LA LAKERS 2010 NBA CHAMPIONS!
Денот:
17 Јуни 2010
Мотивацијата:
Oсвета за финалето 2008
Уште не почнала утакмицата a воведот на коментаторот у срце ме гаѓа:
“Вистинските љубители на кошарката дишат за вакви моменти, се будат во 3 часот по полноќ.” Јас ова го слушам додека со си ги тријам очите по 1 саат спиење.
Фиш со тројче за мерак го отвара резултатот.
Го утепаа
Гасол под кош – судиите мува не ги лази.
Пирс си доби лични грешки, ама јас мислам дека ако нешто заслужи да добие човекот тоа е оскар. Труд беше внесен во таа глума, треба да се награди со една златна статуетка (ама уште еднаш - не кошаркарски пехар, туку оскар). (алудирам на невината фаца и кревањето раменици после секој фаул, особено после закачката со Артест во game7, како и во сите претходни игри)
Очајно прво полувреме, недостојно да се нарече финале. Како хајлајт може да се издвои (недосудениот) фаулот на
Кевин Гарнет врз син му на Џек Николсон.
Џек Николсон е (неофицијален) член на тимот, па од таму му следува право да бара фаул. Ова правило важи до трето колено во фамилијата Николсонови. :wink:
(Се моли режисерот да има милост и да не покажува успорени снимки од КГ како испушта неартикулисани звуци и прави неартиулисани фаци. Како да заспијам јас после без да ме прогонува таа слика пред очи?)
Рој Ален (како што нашиот стручен коментатор го прекрсти во налив на возбуда) немаше на кого да се жали што не му иде – мама остана во Бостон.
Рондо – респект, само напред (во друг тим. хинт: лилаково-жолт
)!
Кутриот
Фиш никој не примети кога сам себе го убивал, немаше време за вратена снимка од несаканата шпага и излегувањето од терен заради истата, ама битно е дека се врати додека да трепнеш.
(Парабола шутот на Фиш се појавува на радар за авиони.)
Гарнет реши да им се џитка на цел прв ред од публиката околу паркетот. Да нема после лутиш, па муабети од типиот “не е фер за таква изгор скапа карта Гарнет да не ми седне/легне врз глава и на мене.”
Коментаторот ја сумира очајната игра на сите 10те кошаркари на паркетот:
“Двата тренери упорно ги бараат најрасположените пет играчи но никако да ги најдат.”
Едно детско пискаво гласче од публика УПОРНО во текот на целата утакмица го промашува ритамот на скандирање DEFENCE и си тера по свој.
Вујачич ги погодuva слободните фрлања кога највеќе бeшe потребно. Пружам рака и си го повлекувам зборот, од сега ќе пробам повеќе да му верувам повеќе.И да ми го позајми некад постерот од Коби што (гарант) си го чува дома на ѕид. (Дај озбилно, наше си, словенче, играш во најдобрата лига во најдобриот тим покрај најдобриот играч – Коби Брајант и сите те цениме ради тоа, ама молимте седни некој ден соземи се, нека ти слегне убаво ова сознание и БИ КУЛ, доста го гушкаш Коби после секој можен поен
)
Се ближи крајот, разликата е мала,
Валас погодува тројка, на ова
Рон-Рон одговара со иста таква, па веднаш на спротивната страна
Реј Ален погодува уште една за Бостон.
Ќе го цитирам трет и последен пат пре-возбудениот коментатор
“Хичкок и Тарантино заедно не можеа да склопат ваков трилер.” Се согласувам. Морав да се напијам водичка со шеќер кога се стивна.
Валас со 6 лични грешки и широко ококорени очи во знак на чудење после секоја од нив конечно напоље. Шуќур, како не бидна порано..
Рондо тројка кога е најгусто; им се враќа пулсот на застанатите срца на тимот и фановите на Бостон (уште еднаш Рондо, лилаково-жолта комбинација повеќе би те отварала, со гаранција).
ХАЈЛАЈТ НА ИНТЕРВЈУАТА ПОСЛЕ НАТПРЕВАРОТ: “Well, first of all I wanna thank everybody in my hood. I definitely want to thank my doctors … my psychiatrist, she really helped me relax a lot ...I knocked down that three just like you told me...and my single’s coming out, I got a single called Champion, I did a song called Champion last June! And the single is coming out!” -
Рон Артест
Е сега е луд со тапија. : ))))) Откачен човек до даска. <3
[20 поени, 5 украдени топки. Фала Рон-Рон (and word to your psychiatrist)]
Како да претвориш возрасни џинови во бебиња, во еден чекор? Дај им златен пехар.
Фиш прв се скрши. По него
Гасол не можеше да ги задржи солзите. Па
Рон-Рон и другите. Па тука некаде следував
јас.
И самиот Коби на крајот изјави дека ништо немаше да направат без шпанецот. Во мои очи
Пау Гасол ќе остане MVP за game7 во финалето 2010!
Како и да е, имајќи ја предвид целосната слика - MVP титула и 5ти прстен
Коби Брајант, честито! Од наредна година ќе мора да почне да ги реди на другата рака, па здравје за 5 години и по прстите на нозете.