NBA сезона 2009/2010

Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Прво поздрав до сите нба следачи. Пошо бев на екскурзија не ги пратев гејм 6 од двете финалиња само знам кои се конечните финалисти, ако може некој накратко да каже како што во главна целина се одвивало на теренот... Благодарам предвреме : )
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.428
Поени од реакции
6.073
На кој терен ? Затоа оди на nba.com ,први јуни сме ваљда ке можеш без проблем да ги гледаш видеата.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.903
Поени од реакции
23.297
Прво поздрав до сите нба следачи. Пошо бев на екскурзија не ги пратев гејм 6 од двете финалиња само знам кои се конечните финалисти, ако може некој накратко да каже како што во главна целина се одвивало на теренот... Благодарам предвреме : )

Бостон си заврши работа уште у прво полувреме кога клупата на Бостон практично предводена од Нејт Робинсон кој постигна 14 поени за едно полувреме го уби Орландо и направи недостижна разлика. Второ полувреме рутинска игра без шанси никакви Орландо да се приближи.. Покрај Нејт одлични и Рондо и Пирс стандард, Орландо цел потфрли

Лејкер скоро слично на Бостон одлично прво полувреме и речиси цел меч со двоцифрена предност, но на крајот стегна Феникс, и Лејкерс ќе прокоцкаа 14 поени предност за малце. Коби стандардно добар, но овој пат и Артест беше одличен. Гасол слабо како и цела серија со Феникс. Неш и Амаре одлични но недоволно, ги немаше нигде Хил и Ричардсон
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Прво поздрав до сите нба следачи. Пошо бев на екскурзија не ги пратев гејм 6 од двете финалиња само знам кои се конечните финалисти, ако може некој накратко да каже како што во главна целина се одвивало на теренот... Благодарам предвреме : )
Најдобро ќе ти биде на НБА.ЦОМ да ги изгледаш видеата и резлутатите по четвртини се ќе ти стане јасно... Утакмицата во Феникс беше нешто поинтересна пошто имаше некоја неизвесност.Бостон цела утакмица водеше против Орландо и крајните - 12 за Орландо испаднаа како премија.Мало шоу направи Нејт Робинсон.Како што реков треба да игра почесто.Но тоа ти е кога се има Рондо во прва постава.Баш Рондо падна тешко но за среќа не е ништо сериозно.Затоа и доби Нејт шанса.Хауард изигра нешто но другите доста потфрлија.Како и во тоа што си гледал така и некња, Рашард Луис не постоеше, Картер донекаде...

Лејкерс направи убедливо водство над Феникс но по еден непромисен старт на Вујачиќ врз сонародникот Драгиќ се дешава кош + намерна (две слободни) и во топката од страна Драгиќ дава кош.Од еден напад 6 коша,И се доближија на достижна едноцифрена разлика.Потоа си нивните препознатливи тројки се вратија и на минус 2 но Коби кој до тогаш беше тивок во 4 тата четвртина погоди 2-3 невероватни шута и го врати ЛАЛ на солидна предност.После тоа фаули брзи но беа залудни.Се на се ново финале ЛАЛ вс Селтикс... Почнува во Четврток и сите натпревари во серијата се играат во 3 часот по наше, македонско време

--- надополнето ---

atanase напиша:
Почнува во Четврток и сите натпревари во серијата се играат во 3 часот по наше, македонско време
Сепак и покрај тоа што сигурен сум дека пишуваше сите во 3 сега мала измена.2 и 5 тиот натпревар ќе бидат во 2 00
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Интересно ќе биде финалето бидејќи и двете екипи играат атрактивна кошарка и со многу поени. Се надевам дека ЛАЛ ќе им се реваншираат на Бостон за од пред 2 години :)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ќе ја дава ли на 04.06.2010 МТВ утакмицата?
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Ви благодарам за објаснувањето ! Инаку ги изгледав видеата лудница биле ! Нејт се распали : )
 

Jockata

Рапериште
Член од
13 август 2009
Мислења
158
Поени од реакции
7
Ви благодарам за објаснувањето ! Инаку ги изгледав видеата лудница биле ! Нејт се распали : )

Се распали а ја виде ли бананата Хауард шо му ја шлакна со две раце кога му свирнаа фаул не ми се верува ....
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Ај имам малку време...

Ок, ова е тоа што сите го очекувавме. Добро не сите, многу сакаа Леброн - Коби, но тоа ти е тоа.

Бостон - Лејкерс! Најтрофејните тимови во NBA, комбинирано имаат 32 титули. Лејкерс имаат 31 финале одиграно а Бостон 21. Од 60 сезони овие два тима биле на крајот од планината 52 пати. Премоќно, предобро.

Еве каде ќе се крши утакмицата...

1. Дали Лејкерс може да го задржат Рондо? Дали ќе биде Коби веднаш на Рондо, или од кога Реџон ќе го растури Фишер, Фил ќе се мора да го замени со Коби? Едно е сигурно - Рондо ќе биди отворен да шутира.

2. Кој ќе ја добие битката на центрите? Перк или Бајнам? Бајнам е повреден, Перкинс уште една техничка ќе лета. Бајнам е премногу добар во напад, а Перкинс исто добар во одбрана.

3. Рон Рон - Пирс? Дали Рон може да го Артестира Пирс? Пирс низ цела своја кариера прави "pump-fake" но верувајте дека Рон на тоа нема да наседни. Плус Пирс не е толку брз, па Рон да се мачи да го брка низ блокови за него. Исто треба да се види дали Рон ќе има сигурен константен шут низ цела серија, затоа што и тој како Рондо ќе биде многу пати отворен. Ова ќе му треба многу на Лејкерс, но не повеќе од затворањето на Пол.

4. Гасол - Кеј-Џи. Шпанецот или Големиот Тикет? Едно е сигурно, Гарнет не е стариот Гарнет. Затоа Гасол мора секогаш да е поагресивен од Кевин, т.е нон стоп да го напаѓа. Мора Гасол да е акцијата, а Гарнет реакцијата. Или Џанго пуца први, по нашки.

5. Дали може да биде Коби запрен? Од еден човек не. Но Бостон имаат врвен дефанзивен тим, играат феноменално како тим. На Коби ќе му биде најтешко, затоа што Док Риверс ќе фрли се што има на Коби, од Реј па до Тони Ален. Исто и Пирс. Ако и тоа не успее, не знам...мобилни, столици???

6. Клупата против Клупата? Дали Рашид ќе биде стабилен низ цела серија? Каков ќе биде Одом? Дали ќе чека некој да го навреди па да почне да игра? Тони Ален, Маркус Даниел, Дејвис против Фармар, Саша и Шенон?

Лејкерс имаат домашен терен, кошмари од последниот пораз во 2008 , и истата вечер каменуван автобус враќајки се накај Калифорнија. Мој пик се Лејкерси со 4-2! Ова не го знам сигурно, но едно знам 100 % ... одвај чекам да започне серијата!!!
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Првите 2 меча на Стејплс мислам дека веќе и ги имаат добиено езерџиите. Меѓутоа потоа изедначување на Гарден и до крај најнеизвесна кошарка. Навивам за Бостон и искресно се надевам ќе успеат да освојат уште еден прстен и да се замени бројката 2008 со 2010 на следната слика:

nba_g_celticsbanner_580.jpg
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Ајде нека почне веќе еднаш, едвај чекам да гледам атомска кошарка!
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
1. Дали Лејкерс може да го задржат Рондо? Дали ќе биде Коби веднаш на Рондо, или од кога Реџон ќе го растури Фишер, Фил ќе се мора да го замени со Коби? Едно е сигурно - Рондо ќе биди отворен да шутира.
Рондо може да шутира колку што сака... неговиот шут не е проблем. Проблемот е неговата пенетрација во рекетот, а тука Лејкерс би требало да имаат проблеми. Фишер можеби е посилен од Рондо, но Рондо е даааалеекууу побрз... Секое негово продирање во рекетот ќе биде опасност од положување или асистенција до Ален/Пирс на крилата.
Предност-Бостон

2. Кој ќе ја добие битката на центрите? Перк или Бајнам? Бајнам е повреден, Перкинс уште една техничка ќе лета. Бајнам е премногу добар во напад, а Перкинс исто добар во одбрана.
Добар двобој... ќе падне и малку крв меѓу нив.
Предност-ЛА (минимална)

3. Рон Рон - Пирс? Дали Рон може да го Артестира Пирс? Пирс низ цела своја кариера прави "pump-fake" но верувајте дека Рон на тоа нема да наседни. Плус Пирс не е толку брз, па Рон да се мачи да го брка низ блокови за него. Исто треба да се види дали Рон ќе има сигурен константен шут низ цела серија, затоа што и тој како Рондо ќе биде многу пати отворен. Ова ќе му треба многу на Лејкерс, но не повеќе од затворањето на Пол.
Пирс вака-така ќе си дојде на своите 20 поени по натпревар... но секако дека ако има човек кој ќе го излуди Пирс тоа е Артест. На спротивната страна се слагам дека Артест ќе добие многу отворени шутови поради удвојување на Коби... колкав процент од нив ќе погоди... може да претставува и клучна статистика на крај на серијата. (се сеќаваме на ланскиот ефект на Ариза)
Предност-Бостон


4. Гасол - Кеј-Џи. Шпанецот или Големиот Тикет? Едно е сигурно, Гарнет не е стариот Гарнет. Затоа Гасол мора секогаш да е поагресивен од Кевин, т.е нон стоп да го напаѓа. Мора Гасол да е акцијата, а Гарнет реакцијата. Или Џанго пуца први, по нашки.
Според мене Гарнет ќе биде клучен за Бостон, и мислам дека ќе биде на потребното ниво во финалето. Има голема предност над Гасол, бидејќи Шпанецот и нема некоја “добра“ одбрана. Плус Гарнет ќе го ваѓа Гасол далеку од под кошот и тоа ќе остави отворен “канал“ за Ален/Рондо/Пирс со нивните продори. Секако на спротивната страна и Гарнет ќе има големи проблеми, но сметам дека физичката сила е на негова страна и тоа ќе биде мала предност за Бостон.
Предност-Бостон

5. Дали може да биде Коби запрен? Од еден човек не. Но Бостон имаат врвен дефанзивен тим, играат феноменално како тим. На Коби ќе му биде најтешко, затоа што Док Риверс ќе фрли се што има на Коби, од Реј па до Тони Ален. Исто и Пирс. Ако и тоа не успее, не знам...мобилни, столици???
Коби најверојатно неможе да биде запрен, но може да биде ограничен... За очекување е без проблем да си дојде до неговите 30+ поени но сепак за победа се потребни уште некој 60-65 поени. Ален е многу солиден дефанзивец, и ги има сите потребни елементи за да му смета на Коби (брзина, искуство, дрскост, статус). Бостон најверојатно ќе ги лимитира неговите асистенции (кои ги имаше на претек со Феникс) и ќе го удвојува со Рондо или Пирс истовремено трудејќи се Артест да биде опцијата за шут а не Фишер (Артест 27% за 3 поени Фишер 38%). Ќе биде возбудливо да се види како тоа Бостон планира да го изведе. Нормално... во краен случај следуваат мобилни... столици :)
Предност-ЛА

6. Клупата против Клупата? Дали Рашид ќе биде стабилен низ цела серија? Каков ќе биде Одом? Дали ќе чека некој да го навреди па да почне да игра? Тони Ален, Маркус Даниел, Дејвис против Фармар, Саша и Шенон?
Дејвис ќе биде клучен кај Бостон... Фармар кај Лејкерс (ќе го чува најрасположениот Келт- Рондо)... Во секој случај клупата нема да биде клучна како во некој други финалиња или серии... но клупата со нив ќе донесе многу искри и провокации :)
Предност- Бостон (минимална)

И мојата прогноза е 4-2 за Лејкерс... иако од срце ќе навивам за 7-ми натпревар!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom