираше. Али голов е прекрасен. Немам зборови.
Пато изигра одлично, тој уште од првото полувреме играше солидно.
Дида направи таква грешка што иако потоа одбрани неколку добри удари посебно од Бензема, сепак тие се забораваат по оној прв гол. Глупак на годината, како можеше од рака да му падне топката не ми е јасно.
Срамота за Роналдињо и неговиот удар кон Раул. Не доликува на фудбалер од негов калибар тоа да го направи, ама вајда му го има собирано уште од времето во Барса кога беше па сега искористи во мешаницата
И уште голема штета за поништениот гол. ЧИСТ ГОЛ. Баш ми е криво, али уште покриво ќе ми беше за останеше нерешено. Вака ај се живее. Иако судијата не досуди и чист пенал за Реал, ама повеќе боли поништен регуларен гол.
Милан во последниве натпревари игра добро во второ полувреме. Што има прави Леонардо на полувреме не знам, ама алал да му е :trepka:
И за крај фала Милан што ми го кренавте расположението и ми го вративте оптимизмот којшто го изгубив пред некој месец. Оваа победа верувам вака влијае и кај другите фанови, зашто навистина ни требаше ова. Пуста надеж никогаш не умира