Време беше да покажеме колку сме "педери" и ние. Број, дата, скупња, афинитети, играчки, перики, редици редици реквизити. Случувањата и спектак'лот, е само една инстанца на реахбилитација од еднослојниот и уважувачки кафез, каде пилињата и зајаците носат ист идент, а каде и кога неко(е)(ј) (пиле) ќе посака да ги спружи крилата, тие да му се к'ртисаат.
Дел од спектак'лот, ќе бидат и малодушните нивни сограѓани, каде ќе изразат, сочуство на нивните родители, за нивниот изобличен поларен и хормонален дојам, и како анатемисани фројдо-психолошки первертити, ќе го ѓурмосаат и нашево "христијанско-православно-патријархално-конзервативно" општество со новата светска религија, ја облечат со новата колекција, и романтичарски дострел... Се вратат према историско-националниот им башта Александар Великиот.
Бреј интересен бил овој Guy Debourg (Ги Диборг). А спектаклот, ушче поинтересен.