Дали смее христијанка да се омажи за муслиман?

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
Смее. Но муслиманот треба да ги прифати обичаите кои ги има христијанката и обратно. Под ова подразбирам дека тој треба да биде космополит, а не затуцан, да ја тера да се забулува со шамија и да следи се она што проповеда муслиманството. Нејзината религија е нејзина и никој нема право да ја тера да ја менува.
 
Se ubavo na zborovi taka.... ama praktikata pokazuva deka ne funkcionirat taka nestata...
 
А зошто не би смеела и зошто не обратно муслиманка за христијанин? зар малку има такви бракови! А што е со другите религии Јас сум православна мажена сум за католик и што мислиш дека детето ми е протестант? Секој си ја тера свјата религија и ја почитува туѓата .
 
Бидејќи не функционира, затоа и го кжувам тоа со НО.

Има секако исклучоци. Сепак различно е католик и муслиман. Католикот сепак е христијанин нели?
 
Па и православниот и католикот се христијани, што е тука чудно?

Смее. Но муслиманот треба да ги прифати обичаите кои ги има христијанката и обратно.

Да, баш така, а не да биди некој повеќе заљубен во религијата отколку во жената и обратно.:wink:
 
Па и православниот и католикот се христијани, што е тука чудно?
За некој за жал не се исто сум слушала секакви коментари за мене несватливи. Ете драго ми е што за тебе нема ништо чудно.

Бидејќи не функционира, затоа и го кжувам тоа со НО.

Има секако исклучоци. Сепак различно е католик и муслиман. Католикот сепак е христијанин нели?

Да Џони токму така
 
За некој за жал не се исто сум слушала секакви коментари за мене несватливи. Ете драго ми е што за тебе нема ништо чудно.

Мислам дека религијата не треба да има толку влијание врз животот, затоа што мислам дека сепак некои религии ги поделуваат луѓето.
Инаку јас не сум многу многу религиозен.:wink:
 
Ако луѓето дозволат религијата може да ги спои или одвои. Многу е важна средината од која се потекнува и како те прифаќа, во спротивно мислам дека се потребни многу жртви и на двете страни .
 
Затоа велам, религиите се криви за поделба меѓу луѓето...
И да средината е најважна. Пример за тоа е врската меѓу Палестинец и Израелка кои беа осудени и од двете страни...има многу такви.
 
Целиот општествен систем е базиран на религијата. Божјите заповеди во сите религии се основата на функционира секое општество, правниот, социјалниот, кривичнот систем... Сосема друго е догмата и непризнавање и убивањето под зборот на месијата. Тоа се случило или сеуште се случува во светот. Почитувањето на религијата во многу голема мерка зависи и од тој (проповедникот) што ти ја пренесува.Затоа отворениот ум е најважен само тогаш можеш да се спротиставиш на тоа што не е добро и те завлекува во водите на омразата и неприфаќањето на се што е од спротивната страна.
Се што е умерено е добро.
 
Сите религии во суштина се сведуваат на морал. разликите се само во егзотеријата то ест надворешното, догмите, ритуалите, небитните нешта...ако е некој прав човек во морална смисла може и да е атеист. Бракот се базира на разбирање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom