NBA сезона 2009/2010

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.880
Поени од реакции
6.939
Па овие МТВ килави до тука бидува! На интернет страната НЕМА ПРОГРАМА! Во програмата од весник (Нова Македонија) нема ништо инфо или барем во спортот од весникот да напишат една реченица: тогаш и тогаш ќе се игра утакмицата со пренос таму и таму. Абе ништо ко во камено време да сме. :tapp:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Според мене очекувани победи на Јута и Сан Антонио на домашен терен. Очекував и Мајами да победи, но сепак Бостон беа подобри.
 
Член од
3 август 2009
Мислења
178
Поени од реакции
2
Уште една одлична победа за нас.Водиме 2-1 имаме уште 2 утакмици на домашен терен со ред сега и можиме да ја завршиме серијата со денвер.Уште еднаш D-wil покажа дека најдобриот плејмејкер во цела лига.Точно е дека сега играме две утакмици со ред на домашен терен?
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Уште една одлична победа за нас.Водиме 2-1 имаме уште 2 утакмици на домашен терен со ред сега и можиме да ја завршиме серијата со денвер.Уште еднаш D-wil покажа дека најдобриот плејмејкер во цела лига.Точно е дека сега играме две утакмици со ред на домашен терен?
Јута игра уште еден натпревар на домашен терен па после се игра кај секој наизменично!
Значи системот е 2-2-1-1-1(значи доколку има потреба за натпревари плус)
Во финале се игра систем 2-3-2(повторно ако има потреба)
 
vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Сан Антонио газат :)
Ману 12 поени во последна четвртина!!!
Многу бев уморен се успав на Мајами - Бостон,гледав само прва четвртина,сега кога гледам што утакмица било криво ми е...
 
vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
лелеле фората било да дадеш тројка како Коби бе :nesvest:

Мајами - Бостон ќе даваат у недела .
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
лелеле фората било да дадеш тројка како Коби бе :nesvest:

Мајами - Бостон ќе даваат у недела .
уплаќам чист 1 мора една да земат мајами.А чикаго-кливленд вчера интересна утакмица со многу неизвесност
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Овие од МТВ почнаа да ми одат на нерви. Упорно одбиваат да ја пренесуваат Сан Антонио - Далас (реално најинтересен двобој).

Спарси повторно играат шампионски. Бев скептичен пред почетокот на дуелите со Далас, но по синоќешната победа се повеќе верувам дека може да се стори нешто повеќе сезонава. Ману игра феноменално. Со скршен нос се врати и покажа кој владее со Тексас:). Сепак иако водиме со 2-1 сеуште ништо не е готово. Има уште многу да се игра.

Мајами - Бостон ја гледав само последната четвртина (тогаш се прибрав дома:)). Мајами пропушти добра можност да ја направи серијата поинтересна и сега со сигурност може да се заклучи дека Бостон ќе оди понатаму. Најпрво Хаслем а потоа и Вејд промашија шут за предност а можеби и за победа. Затоа на спротивната страна Пирс ги казни. Каков шут преку рака, ја замолкна цела сала. Ме интересира какви се информациите околу повредата на Вејд?
 
се повредил прв пат слушам за ова а што напраја нели ќе го напушти Хит летово?И да каков мтв бе златен Супер спорт канал
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
се повредил прв пат слушам за ова а што напраја нели ќе го напушти Хит летово?И да каков мтв бе златен Супер спорт канал
Во последниот напад на Мајами, Вејд шутираше за 3 поени, Реј Ален се обиде да го изблокира и бидејќи беше преблизу, Вејд при доскокот стапна на неговата нога и остана да лежи на паркетот. Последниот напад на Бостон Мајами мислам дека го играше без Вејд во одбраната. Сепак по сајтовите никаде не прочитав за повредата па затоа и прашав.

Летово Вејд е слободен агент и има многу шпекулации околу тоа каде ќе продолжи и дали ќе остане во Мајами но сепак сеуште е рано да се зборува за тоа.

И јас би гледал НБА на Супер спорт канал, но со оглед на тоа што ја немам ќе се задоволам со МТВ:)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.918
Поени од реакции
16.188
Овие од МТВ почнаа да ми одат на нерви. Упорно одбиваат да ја пренесуваат Сан Антонио - Далас (реално најинтересен двобој).
Toj e пакетот друже, можда и тие не сакаат да ги пренесуваат овие средби што ги пренесуваат, но тоа е ЕСПН, така беше и на Алфа, така беше и на ОБН кога пренесуваат, петок-недела и нема многу бирање на утакмиците
 
Kajgana Shop

На врв Bottom